Контакт

Култура

Фестивалот на грчки филм го приближи светогледот на современите грчки филмски автори до македонската публика

Објавено пред

Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис.

dobivaj vesti na viber

Амбасадорката Филипиду се заблагодари на соработката на Фестивалот Киненова и на Кинотеката на Северна Македонија и посочи дека филмот на Ева Натена со кој се затвора годинешното издание говори за една измачена постара жена која што убива женски новороденчиња за да ги спаси од нивната темна судбина.

-Филмот е инспириран од култниот роман на познатиот грчки писател Александрос Пападијамантис. Тој е еден од најистакнатите грчки писатели, чии дела имаа големо влијание на модерните грчки автори, а неговиот роман се разгледува низ призмата на родовите студии, рече Филипиду.

„Жена-убиец“ е втора адаптација на истоимениот роман по онаа на Костас Ферис од 1974 година и жестоко ја отвора темата на доминација на машкиот над женскиот пол, на жената како жртва на цврсто вкоренетите традиции, обичаи кои долго време биле зацрврстени дури и во позитивното грчко законодавство. Се работи за филм кој е заснован на настани кои реално се случиле.

На присутните со видео –порака им се обрати и режисерката Ева Натена, која се заблагодари на организаторите на Фестивалот и вети дека во октомври ќе допатува во Скопје.

-Многу сум среќна што филмот се прикажува на Фестивалот на грчки филм во Северна Македонија, би сакала да можам да присуствувам, но тоа е тешко во моментов. За мене и моите соработници е мошне важно што можев да ја опишам траумата на мојата мајка и посакувам сите да го доживеете филмот во вистинско светло, рече Натена, објаснувајќи дека филмот го работела врз основа на истражувања кои траеле десет години.

Ова издание на фестивалот се одржува од7-9 април во Скопје и од 8-10 април во Битола и ја понуди есенција на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно шест филмови – три долгометражни и три кратки филмови. Програма е направена според концептот да се приближи светогледот на современите грчки филмски автори, кои прават вивисекција на современото грчко општество. Доминираат темите за машко-женските односи, доминацијата на мажите, оттуѓеноста на современиот човек во грчкото општество, занимавањето со смртта во разни димензии, како казна, како решение, како поттик, како мотивација.

Присутните ги поздрави и Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

-Вечерва ќе гледате уште два филма од грчки автори. Станува збор за краткометражниот филм на Арис Капланидис, „Поглед од балконот“ и „Жена убиец“/ Фониса од Ева Натена кој е инспириран од истоименото дело на Александрос Пападијамантис. Филмот на Натена имаше премиера пред три месеци во Грција, доби бројни награди и стана голем хит, рече Коцидас посакувајќи им на присутните уште една убава вечер со грчката кинематографија.

„Поглед од балконот“ е анимиран филм кој говори за Лина – средовечна госпоѓа која се чини дека никогаш не се поместува од балконот на својот стан, вмешувајќи се во се што се случува во нејзиното видно поле. Некои соседи се изненадени од нејзиното однесување, но повеќето ги нервира нејзиниот постојан поглед кон нив, се додека еден ден Лина ќе ја снема од балконот и тоа мало соседство ќе се промени засекогаш.

Дејствието на филмот „Жена убиец“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900-та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество. Но, Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, револуција набргу ќе излезе на површина. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење… со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.

Култура

(Фото) Сиљановска-Давкова ги прими уметниците кои утревечер ќе го отворат „Охридско лето“

Објавено пред

Денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими уметниците коишто со својот настап утревечер ќе го отворат 65. издание на фестивалот „Охридско лето“: американската пијанистка Клер Хуангчи и диригентот Едвин Аутвотер, како и танчерите Клаудија Ракел Да Силва Мартинс и Рафаел Португуеса, предводени од директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, во придружба на селекторите Симона Ѓорчева и Ненад Витанов.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на фестивалот ја информираа претседателката за програмата на 65. Охридско лето, предочувајќи ја нејзината разновидност и квалитет.

„Охридско лето веќе шест и пол децении ги обединува музиката, театарот и уметноста“, рече претседателката и додаде дека „секој изведувач испишува уникатна приказна во историјата на фестивалот“.

Гостите од Соединетите Американски Држави и од Португалија, освен благодарност за поканата да учествуваат на овој реномиран настан, искажаа и воодушевување од убавините на Охрид.

Прикажи повеќе...

Култура

На 16 јули почнува 16. издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум-фест – музика и традиција 2025“

Објавено пред

Од

Идната недела од 16 -19 јули во Битола ќе се одржи 19 – то издание на Балканскот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2025 .

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме дека Локум фест е автентичен културен фестивал кој во континуитет се случува од 2007-та година кога го имаше своето прво поставување во срцето на старата битолска чаршија со настап на „Баклава“ „Калдрама“, „Стринг форсес“ „Монистра“… Од тога до денес настапиле над 110 групи , и тоа најрелевантните од Македонија како: Монистра, Баклава, Љубојна, Чалгија саудн систем, Сваровски бенд, Јаков дренковски, Тони Китановски и Черкези, Влатко Стефановски трио , Стевче Стојковски, Даутовски дуо, Вања Лазарова, Зарина прва севда и др., и огромен број на етно и етно фјужн бендови од Данска, Норвешка, Финска, Индија, САД, Бразил, Унгарија, Полска и сите балкански земји итн.

