Култура
„Богородичен покров“ – фестивал за духовни и хумани вредности

Третиот по ред меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности „Богородичен покров“, годинава ќе се одржи од 15 до 18 октомври во Скопје во Кинотеката на Република Македонија. На фестивалот се прикажуваат филмови со духовни, хумани, морални, религиски и семејни вредности и филмови од културното и духовно наследство.
Свеченото отворање на фестивалот е на 15 октомври, понеделник, во 20 часот во Кинотеката на Република Македонија. Фестивалот е поддржан од амбасадите на Чешката Република, Словачка, Словенија, Романија и Босна и Херцеговина. На свеченото отворање ќе се обратат амбасадорите на Чешка, Словачка и на Словенија и други поддржувачи и гости.
Фестивалот ќе го прогласи за отворен почесниот претседател проф. д-р Јован Таковски, протојер-ставрофор, кој ќе ги додели и дипломите за духовни и хумани вредности на покровителите и гостите.
Отворањето на фестивалот е со документарниот филм „Очите на фотографката“, добитник на 70-ина интернационални награди, во режија на Матеј Минач, лауреат со многубројни награди и признанија, меѓу кои и наградата Emmy Award. Филмот е во чешко-словачка продукција и е дел од годинешната програма на одбележување на јубилејот 100 години од основањето на Чехословачка. Исто така, на фестивалот гостин ќе биде режисерот Денис Бојиќ од Босна и Херцеговина – Република Српска, со својот филм „Лицата на Лафоре“, кој ќе има трибина на 17 октомври во 12 часот во Кинотеката на Република Македонија за новите методи во светот на лекување на оваа тешка детска болест.
Основачи на фестивалот се Коле Јовановски, ТВ-монтажер и режисер од МТВ, и Зорица Костовска, ТВ и филмски продуцент, а членови на Програмскот совет, Драги Таневски, директор на фотографија, Владимир Ангелов, филмолог, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и Зорица Костовска, директор на фестивалот. Фестивалот е и во спомен на основачот Коле Јовановски, кој годинава прерано се упокои во 58. година од животот.
Изборот на филмови од неколку држави има цел да придонесе за воздигнување на човечките, духовните и семејните вредности во општеството. Организатор на фестивалот е „Топ ворлд“, независна ТВ-продукција од Скопје. Влезот на фестивалот е слободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.