Контакт

Култура

Васил Мукаетов: Во сите мои песни навивам за децата

Објавено пред

Светот на децата, нивното растење, нивните палавости, мудрости, емоции и разни ситуации, се инспирација за неуморниот писател Васил Мукаетов, кој вчера (4.4) во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ ја промовира својата нова книга „Има ли и страна петта?“

dobivaj vesti na viber

Промотори на изданието беа Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс ламина“, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, одделенската наставничка Владанка Д. Миче и долгогодишниот пријател на Мукаетов, Мишо Китановски. Извадоци од книгата интерпретира познатата актерка Снежана Конеска-Руси.

Со стиховите од неговата песна „Зошто да се пишува“, писателот објасни зошто своето творештво им го посветува на најмладите: „Во овие криви светски / ти си запеал – песни детски? / Ако. Со децата ми е лесно. / Тука е сè кристално и чесно/ И: во децата и младината, е иднината!“

– Оваа година одбележувам 30 години од објавувањето на мојата прва книга за деца. Драго ми е што голем дел од моето творештво го посветив на доближување на творештвото на мојот книжевен идол, Марко Цепенков, со новите генерации. Исто така ми е задоволство што пишувам за нив, најважните читатели, децата. Се инспирирам од секојдневната дружба со тие умни глави. Внимателно ги слушам децата што кажуваат, нивните мудрости, досетки и бисери, прераснуваат во најинтересни стихови. Многу е важно да ги слушаме децата што кажуваат, така ќе ги разбереме полесно. Во сите мои песни навивам за сите деца. Детето додека е мало е безгрешно, дури и кога ќе направи беља. Детето треба да се сака повеќе со срце, отколку со рака. Вистината е многу блиска до децата да им попуштаме, но да ги советуваме – рече Мукаетов, кој сподели многу интересни ситуации и разговори со децата и неговите внуци, од кои подоцна произлегле неговите песни.

Кон новата книга и творештвото на Мукаетов се осврна проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, која истакна дека авторот, во својата повеќедецениска работа, „постојано се обидува да биде во ритамот на новото дете, со секоја нова збирка прави посвета на новите генерации деца“.

– Преку стиховите, децата учат кои се нивните права и желби, но и обврски. И за големата филозофија, дека целиот живот е постојана лекција и дека секое дете и возрасен секојдневно учи. Дел од песните се вистински мали лекции или толкувачи на помалку познати зборови. Одредени песни може да се чита како поимник во речник и како неофицијален учебник. Таа низ игра и јазична организација ги објаснува поимите како архаични одамна извадени од употреба, но и нови што ги препознаваат децата или ја открива тајните на природата, ги учи на сообраќајна култура, песнички-приказни за поими од секојдневниот живот, но и од географијата и историјата, односно македонската традиција и култура. Авторот умешно ги вметнал познатите бајки и басни во стиховите, како приказните за Мравката и Штурецот или за Зајакот и Желката. Притоа, создава нови свои поетски басни. Ги опфаќа и емоциите што детето го возбудуваат и го вознемируваат, но и стравот со кој се соочуваат – рече Мојсова-Чепишевска.

Едукативната димензија на делата на Мукаетов, од агол на практичар, ја долови Владанка Д. Миче, која е одделенска наставничка во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“, Скопје, која рече дека е пресреќна што мислите на Мукаетов, со кои и таа растела, сега ги споделува со своите ученици, на час.

– Васил Мукаетов беше дел од моето детство. Тој е икона на убавиот збор на добро смислената мисла упатена кон нас, кога бевме деца, впрочем моите родители често се дружеа со Мукаетов. Бевме гости во неговиот домот, каде што првпат видовме толку голема домашна библиотека, првпат го почувствував мирисот на книгите. Како наставник бев воодушевена кога видов дека во учебниците се присутни делата од почитуваниот Мукаетов. За мене беше непроценливо богатство тоа што ќе имам можност, тоа што сум го почувствувала како дете, да им го пренесам на моите ученици. Песните на Мукаетов се со теми што ги засегаат и ги интересираат децата. Начинот на кој се напишани им е близок на новите генерации, користи термини и фрази со кои тие меѓусебно комуницираат. Кога ги обработувавме неговите песни гатанки, децата покажуваат толку голем интерес и разбирање, кое буди неискажливи чувства… На основа на неговата песничка се запознававме со медиумската писменост… Не можам да ви опишам колку позитивна рефлексија добивме, часот течеше толку лесно и во креативен амбиент, на многу спонтан начин ги освоивме сите цели и замисли за тој ден… Му посакувам на Мукаетов уште многу години да твори и да биде меѓу децата – рече таа.

