Контакт

Култура

Вечерва почнува 9. издание на MФФ „Киненова“

Објавено пред

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание.

dobivaj vesti na viber

Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар, во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот.

Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата.

Во текот на следните фестивалски денови програмата која изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни за нашата јавност ќе може да се проследи во Киноверзум, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела вода.

Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Северна Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе можете да се внурнете и во творештвото на нашиот лауреат преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

Култура

„Киненова“ продолжува да наградува европски филмски режисери, но и да поддржува македонска кинематографија: Улрих Зајдл и Гоце Цветановски на „Киненова“

Објавено пред

На денешната прес-конференција на МФФ „Киненова“ присуствуваше годинешниот лауреат на наградата за животно дело, Улрих Зајдл, австриски режисер и Гоце Цветановски, чиј филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе го отвори утре годинешното издание на Фестивалот.

dobivaj vesti na viber

-Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на многу филмски фестивали со своите необично креативни документарци кои до коска ги соголуваат неговите протагонисти и проговоруваат за тривијалноста и хипокризијата на западното општество, начинот на кој тоа општество ги гради своите стереотипи и како ни ги наметнува. Добитник е на многу награди, но истата година кога ја добива наградата на жирито во Венеција, во 2001 година, ФИПРЕСЦИ во Братислава го наградува со награда за филмот „Dog Days“, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на МФФ Киненова, претставувајќи го годинашниот лауреат.

Зајдл проговори за тоа како наместо свештеник станал режисер, и им порача на младите режисери најпрво да ја запознаат околината, па потоа да се определат за оваа професија.

-Јас бев набљудувач и така научив за општеството и за меѓучовечките односи. Се прашував : Што е човекот сам по себе? И затоа почнав прво со документарните филмови. Заблуда е да се мисли дека документарниот филм дава објективен приказ и дека ја претставува стварноста каква што е, рече Зајдл.

По природа вели дека е љубопитен човек и многу се радува што е во Македонија.

-Почестен сум што добивам награда за животно дело, но верувам дека моето животно дело сеуште не е завршено. Драго ми е што во деновите што се пред мене ќе имам можност да се запознаам со многу нови нешта овде, рече Зајдл.

„Киненова“ освен тоа што продолжува да кани европски филмски режисери продолжува да ја одржува нишката на поддршка на македонската кинематографија. Во таа насока и проекцијата на првиот анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против Галаксијата“, кој утревечер во 20 часот го отвора Фестивалот во МКЦ, е полн погодок.

-Ова е македонска премиера на која и претходеше светска премиера. И овој филм како секое уметничко дело се раѓа низ борба. Главен елемент во филмот е хуморот кој потсетува на „Автостоперскиот водич низ Галаксијата“ и иако се случува во Универзумот сепак се случува овде, истакна Игор Анѓелков, селектор на главната програма на Фестивалот.

Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов.

-Успеавме да собереме огромна екипа од преку 150 луѓе од 5-6 држави и сега почнуваме и со фестивалска и кино дистрибуција на филмот. Драго ми е што филмот е завршен по 10 години работа и покрај предизвиците од ковид пандемијата, па и административни препреки, но сега е овде и публиката може да ужива во него. Сега чувствувам дека направивме нешто што е важно за нашата земја. Хуморот е специфичен и се плашев како ќе биде прифатен хуморот, но засега одлично поминува. Но, исто така важен дел од филмот е темата за толеранцијата и антивоена порака, која покрај хуморот доминира во филмот, рече Цветановски.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Објавено пред

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој се обрати по повод првите 100 дена работа.

dobivaj vesti na viber

Љутков рече Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.

„Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности. На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон, за втора фаза од реконструкцијата“, рече Љутков.

Министерот рече дека Министерството за култура и туризам условно исполнило само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење.

Целата документација е предадена на Основното јавно обвинителство, а министерот се надева дека истражните органи ќе постапат согласно нивните надлежности.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на претставата „Бели ноќи“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар на 17 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи премиерата на претставата „Бели ноќи “ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.

dobivaj vesti na viber

Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Првата реприза е закажана на 18 октомври, а билетите се веќе пуштени во продажба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија58 минути

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет3 часа

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет3 часа

Бела куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ12 часа

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...

Македонија19 часа

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија20 часа

Адвокатот Туфегџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија20 часа

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија22 часа

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија1 ден

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија1 ден

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет1 ден

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет1 ден

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет1 ден

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија1 ден

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија2 дена

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија2 дена

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ2 дена

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија2 дена

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ2 дена

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...