Контакт

Археологија

Полски археолози ја открија најстарата црква во светот

Објавено пред

За време на ископувањата во Египет, археолозите веруваат дека ја пронашле најстарата црква откpиена во Северна Африка. Додека работеле на ypнатините на древната базилика, тие ги откриjа оcтатоците од уште постара зграда, за која веруваат дека ќе „даде увид во подемот на раното христијанство во Египет и на Медитеранот“.

dobivaj vesti na viber

За ова oткpитие заслужен е тимот на полски археолози предводени од д-р Кшиштоф Бабреј од Краков. Тие првично работеа на искoпyвање на друга зграда во близина на Александрија, кога случајно наидоа на оваа неверојатна црква, пишува „Faithwire“. Според главниот археолог, тие виделе нешто невеpојатно додека работеле под подот на древната базилика.

„За време на завршниот дел од последната фаза на ископувањата, под базиликата, наидовме на остатоците од ѕидовите. Тоа се покажа како надворешни ѕидови на многу постара црква“, вели Бабрај.

Ѕидовите само докажаа дека базиликата била изградена како замена за првобитната црква што била yништeна во земјотреcoт во 8 век по Христа. Обликот на ѕидовите укажува на тоа дека црквата била изградена во форма на крст кој често бил тема на архитектурата на раната црква. Внатре, тимот oткpи фрагменти од керамички садови и стакло.

Оригиналната црква датира од 4 век по Христа. Бабрај додаде: „Поради оваа причина, таа е една од најстарите христијански цркви oткpиени на египетската територија“.
Археолозите се надеваат дека ќе добијат уште повеќе информации за работни христијански заедници во Египет за да создадат појасна слика за појавата на христијанството во област која сега е главно муслиманска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Археологија

Костадиновска-Стојчевска во посета на Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше во посета на археолошкиот локалитет Стоби, каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град.

dobivaj vesti na viber

Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик, а како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира во една од просториите и е поставен како централно правоаголно поле, ќе ги откријат деновиве.

Археолозите информираат дека со сигурност се знае дека имаме ново откритие во репрезентативниот објект, кое, според првичните наоди, претставува нов, неоткриен бисер на античкиот град, кој е културно наследство и локалитет од особено национално значење.

„Ова откритие е резултат на заштитно-археолошките истражувања, кои се во функција на конзервација на Теодосијанската палата за чија конзервација, Стоби, во соработка со Фондацијата ‘Балканско наследство’ од Бугарија, доби грант од прочуената амириканска филантропска организација ‘Каплан фонд’. Ова се резултати на еднодецениска соработка на Стоби со овие фондации“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Од НУ Стоби информираа дека во рамките на грантот од „Каплан фонд“, во вредност од 300.000 долари за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби, годинава се изработуваше основен конзерваторски проект за архитектурата, како и основен конзерваторски проект за мозаичните подови на овој луксузно декориран резиденцијален објект.

„Проектот претставува еден од првите чекори на имплементација на мастер-планот за конзервација на Стоби, изработен во периодот меѓу 2019 и 2021, исто така во соработка со ‘Балканско наследство’, поддржан од ‘Ј. М. Каплан фонд’ од САД. Проектот за Теодосијанската палата ќе ги следи насоките од мастер-планот за конзервација на Стоби. Во него ќе бидат вклучени конзервација и реконзервација на архитектонските остатоци, во соработка со меѓународен тим од експерти предводени од Џон Стјуарт и Греам Абри од Велика Британија“, рече Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

Тој додаде дека меѓународните експерти исто така ќе бидат задолжени за едукација на експерти (конзерватори, археолози и менаџери на културно наследство) од Северна Македонија и од регионот, а ќе биде издаден и прирачник кој ќе вклучува препораки и насоки за понатамошно одржување на археолошкиот локалитет Стоби.

Министерката за култура, заедно со директорот Перовски, на археолошкиот локалитет Стоби се сретна и со студентите археолози, учесници на Меѓународната школа за археологија, кои годинава ни доаѓаат од Америка, Канада и од НР Кина.

„Драгоцено е искуството што го развива Стоби во својата едукативна и теоретска меѓународна соработка преку оваа Школа, преку соработката со Фондацијата ‘Балканско наследство’. Стоби ја продолжува својата успешна приказна за пример кон современо менаџирање и управување со културното наследство давајќи му живот на древниот град и во времето во кое живееме“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека на овој начин се заштитува богатото универзално културно наследство, се афирмираат историјата и културата на нашата земја, се продолжуваат приказните од римскиот и од доцноантичкиот период, но се почнуваат и нови приказни, кои зборуваат за нас сега и овде.

„Преку овие пријателски фондации, експерти со светско реноме се вклучени во проучувањето и во натамошниот развој и афирмација на Стоби, а тоа го става овој локалитет на врвот на светски познатите археолошки мапи. Во Стоби е живо и возбудливо како што е во лето на сите локалитети. Им честитам на нашите археолози за новото открие и им пожелувам успешна работа, размена на искуства и трајни пријателства на младите археолози, кои ни доаѓаат од светот“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Прикажи повеќе...

Археологија

Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

Објавено пред

Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

„Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години“, соопштија од Археолошкиот музеј.

Локалитетот се наоѓа во сегашната населба Ченто и е најзначајната неолитска населба во Скопската котлина.

Откриена е во 1961/2 година во текот на археолошки рекогносцирања за изградбата на автопатот. Денес тешко се забележува бидејќи 2/3 од површината се окупирани со куќи подигнати во доцните шеестти и седумдесеттите години на 20. век.

Тумба Маџари бил економски и пред сè културен центар на неолитскиот човек од овој регион.

Прикажи повеќе...

Археологија

Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Објавено пред

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна, пренесува „Сан“.

Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.

Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.

Dzisiaj 14.06.2020r. Wzgórze Zamkowe w Nowym Sączu oddało nam sporo srebra z epoki. Pozdrowienia dla wszystkich poszukiwaczy i życzymy podobnych sukcesów.

Posted by Stowarzyszenie Historyczno Eksploracyjne Sądecczyzny on Недела, 14 јуни 2020

Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.

Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.

Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.

Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.

Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.

Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.

Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија4 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија5 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија6 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија8 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија8 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија9 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет12 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија13 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија15 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет15 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет16 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија17 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија1 ден

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија1 ден

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет1 ден

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет1 ден

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...