Мишо Китановски во своето обраќање го истакна значењето на Мукаетов во литературата за деца во нашата земја. Сподели и анегдоти од нивните дружби.
На книжевниот настан со наслов „Васил Мукаетов на страната на децата“ беа претставени и уште пет други, понови публикации за најмладите читатели од авторот: „Чукни, чукни трипати“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Од згода до згода, заграб бистра вода“, „Што е, а што не е?“ и „Ај погоди!“ Станува збор за читанки, збирки поезија, гатанки и раскази, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Стихозбирката „Има ли и страна петта?“ содржи весели и духовити песни за шарениот, љубопитен и разигран свет на децата. Преку веселите стихови, ова дело го носи читателот на потрага по петтата страна на светот. А таа е каде, ако не каде што има деца. Децата сакаат изненадувања, возбудувања, насмевнувања во секој сегмент од нивниот живот – секаде каде што ќе ги сретнеш, дома, на игралиштата, со другарите. Во училниците, во училишните дворови. Со велосипедите по сообраќајниците. Меѓу излетниците. Во камповите првпат сами на летување – значи пораснати. Во библиотеките, книжарниците, слаткарниците. Во театарските, игроорните дружини. И на детските сцени. На балетските часови. Наградени на математички, литературни, ликовни натпревари и на фестивалите. Дома и во странство. Дури и на билборди. Ете, со стиховите во оваа книга ја побаруваме и петтата страна. На детството. На адресите: „Сите деца се исти, за петки и игри специјалисти“. Потоа, „Денот е убав кога помагаш и кога си другар“. Потсетуваме – „Децата имаат светски права, да ли доволно се знаат?“

Васил Мукаетов е еден од најактивните македонски автори за деца, кој неуморно твори и во деветтата деценија од својот живот. Со своите читатели другарува уште од шеесеттите години на минатиот век, преку тогашните списанија „Титов пионер“, „Другарче“, „Нова Македонија“ – „Колибри“, „Развигор“ и „Другарче“, сè до денешните „Ѕвезди“, „Прв детски клик“ и „Детски клик“. Објавува и во литературните ревии и списанија – „Стожер“, „Слово“, „Бранување“.
Застапуван е во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основното образование. Член е на Друштвото на писатели.
Негови позначајни дела се: „Ти реков ми рече“ (1995), „Ние дома“ (2003), „Поглед со двоглед“ (2005), „Што е, што не е“ (2011), „Ај погоди“ (2011), „Да нацртаме другар“ (2013), „Колку да се рече – записи“ (2014), „Кој кого расте?“ (2013), „По зелени раеви – слезови и чаеви“ (2016), „Децата можат сè“ (2016), „Скокни – прескокни“ (2017), „Ние по тротоари, булевари“ (2019), „Чукни, чукни трипати“, „И да и не“ (2018), „Сè е игротека“ (2018) и други. Добитник е на наградата на ДПМ – „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2017 година за „Скокни – прескокни“.

Книгите од Васил Мукаетов се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Култура

Поддршка за културата во Битола: MINT зад Шекспир фестивалот 2025

Објавено пред

Денес официјално започнува Шекспир фестивалот во Битола, еден од најзначајните и најреномирани театарски настани во регионот, кој годинава повторно ги обединува највлијателните и најиновативните Шекспирови продукции од светот.

dobivaj vesti na viber

Организиран од Народниот театар Битола, фестивалот претставува платформа каде класичните драмски текстови добиваат современи интерпретации, а Битола станува центар на висока сценска уметност.

Во пресрет на свеченото отворање, денес се одржа работна средба помеѓу директорот на Народниот театар Битола, Васко Мавровски, и генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски. MINT е долгогодишен партнер и спонзор на Народниот театар Битола, а годинава ја проширува својата поддршка и како клучен спонзор на Шекспир фестивалот.

Средбата, одржана во фоајето на театарот, беше можност за разговор за заедничката визија, новите идеи и стратешкото планирање на програмските и културните иницијативи за 2026 година.

