Контакт

Култура

Љутков на научна конференција: Ќе ги поддржиме иновациите во културниот сектор

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на седмото издание на конференцијата „Културните и креативните индустрии: предизвик за туризмот, културното наследство и економијата“, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

dobivaj vesti na viber

Поздравувајќи ја организацијата на конференцијата, Љутков рече дека се дебатира за исклучително важна и актуелна тема, која на едно место ги обединува нашите напори и стремежи за развој и унапредување на културната, туристичката и економската сфера.

Осврнувајќи се на културните и креативните индустрии, министерот Љутков нагласи дека со својата посебност и потенцијал, тие можат да бидат моќен двигател на економијата.

„Инвестирањето во оваа област ќе придонесе за поттикнување на економскиот развој, нови можности за вработување и за зголемување на глобалниот углед на нашата културна сцена. Креативниот сектор не само што произведува уникатни производи и услуги туку и го поттикнува растот на туризмот, угостителството и малопродажбата“, истакна пред присутните министерот за култура и туризам.

Препознавајќи го потенцијалот на културните и креативните индустрии, Љутков информираше дека Владата и Министерството за култура и туризам во наредниот период ќе се фокусираат, пред сѐ, на изработка на нова Национална стратегија за културни и креативни индустрии (ККИ), ќе се изврши мапирање на ККИ, а ќе се возобнови и Советот за ККИ.

„Воедно, преку поддршка на стартап-компании кај правните лица и на фриленсерите ќе се креираат нови иновативни програми за поддршка за создавање и развој на бизнисите во креативните и културните индустрии и во видеоигрите“, додаде министерот Љутков, нагласувајќи дека ќе се даде поддршка за создавање препознатливи македонски брендови, за обнова и развој на традиционалните занаети, за воведување специјализирани географски ознаки со кои ќе се препознаваат македонските производи, а ќе се поддржуваат и еколошки одржливи проекти од областа на културата со користење традиционални знаења и вештини поврзани со природата и заштитата на животната средина.

Исто така, ќе се реализираат и низа работилници, саеми и кампањи за подигнување на свеста за придонесот на ККИ во економијата и општеството.

Повикувајќи на соработка меѓу сите засегнати, Љутков нагласи дека само така ќе можеме да создадеме синергија која ќе резултира со одржлив развој на нашата култура, туризам и економија.

„Во тој контекст, улогата на Министерството за култура и туризам е клучна во создавањето рамка која ќе овозможи ефикасно справување со предизвиците и ќе ги поддржи иновациите во културниот сектор“, рече Љутков, додавајќи дека со поддршка на креативците, како и со овозможување поволни услови за развој на креативните индустрии, сите заедно ќе ја оствариме визијата за создавање богат и разновиден културен сектор и ќе изградиме културна средина која ќе биде конкурентна на глобалниот пазар.

На конференцијата се обратија и деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков; проф. д-р Владимир Јаневски од Музичката академија на УГД; проф. д-р Наташа Митева, продеканка на ФТБЛ; м-р Александар Јорданоски, експерт за културно наследство и Анче Илиевска, в. д. директорка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Култура

Во петок стартува 15. издание на Ехо Фестивалот на планински филм

Објавено пред

Петнаесеттото издание на Ехо Фестивалот на планински филм 2024, ќе биде отворено во Домот на АРМ, петок 18. октомври  во 20 часот, а следните 7 денови ќе продолжи програмата во Кинотеката.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот кој ќе трае до 25 октомври, ќе биде отворен со проекција на филмот „Виорник од работ“, Игор Вртачник, Словенија, 2024, 107′ , а обраќање ќе има и режисерот Игор Вртачник.

Фестивалот ЕХО е посветен на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, предавања на многу различни теми.

Темата на фестивалот опфаќа планински спортови, еколошки филмови, документарни филмови кои  ја отсликуваат врската помеѓу човекот и природата.

Детските работилници ќе се одржат во  ЕУ Хаус, освен едната која ќе биде демонстрација на поставување на фото замки за диви животни од страна на Македонското еколошко друштво, која ќе се одржи во дворот на Кинотеката. Работилницата „Планински креативен документарен филм“ е исто така во Кинотека.

