Контакт

Култура

„Љубовните писма на Шарла“ – промоција на книга

Објавено пред

Во вторник, 10.10.2023 година, во дворот на кафе-книжарницата „Буква“,, со почеток од 18 часот, ќе се одржи промоција на долгонајавуваната книга – „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски.

Се работи за збирка текстови, еден вид книжевни илустрации на музичките изданија што излегуваа за независната музичка издавачка куќа „Шарла рекордс“ во периодот од 2013 до 2023 година. Сместени во широк жанровски опсег, од критички опсервации на актуелните општествено-политички текови, до кратки книжевни форми, кои спаѓаат во жанрот фикција, овие писанија ги сведочат контекстот и околностите во кои се создаваа музичките дела. Целта беше да го испровоцираат вниманието на пошироката јавност и преку призмата на нивната содржина да понудат уште една перспектива кон музичкото доживување на овие остварувања.

Книгата изобилува и со фотографии од разни настани организирани од „Шарла рекордс“, како и извадоци од интервјуа и текстови на песни со кои се заокружува и документарната функција на оваа книга посветена на десетгодишнината од постоењето и работата на овој независен музички издавач.

Промоцијата е замислена како целовечерно неформално дружење со музичката, но и со книжевната публика, на кои оваа книга еднакво им се обраќа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт22 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија30 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура36 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет54 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура56 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија59 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет1 час

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника1 час

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа1 час

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...