Контакт

Култура

Џез фестивалот „Крај Вардарот xез“ ќе се одржи во Македонска филхармонија

Објавено пред

Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот xез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија.

Идејни творци на фестивалот се џез-музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.

„Крај Вардарот xез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, кој веќе три години во континуитет на домашната публика и ги претставува најрецентните авторски остварувања, високо ценети и реномирани автори, но и млади, веќе наградувани и признaени таленти.

„Фестивалот произлезе од потребата да поддржиме една нова генерација домашни музичари, чија музика во себе ги интегрира и балансира автохтониот и светски современ израз. Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, ‘Крај Вардарот џез’ успеа да воспостави континуитет и стана еден од очекуваните годишни настани во Скопје. Фестивалот е една од активностите на ПМГ Џез (суб-лејбл на издавачката куќа ‘ПМГ Рекордингс’), кој ги следи мисијата и работата на издавачката куќа со цел да воспостави континуирана, вибрантна и динамична џез-сцена во нашата земја. Заложбата на ПМГ Џез е, пред сè, пронаоѓање, продукција, издавање и промоција на современа џез и етно (world) музика од домашни квалитетни автори. Досега има 34 изданија, а покрај вообичаениот формат на издавање на ЦД и во дигитална форма, ПМГ Џез досега има и 2 изданија на винил (грамофонска плоча): музичка компилација од различни изведувачи ‘Крај Вардарот џез 1’ и ‘Стела’ на Љубојна. Оваа година ќе се појави и третиот винил, музичка компилација од различни изведувачи ‘Крај Вардарот џез 2 – Нов Бран”“, велат Попов и Дробицки.

Првата, интернационална фестивалска вечер на 23 септември во Македонската филармонија ќе почне во 20 часот со извонредни музичари од регионот и настап на Спејс трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез-состав, Ејот (Eyot) од Ниш.

Втората фестивалска вечер ќе се одржи на 24 септември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез-формација.

Во оваа специјална вечер, пред Сетстат оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија.

Toka Shitet е уметничко име на Идриз Амети, кој има 4 студиски албуми зад себе. Како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). Амети е присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници.

Цената на билетот за една фестивалска вечер е 400 денари и можат да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија, која работи од 10 до 20 часот секој работен ден од понеделник до петок и во сабота од 10 до 14 часот.

Бројот на билетите е строго ограничен.

Најново

Спорт6 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт6 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт7 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава8 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет8 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет9 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија10 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион10 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет10 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...