Фестивалот има три филмски жирија, Главното жири составено од Трифун Ситниковски, Златко Ѓелески и Маја Мухич, Еколошко жири составено од членови на Македонскот еколошко друштво, жири за најдобар алпинистички и качувачки филм, составено со членови на Македонската алпинистичка федерација, и жири за најдобар ски/сноуборд филм. На фестивалот за конкурсот за најдобра фотографија ќе оценува и жири за најдобра планинска фотографија, составено од членови на зрно фестивалот.

Секоја вечер освен отворањето и затворањето на фестивалот, ќе има некоја презентација / панел дискусија:

Сабота 19.10.2024 – „Национален Парк Шар Планина“ – активности
Сабота 19.10.2024 – „Пожари: што пред и после нив?“ – Сара Крстевска и Лазар Николов
Недела 20.10.2024 – Улис Лефевре, Основач и главен уредник на Алпинмаг, фотограф и снимател
Понеделник 21.10.2024 – „Националниот планински музеј во Торино и неговата архива на историски филмови“ – Марко Рибети, Италија
Понеделник 21.10.2024 – Отварање на изложба „K2 ИЛЈАДАДЕВЕТСТОТИНИПЕДЕСЕТИЧЕТВРТАTA“,
Вторник 22.10.2024 – Еколошки панел Мечка страв, мене не страв!
Среда 23.10.2024 – „Зоната на смртта“, од филмска перспектива, Освалд Переира
Четврток 24.10.2024 – Како спортот и природата ќе ги спасат младите од пороците на модерното живеење – Јане Стефанов

Влезот за сите фестивалски програми е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Култура

Улхих Зајдл: Мојот престој во Скопје на „Киненова“ ќе го искористам да гледам македонски филмови

Објавено пред

Австрискиот режисер Улрих Зајдл годинава доаѓа на МФФ Киненова. Роден е во Виена, Австрија во 1952 година. Студирал филм на Филмската академија во Виена. Неговиот краток документарен филм ТОПКАТА (1982) за малку ќе довел до негово исфрлање од филмското училиште, како поради „морално и етички сомнителната“ содржина на филмот (се сметало дека во него ги исмева своите субјекти) така и поради неговата форма: Зајдл беше обвинет за презентирање на неизмонтиран филм. Пред да режира наративни играни филмови, Зајдл ги режираше наградуваните документарни филмови: ДОБРА ВЕСТ (1990), ЉУБОВТА НА ЖИВОТНИТЕ (1995) и МОДЕЛИ (1998). ИСУС, ЗНАЕШ (2003) беше премиерно прикажан во официјалната конкуренција во Карлови Вари, каде ја освои наградата за најдобар документарен филм, додека ВО ПОДРУМ (2014) и САФАРИ (2016) беа прикажани вон конкуренција во Венеција.

dobivaj vesti na viber

Неговото долгометражно деби КУЧЕШКИ ДЕНОВИ (2001) ја освои Големата специјална награда на жирито на Венецискиот филмски фестивал. УВОЗ, ИЗВОЗ (2007) беше премиерно прикажан во официјалната конкуренција во Кан. Следеше неговата меѓународно признаена, наградувана трилогија РАЈ, со РАЈ: ЉУБОВ (2012), РАЈ: ВЕРА (2012) и РАЈ: НАДЕЖ (2013) премиерно соодветно прикажани во конкуренција во Кан, Венеција и Берлин. Неговото најново остварување ДИВИ ИГРИ (2023) е комбинирана и проширена верзија на неговиот диптих составен од филмовите РИМИНИ (во конкуренција на Берлинале 2022) и СПАРТА.

Колку ја познавате македонската кинематографија и дали би можеле да издвоите филмови што Ви оставиле впечаток? И воопшто, чија филмска естетика е блиска на вашиот творечки сензибилитет, чии филмови повторно на драго срце би ги погледнале?

-Моите филмски примери, т.е. моите т.н. филмски татковци, кои со својот светоглед и со својата уметничка програматика ми беа патоказ и кои ми ја поттикнуваа креативноста додека учев да станам режисер, ги имам споменато во стотици интервјуа. За жал, со срам морам да признаам дека не сум упатен во македонскиот филмски пејзаж. Тоа секако не е поврзано со Македонија како таква, туку со тоа што поради мојата секојдневна работа како автор, режисер и продуцент, општо земено, имам мошне малку време воопшто да гледам филмови. Се надевам дека мојот престој во Скопје при учеството на филмскиот фестивал КИНЕНОВА ќе можам да го искористам и за да го надоместам овој кусок и да ги дознаам филмовите што безусловно морам да ги гледам. Тоа уште сега многу ме радува.

