Контакт

Култура

Филмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

Објавено пред

На 21 и 22 април ќе се одржи филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Берово“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“ во помалите градови од Македонија.

Во текот на двата дена во Бизнис-центарот во Берово учениците ќе ги гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“, ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за фотографија и Моника Мотеска на ликовната работилница.

„Преку филмската програма, дебатите и креативните активности тимот на фестивалот ‘Џифони Македонија’ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат“, соопшти организаторот.

Во склоп на филмската програма ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Џифони експириенс“ од Италија и филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, со цел приближување на брендот „Џифони“ кон младите во Берово.

Фестивалската програма „Џифони Македонија патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Берово и италијанската амбасада во Скопје.

Култура

„Сестрите Прозорови“ ја отвора драмската програма на Охридско лето

Објавено пред

Претставата „Сестрите Прозорови“, продукција на Народниот Театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот од Велес ќе биде изведена на фестивалот „Охридско лето“ на 05.8.2020 во предворјето на црквата Света Софија, со почеток од 21 часот, со што  ќе биде отворена драмската програма на овогодинешното издание на фестивалот. Оваа продукција, чија премиера беше на почетокот на 2020 е коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, според мотиви на чеховите „Три сестри“, авторски и документаристички материјали. Костимографијата на претставата е на Раде Василев, а во неа учествуваат актерите: Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилости, додека плакатот е на Филип Коруновски.

„Дневник: Сестрите Прозорови“ е еден од текстовите во книгата „8/4“ на Сашо Димоски. Книгата „8/4“ ќе биде претставена токму со оваа фестивалска изведба. Издавачот „Култура“ за оваа книга на Димоски вели: „Книгата ’8/4‘ на Сашо Димоски привидно ја подигнува ковид-завесата на затворените театри. Во оваа книга се раскажуваат приказни од театарски и балетски сцени, се повикуваат духови од некои театри, се препишуваат дневнички страници. Во ’8/4‘ д-р Сашо Димоски маркира (на два јазика – македонски и англиски, како и низ мноштво фотографии) значајни точки во рецентната македонска театарска стварност и го презентира личниот, авторски инструментариум, го слика сопствениот ’homo ludens‘ од другата страна на завесата“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски со фестивалски премиери во Романија и Кина

Објавено пред

Филмовите на Манчевски продолжуваат на фестивали во Европа и Азија.

Вечерва „Врба“ на Манчевски ќе ја има романската премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока. Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори.

Кинеската премиера на филмот ќе се случи во август на фестивалот во Пекинг. „Врба“ ќе биде прикажан во престижната официјална програма за награди.

„Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година. Оттогаш филмот беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Сараево, Софија, и други.

„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

Инаку, во престижната програма „Под ѕвездите“ на интернационалниот филмски фестивал во Нанси, Франција, во август ќе се прикаже и претпоследниот филм на Манчевски, „Бикини Мун“. „Биину Мун“ е американско, канадско-германска копродукција во која главната улога ја игра Кондола Рашад, а Манчевски го сними во 2017.

Прикажи повеќе...

Култура

Проект на МНТ доби 395.000 евра од Европската Унија

Објавено пред

Проектот „Патиштата на хероите“ на Македонскиот народен театар кој се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени е поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан со вкупна сума од 395.183 евра. Oва е првпат театар од Република Северна Македонија да добие средства од програмата „Креативна Европа“ од Европската Унија.

Станува збор за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари следната година. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште 6 организации од кои една од Македонија (Издавачка куќа „Гаврош“) и 5 од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување на театарски и сценски форми.

Финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ. Инспирирано од текстот на Ибзен, претставата ќе се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот независно кој е во право. Премиерата на претставата ќе се случи во Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и регионот.

Во рамките на проектот се предвидени и други бројни програми (професионални работилници под водство на Томи Јанежиќ, изложба под водство на Џан Мариа Черво, креативни истражувања под водство на Ана Константиновиќ, издавачка дејност за деца под водство на Ника Гавровска, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа“ поради затворањето на училиштата во...

Свет1 час

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирус ја завршил својата мисија во Кина...

Европа2 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија2 часа

Напладне конститутивна седница на новиот парламентарен состав

Денеска напладне треба да се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав по предвремените избори, кои се одржаа на 15...

Македонија13 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион14 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија15 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ17 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија17 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија18 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет19 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија20 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет21 час

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија21 час

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет23 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет23 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет24 часа

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет24 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет1 ден

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет1 ден

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Досие