Уште од самиот почеток фестивалот има јасна програмска одредница која континуирано ја следи до денес, а се базира на презентација на традиционални , пред се градски фоклорни изведби и ансамбли, но и стилизиран фоклор до etno-fusion & word music, како и презентирање на раритети од семејните архиви на битолчани како дел од заедничкото култуно наследство и промовирање на културно историски локации и објекти како сценски простор, што годинава е и слоган на фестивалот. „Наследството како сцена“.

Инспирацијата за Локум фест доаѓа од живото културно наследство на некогашна конзулска Битола, која била важен воено-економски центар и цивилизациска крстосница, дом на бројни етноси и амалгам на култури, каде се вкрстувале византиската, ориенталната , сефардската и европската култура. Сето тоа резултираше со неверојатно богатство на музички влијанија, обичаи, архитектура и др. Локум фест е фестивал кој повикува на средба, помеѓу културите и еден дух. Истовремено е атрактивен за туристи од земјата и странство и веќе со години промовира културен туризам као дел од локалната и национална туристичка понуда. Локум фест е член на Most music, Without borders, EFFA, и други регионални и европски фестивалски асоцијации.

За прв пат паралелно со Битола, Локум фест се случува и во Скопје. Во соработка со Public room на 18.07.2025 Г. таму ќе настапат грчката група Reggetiko project и русите VEDAN KOLOD, под мотото „Однадвор кон центарот“. Ова е редок пример на културна дисперзија од крајниот југозапад на државата кон центарот и ги најавува амбициите за следната година кога се одбележува 20 години Локум фест, а фестивалот ќе се дисперзира на неколку автентични локации во Македонија и регионот.

„Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори без наплата на средства и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2025“, велат организаторите.

Прикажи повеќе...

Култура

Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“

Објавено пред

Од

Македонскиот режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“). Од тимот на Манчевски велат дека реализацијата на овој проект била незаконски забранета речиси три години.

dobivaj vesti na viber

Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на привилегии на богатите. Иако се случува во современа Македонија, филмот содржи и универзален коментар, размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

„Збогум, Копакабано“ е социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје.

Мотото на филмот е: „Брат, сестра и шахта“.

„Иако доби поддршка на конкурсот на Агенцијата за филм во 2022 година како проект од национален интерес, „Збогум, Копакабано“ речиси 3 години беше одмазднички блокиран од филмската мафија затоа што Манчевски пријави корупција во Агенцијата, а неговите наводи беа потврдени од државните и невладини антикорупциски институции. Ова беше почеток на долготрајниот прогон кон Манчевски, кој како високопрофилен укажувач на дело се бори против корупцијата. Тој за оваа борба доби поддршка и од Венецијанскиот филмски фестивал, од двете здруженија на филмски работници на Италија, од Коалицијата за поддршка на укажувачи на Југоисточна Европа, од Филм индастри воч и од Транспаренси интернешнл. На крајот, две правосилни судски пресуди ги потврдија наводите на Манчевски дека се местени конкурси во Агенцијата за филм и дека „Збогум, Копакабано“ е блокиран незаконски. Потоа и Агенцијата потпиша договор за снимање на филмот“, велат од тимот на Манчевски.

„Ова е филм за сестринска љубов и саможртва, за богати и сиромашни, за добри и лоши, за слепи и окати. Филм за тоа како живееме, како се смееме и како умираме“, вели Манчевски. Тој додава: „Со оваа екипа и со овие глумци се чувствувам како со вистински рамноправни партнери во создавање парче уметност, нешто што ќе остане и што ќе се памети“.

Освен Агенцијата за филм, филмот го помогнаа и националните филмски фондови и приватни инвеститори од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија.

Филмот ќе се снима со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје.

Главните улоги ги играат: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева, Стефан Николовски, како и Калина Наумовска, Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Сара Панковска, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција. Директор на фотографија е искусниот Стефано Фаливене од Италија. Кастинг директорка на филмот е Милка Анчевска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката на Бистра Кечиџиева. Продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...

Македонија10 часа

(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните...

Македонија10 часа

(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме...

Македонија10 часа

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално...

Македонија12 часа

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија14 часа

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија15 часа

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија15 часа

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион15 часа

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...

Македонија16 часа

Припадник на Армијата загина во трагичен настан во Батинци: Mинистерството за одбрана го потврди случајот

Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А. М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, е...

Регион17 часа

Фон дер Лајен: ЕУ знае дека е одговорна за неуспехот да се спречи геноцидот во Сребреница

Европската унија никогаш нема да заборави што се случи во Сребреница пред 30 години, ја признава својата одговорност за неуспехот...

Економија18 часа

Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави...

Топ19 часа

Детали за драмата на пазарот во Битола: го избол со нож по расправија за тезга

Полицијата објави детали за настанот на пазар во Битола во кој едно лице со кујнски нож избоде продавач на тезга...

Македонија20 часа

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Дојран, Тетово – тестиран системот за масовно известување

До утрово, во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, четири се ставени...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите...

Македонија21 час

Бугарското МНР реагира откога беше повикан нивниот амбасадор: „Се демонстрира непочит кон нашата земја“

Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на, како што ги оцени, „навредливите, неприфатливи и непријателски“ изјави од страна на...

Македонија24 часа

Делови од Скопје утрово ќе останат без струја

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес, без електрична енергија ќе останат: · од 07:00 до 12:00 часот, дел од...

Свет24 часа

Трамп: Мислам дека ќе дадам важна изјава за Русија в понеделник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник, но не изнесе никакви...

Македонија1 ден

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС порака која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија СМС порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна...

Македонија2 дена

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите...