Контакт

Култура

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

Објавено пред

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот.

dobivaj vesti na viber

Овој пат наградата доаѓа од Сине дел Мар во Уругвај и е адресирана за Дејан Ѓошевски, кој стои зад продукцијата на дизајн.

„Уште една убава вест. Дејан Ѓошевски е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди“, е објавено на официјалната фејсбук-страница на филмот.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. издание на „Еко сине интернешнал филм“ во Сао Пауло.

Филмот од септември македонската публика ќе има можност да го гледа во киносалите.

Бизнисот на задоволството ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Финансиран е од Агенцијата за филм.

 

Култура

Почна тринаесеттото издание на прилепскиот џез-фестивал „Прилеп џез-викенд“

Објавено пред

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 29-31 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.

dobivaj vesti na viber

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:

Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а после нив ќе настапи фракцијата од четворица млади музички аскети COBALT CODE UNIT која неуморно талка низ обемните широчини на јужно балканските традиции на импровизирана и ритуална музика контемплирајки ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на афричките ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж пресликани преку призмата на авангардниот израз. , од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика.

Четврток 29 август 2024г
⦁ Филип Стевановски КВАРТЕТ
⦁ COBALT CODE UNIT

Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски со промоција на новиот албум „Deep Blue“, а после нив пред Прилепската публика ќе се претстави квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев ( Архангел).

Петок 30 август 2024г
⦁ Ѓоле Грујовски ТРИО
⦁ Никола Бочваров КВАРТЕТ со специјален гостин Ристо Вртев.

Последниот ден од фестивалот ќе се претстават гостите од Србија и Словенија/Украина.

Предводени и формирани од словенечкиот саксафонист и композитор Јуре Пукл, Jure Pukl Organic Trio е група од тројца артисти чија музика е оригинална и содржи елементи на џез, модерна класична музика и мешавина од популарни музички жанрови. Фестивалот ќе го затворат гостите од Србија, CRNO DETE со еден уникатен проект со звук кој е комбинација од рок, ноиз,џез, панк и фолк.

Сабота 31 август 2024г
⦁ Jure Pukl ORGANIC Trio
⦁ CRNO DETE

Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во клубовите Калинка И Таверна во старата прилепска чаршија.

Прикажи повеќе...

Култура

Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“

Објавено пред

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.

dobivaj vesti na viber

– Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина – рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

Прикажи повеќе...

Култура

Сиљановска Давкова со директорот на МНТ, Кимовски: разгледана тековната работа на театарот и подготовките за новата сезона

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го прими директорот на Македонскиот Народен Театар, Никола Кимовски.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателката беше информирана за тековната работа на МНТ и подготовките за новата сезона 2024/2025, која ќе биде означена во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.

Кимовски ја информираше претседателката Сиљановска Давкова за предвидената програма на настанот, кој ќе се одвива во периодот од 17 септември до 1 октомври и ќе опфати популарни театарски претстави и познати музички изведувачи од македонската сцена.

На средбата се разговараше и за престојниот јубилеј – 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 минути

45-годишна жена пронајдена почината во нејзиниот дом на Бит Пазар

Вчера во 10.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар од членови на...

Македонија2 часа

Гаши: Гордо и со драга волја ќе ја почитувам одлуката на мнозинството, интерпелацијата е прва точка на дневен ред во вторник

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е уверен дека мнозинството во Собранието во вторник, кога ќе биде на дневен ред неговата...

Македонија4 часа

(Видео) „Извештајот од банката за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи“, Лефков објави документ

„Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе...

Македонија4 часа

Од утре до петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните и вечерните часови

Под влијание на циклонска активност од исток следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: Политичката одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

„Политичката одговорност која ја ветуваше Мицкоски пред изборите испари откако тој и неговите сопартијци седнаа во фотелјите. Му завршија работа...

Македонија4 часа

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден вкупно 25 пожари на отворено, сè уште гори на две места

Центарот за управување со кризи извести дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 25 пожари на отворено. Од нив...

Македонија7 часа

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ запленети мобилни телефони „ајфон“ во вредност од 1,8 милион денари

Вкупно 21 мобилен телефон „ајфон 15 про“, со вкупна вредност од еден милион денари, се запленети на Меѓународниот аеродром „Скопје“...

Свет8 часа

Јапонија: Упадот на кинеските воени авиони е кршење на нашиот суверенитет

Упадот на кинески воен авион во јапонскиот воздушен простор е „сериозно кршење на јапонскиот суверенитет“, изјави денеска портпаролот на јапонската...

Европа8 часа

Популарноста на Путин опадна по успешната украинска офанзива на Курск, најголем пад од почетокот на инвазијата

Успешната украинска офанзива на Курск, која започна на 6 август, имаше негативно влијание врз популарноста на рускиот претседател Владимир Путин,...

Европа8 часа

Русите втор ден по ред жестоко ја напаѓаат Украина

Русија започна неколку бранови ракетни и беспилотни напади во текот на ноќта насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската...

Свет9 часа

(Видео) Американец ги убил членовите на семејството затоа што мислел дека е исклучен од тестаментот на мајка си

Човек кој верувал дека е изоставен од тестаментот на мајка си и не сакал да се исели од куќата во...

Регион17 часа

Два земјотреси ја погодија Грција

Два земјотреси вечерва ја погодија Грција на неколку минути еден од друг. Првиот земјотрес беше со јачина од 4,5 степени...

Европа22 часа

(Видео) Украински дрон удри во зграда во Русија

Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад на повеќе од половина Украина, а Украина со беспилотни летала ги нападна...

Топ23 часа

Возел 17-годишно девојче до дома, па ја гушнал и бакнал: мајката го пријавила во полиција

36-годишна жена од скопско во СВР Скопје пријавила дека на 27.07.2024, Р.Ж. од Скопје, додека ја возел нејзината малолетна ќерка...

Економија23 часа

Се врши враќање на дел од ДДВ-то изразено во скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа...

Топ24 часа

Починат скопјанец пронајден пред станбена зграда на Бит Пазар

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден...

Македонија1 ден

Бугарскиот амбасадор на заминување: Географијата нема да ја менуваме, ќе останеме соседи и треба да имаме интензивна комуникација

Бугарскиот амбасадор во земјата, Ангел Ангелов, очекува новата влада во Бугарија да го продолжи дијалогот за надминување на несогласувањата во...

Македонија1 ден

Донација од 11.000 вакцини против Ковид-19 стигнуваат за десетина дена, 213 нови позитивни регистрирани изминатава недела

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат за десетина дена иако една од главните препораки на Комисијата за заштита од...

Свет1 ден

Кремљ: Ќе одговориме на упадот на Украина во Русија, преговорите веќе не се важни

Кремљ денеска соопшти дека ќе мора да има руски одговор на упадот на Украина во западниот регион Курск и дека...

Македонија1 ден

Интерпелацијата на Гаши ќе биде неуспешна, но има шанси за спектакл од опозицијата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари е уверен дека интерпелацијата на собранискиот спикер Африм Гаши нема да помине. Тој, денес, по...