Колку е политичкото важно во Вашите остварувања? Колку сакате отворено да кокетирате со него, а колку суптилно да го скриете и да го провлечете низ Вашите приказни?

-Нема што да се крие. Што ли воопшто би требало да се крие? Моите приказни се автентични, се напојуваат од стварноста на нашиот живот, а и покрај тоа се фикционални. Меѓутоа, моите филмови, кои априори немаат политичка содржина, се сепак политички во таа смисла што се одликуваат со општественокритички црти. Тие сликаат и скицираат, може да се каже, една обичајна слика на нашите западни општества.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: Лидерството на младите е важна алка за културата како приоритет за остварување глобален мир

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид се обрати на Форумот за културна дипломатија, организиран од Школата за млади лидери, под покровителство на поранешниот претседател на РС Македонија, Ѓорге Иванов.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на темата: „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, Љутков ги охрабри младите, порачувајќи дека тие се двигател на иднината, тие ја имаат силата да донесат промени и да ја обликуваат иднината со визија и храброст. „Лидерството не е титула, туку акција. Бидете храбри, верувајте во себе и инспирирајте го светот со вашата енергија, страст и решителност“, рече министерот Љутков.

Искуствата што учесниците на Школата за млади лидери ги стекнуваат имаат драгоцено значење, особено кога се работи за конкретни теми, и затоа министерот Љутков објасни: „Македонија како членка на Обединетите нации ја спроведува Агендата за одржлив развој за 2030 година, која признава дека мирот и безбедноста се предуслови за постигнување одржлив развој, но и дека одржливиот развој го обезбедува патот кон мирни општества. Младите се високо во оваа агенда. Потребни се итни мерки кои ќе обезбедат мир и хумани општества. Културата во овие процеси има едно од централните места. Таа мора да се стави во приоритетите на развојните политики зашто како белег на идентитетот на едно општество е често на удар“, акцентираше министерот за култура и туризам.

Министерот Љутков истакна дека културата е особено ранлива категорија, но, од друга страна, културата е силно оружје за глобално обединување на човештвото. „Токму таква сила има културната дипломатија што ја поседува таканаречената ’мека моќ‘ за создавање на врските меѓу државите. Нејзината цел е преку размена на уметност, на јазик и традиција да поттикне позитивни односи меѓу народите. Културната дипломатија овозможува поголемо разбирање и надминување на стереотипите, градење доверба и пријателски односи меѓу различни заедници, надминување на конфликтите од секаков вид. Затоа е неизбежна врската меѓу културата и глобалниот мир“, говореше Љутков на темата на годинашната сесија на Школата за млади лидири.

Пред присутните панелисти од повеќе институции од светот и учесниците на Школата за млади лидери, министерот Љутков мотивирачки им се обрати на младите велејќи дека светот е полн со неизвесност, но тој истовремено изобилува со потенцијал што мора да биде искористен. Затоа, додаде тој, вештините и визијата на младите се алатките што можат да ја надминат неизвесноста и да ја претворат во можности. Тој се осврна на значењето на знаењето и на мудроста во процесот на созревање на младите, но ги охрабри и во поглед на одржувањето баланс помеѓу личниот и професионалниот живот. „Важно е да се сетите зошто сте започнале. Што е тоа што ве мотивирало да станете лидери? Кога ќе се вратите на таа основна мотивација, ќе ја најдете вашата сила повторно“, рече министерот Љутков на сесијата во Охрид.

Вториот форум за културна дипломатија на Школата за млади лидери, со тема: „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, започна со обраќањата на: Ивица Боцевски, специјален претставник на македонската Влада за време на унгарското претседателство со ЕУ, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На Форумот учествуваа високи претставници од земји од светот, од УНЕСКО, од Европскиот парламент, министри и амбасадори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија4 часа

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија6 часа

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ10 часа

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија12 часа

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ13 часа

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија13 часа

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта (ВИДЕО)

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија14 часа

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа15 часа

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион18 часа

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...

Македонија1 ден

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...

Македонија1 ден

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца...

Македонија1 ден

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија2 дена

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија2 дена

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија2 дена

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија2 дена

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет2 дена

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет2 дена

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...