Култура
Вечерва свечено отворање на фестивалот на дуодрама Бранко Ѓорчев- Неготино
Вечерва, со почетокот од 19:30 часот, во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, почнува Првиот интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (5.9 – 9.9.2022год.) е единствениот фестивал на дуодрама во Македонија.
Фестивалот е во организација на Општина Неготино и Театар Провокација – Скопје. Главен покровител и иницијатор за истиот е Општина Неготино. Концептот и логистиката за фестивалот се на „Театар Провокација“.
На фестивалот ќе бидат доделени следниве награди: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, специјална награда и гранд при.
Жири-комисијата е во состав: Благоја Чоревски – Чоре (актер), Мирјана.П.Ристов (актерка) и Билјана Крајчевска (драматураг), секој докажан во својата област!
Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодишниот фестивал:
Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед:
5.9.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев
Режија: Иван Јерчиќ
Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола
6.9.2022 од 19:30 во КАФЕ БАР АМАРО

„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров
Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов
Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје
6.9.2022 од 21:00 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО

„ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“
Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје
7.09 од 19:30 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО

ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете,
Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
8.9.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“

МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ – Иван Томашевиќ
Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ
СЦЕНА МАСКА, Р Србија
9.9.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“

19::30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00 STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)

ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