MINT продолжува да вложува во културата не како обврска, туку како уверување дека уметноста ја гради заедницата, а силната културна сцена значи силно и одржливо општество,“ истакнаа од компанијата.

Вечерва, со кревање на завесата, Битола повторно ќе стане театарски центар чијашто традиција, енергија и визија ја прават препознатлива на културната мапа на регионот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Култура

Објавен „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век“ од Славчо Ковиловски

Објавено пред

Од

„Македоника литера“ објави нова книга на Славчо Ковилоски со наслов „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половинана ХХ век“.

dobivaj vesti na viber

Овој речник се надоврзува на „Речникот на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“, од истиот автор, публикуван во 2022 година. Покрај лажните имиња од сите видови (псевдоними, кратенки, знаци) овде се вклучени и одредници со прекари на публицисти, родените имиња на авторите, како и одреден број партизански псевдоними.

Во Речникот се наоѓаат книжевни псевдоними на 187 автори и 36 псевдоними од други области со вкупен број од 223 лица со скриени имиња. Исто така, има 19 родени (крстени) имиња на луѓе од книжевноста и културата, како и 37 автори чии прекари се споменуваат покрај нивните имиња. Вкупниот број на псевдоними изнесува повеќе од петстотини. Посебно поглавје е посветено на теорискиот пристап при објаснувањето на методологијата, односно постапките за дешифрирање и категоризирање на скриените имиња. Овој дел е особено важен, бидејќи без соодветен критички метод на потврдување или негирање на авторството препишано според псевдоним, не може да се добие релевантен одговор, прецизно дефиниран, елабориран според современите концепции на теоријата на книжевноста, но и на книжевно-историските односи и практики.

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски книжевен историчар, културолог, поет, прозаист. Автор е на неколку прозни, поетски и монодрамски дела, како и на повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Прикази и статии објавувал во повеќе македонски списанија и дневните весници. Има преведено шест белетристички и научни дела од хрватски и бугарски на македонски јазик и повеќе преводи од српски јазик објавени во периодиката. Делови од неговото прозно и поетско творештво се преведени и препеани на неколку европски јазици.

Работи во Институтот за македонска литература (Одделение за македонска литература во XIX век), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Пијано-рецитал „Скопје во петолиние 2028“

Објавено пред

Културниот информативен центар – Скопје го најавува пијано рециталот „Скопје во петолиние 2028“ – македонска музичка приказна во чест на Скопје, Европска престолнина на културата 2028.

dobivaj vesti na viber

Овој уникатен рецитал ќе ја раскаже музичката приказна на нашиот град преку внимателно одбрани дела на македонски композитори, претворајќи го Скопје во вистинска партитура, а пијаното – во раскажувач. Рециталот претставува интимна пијанистичка нарација која го пренесува духот и енергијата на градот директно до срцето на публиката.

На пијаното ќе настапи Давид Павиќ, млад, но веќе признат пијанист кој го претставува новиот бран на македонски уметници. Со внимателно одбраниот репертоар, рециталот ќе го истакне генерацискиот премин на македонските композитори и континуитетот на музичкото изразување во Македонија.

Овој рецитал е прв целовечерен концерт од ваков вид воопшто кај нас, во кој младата надеж на македонската пијанистичка сцена, Давид Павиќ, преку својот личен уметнички израз ќе ги претстави делата на македонските композитори во ново светло.

Со внимателна интерпретација и емоционална длабочина, тој не само што ги оживува музичките дела на македонските композитори, туку и ги афирмира пред домашната и меѓународната публика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија14 часа

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ17 часа

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија17 часа

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија18 часа

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија19 часа

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија20 часа

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија21 час

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија21 час

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија22 часа

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион23 часа

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет23 часа

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...

Европа23 часа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни...

Европа24 часа

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар,...

Свет24 часа

Би-би-си му се извини на Трамп

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за погрешно изменетата верзија на неговиот говор од 6 јануари 2021...

Свет1 ден

Американците погодија брод на Карибите: „Четири наркотерористи убиени“

САД го извршија својот 20-ти напад врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога, објави...

Свет1 ден

По одложувањето, екипажот на кинеското вселенско летало „Шенжоу-20“ се враќа на Земјата

Тројца кинески астронаути чие враќање на Земјата беше одложено поради вселенски отпад што го погоди нивниот вселенски брод минатата недела,...

Македонија2 дена

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион2 дена

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...