Култура
Вечерва два онлајн-концерта од програмата Cross Štream

Вечерва, ќе се одржат два концерта во склоп на меѓународната програма Cross Štream и можете да ги проследите онлајн преку „Фејсбук“, „Јутјуб“ и платформата „Зум“.
Од страна на „Кино Шишка“ од Љубљана, со почеток од 21 часот настапуваат КУКЛА и „Баланс“. Потоа ќе следува настап на Blackstate – нов експериментален музички проект креиран од искусниот текстописец музичар и визуелен уметник, Филип Тасевски – Фиц.
Blackstate е нов експериментален музички проект креиран од искусниот текстописец музичар и визуелен уметник Филип Тасевски – Фиц. Танцувачки грув со хардкор/панк-корени.
КУКЛА е самопрогласена словенскa гангста-гејша поп-уметничка. Пеејќи главно за оружјето и љубовта, КУКЛА константно се бори со себеси и со надворешниот свет. Нејзиниот поп-звук го доловува нејзиниот пол непотврдувајќи ја западната младина, додека сè уште се држи до посебната словенска интроспекција и фатализам.
Очиглена е сличноста со српските пејачки од ерата на Милошевиќ и гест кон божиците на R&B од американската ера на Буш. На сцена го спушта гардот, го збогатува нејзиниот карактеристичен звук со блескави визуализации и го остава срцето на тацна.
Balans
Нојс-поп, импровизациски краут и етерични дарквејв, се спојуваат во лоу-фај баланс. Совршено хаотичен фокус на љубљанското арт-дуо создадено од Кристин Чона и Андреј Первање. Нивниот експериментален аудиовизуелен настап со хипнотички ритам на гитарите, ретро матрица и провокативно пеење за баналноста на секојдневието, често е придружен од озвучен плач и остри свирежи. Нивното неконвенционално музичко истражување може да се види на нивните четири албуми. Последните два, bunkerpop (2017) и kva je s tabo (2018), издадени од „ШОП рекордс“, заедно со турнејата од концертниот циклус на „Радио-Тутудент клупски маратон“ ги прави „Баланс“, еден од најистакнатите претставници на локалната подземна сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година, широко ги отвори портите за нови културно – туристички доживувања

„Гевгелија е град на културата за 2025 година – честитки до сите вас што го правите овој град жив, динамичен и културно богат“, рече министерот Љутков поздравувајќи го присутните на свеченото отворање на манифестацијата.
„Оваа манифестација не е само признание туку и можност да се поддржи локалната културна сцена, да се привлече нова публика, да се развие нова соработка и да се постави Гевгелија на мапата како културен центар кој зрачи со енергија и оригиналност. Тоа е покана – за нова уметност, за свежи идеи, за младинска енергија и за културен туризам што ќе го слави топлиот и автентичен дух на Гевгелија. Овде уметноста е таа што нѐ поврзува, туризмот ни го отвора градот кон светот, а младите, пак, се нашата иднина. Затоа градот што многумина го нарекуваат и „порта кон Европа“, со својот потенцијал е и културна и туристичка порта кон нови можности. Затоа, да ја отвориме вратата за уметниците, да создадеме нови културни мостови, да го претвориме туризмот во доживување кое ќе раскажува приказни – преку музика, слики, зборови и движење“, рече Љутков.
Тој додаде дека Гевгелија е важен туристички центар кој културата ја вградува во туризмот, и туризмот во културата на градот. Затоа, како што рече Љутков, Министерството за култура и туризам оваа година става посебен акцент не само на културното творештво, туку и на развојот на транзитниот и винскиот туризам, како клучни сегменти на локалниот туристички идентитет.
„Гевгелија, со својата стратешка позиција, може и мора да биде прва станица за сите што влегуваат во нашата земја – и прва можност да се почувствува нашата културна посебност преку гастрономијата, уметноста, виното и гостопримството. Затоа ќе поддржиме програми каде што културата и туризмот може да одат рака под рака – како модерна приказна со длабоки корени. Ќе ги поврземе локалните винарии со културни настани, ќе отвориме нови културно-туристички рути и ќе работиме на тоа транзитните патници да станат туристи, а туристите – амбасадори на нашата култура и културно богатство“, рече министерот.
Отворањето на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ на Градскиот плоштад беше проследено со концерт на Националниот џез оркестар, кој под диригентската палка на Џијан Емин, изведе незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена, специјално аранжирани со нов, уникатен звук за оваа пригода. Претходно пак во Уметничката галерија на НУ Музеј-Гевгелија беше отворена самостојната изложба на Aна Митевска, насловена „Приказни во тиркиз – Извор на животот“.
Култура
Сараево во исчекување: „Народен пратеник“ и „12“ на сцената на Народното позориште

По големиот успех на МНТ во Р Црна Гора, сараевската публика е во исчекување вечерва на 11 април на сцената на Народно позориште, Сараево, со почеток во 19:30 часот, да ја погледне урнебесната комедија која одлично ги прикажува политичките амбиции и ситните страсти во драмата „Народен пратеник“, едно од најважните дела на Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин.
Во срцето на оваа комедија е семејната драма – амбицијата на таткото Јеврем Прокиќ и адвокатот Ивковиќ, кои истовремено се натпреваруваат за функцијата пратеник. Семејниот конфликт, политичките игри и смешните ситуации ја прават ова претстава незаборавна.
Играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска, Александар Михајловски (глас снимен), Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халил.
Моќната „12“ во Сараево: Театарска елита на големата сцена на Народно позориште
Утревечер, на 12 април со почеток во 19:30 часот, на големата сцена на Народно позориште, Сараево ќе биде изведена моќната претстава „12“, адаптација на култното дело на Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов.
Сараевската публика ќе има ретка можност да ја проследи оваа интензивна драма, изведена од врвна актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
„12“ е претстава што не остава никого рамнодушен – психолошка длабочина, социјална критика и актери во врвна форма. Сараево не пропуштајте ја!
Култура
Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“

Националната галерија на Македонија ја подготвува јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“.
Одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997), еден од најинвентивните македонски скулптори, чие творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура, е во сообразност со задачата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници земајќи ја предвид улогата што ја имале во создавањето и трасирањето на тековите на македонската модерна и современа уметност.
Изложбата ќе биде отворена на ден 23.4.2025 година (среда), во 20 часот, во објектот Даут пашин амам.