Контакт

Култура

ВМРО-ДПМНЕ: Финансиска „Златна малина“ на Агенцијата за филм

Објавено пред

Постојат основани сомнежи дека во раководењето и работењето на Агенцијата за филм во изминатите шест години има многу законски прекршувања, како и забележлива апсорпција на клучни функции во мал број одбрани персони, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Нивното соопштение го објавуваме во целост:

„’Транспаренси интернешнл Македонија’, како релевантен фактор деновиве излезе пред јавноста со констатација дека постои судир на интереси во Агенцијата за филм и ги повика надлежните институции да постапат по наодите од направената анализа.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати информира и алармира за конкретни состојби во Агенцијата за филм. Имено, во текот на 2022 година доделени се финансиски средства врз основа на објавен конкурс за производство на долгометражен игран, краткометражен игран, документарен и анимиран филм во точен износ од 302.050.000 денари или 4,9 милиони евра. На првиот рок на одлучување доделени се 103.350.000 денари, а на вториот 198.700.000 денари.
Укажуваме дека во 2022 година овие средства не се единствените што Агенцијата за филм ги доделува со едногодишно или повеќегодишно задолжување. Исто така, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ посочува и за двојното финансирање одредени проекти преку годишната програма на Министерството за култура.

Од завршната сметка на Агенцијата за филм за 2022 година, објавена на официјалната веб- страница на институцијата, јасно се гледа дека големиот борч што се таложи се прелева во наредната година. Тие средства изнесуваат над 700.000.000 денари, односно повеќе од 11 милиони евра. Оваа информација само дополнително го засилува алармот, кој укажува на многуте недоследности во финансиското работење на Агенцијата.

Несовесното и незаконско работење на Агенцијата за филм е видливо и во делот на прибирањето на надоместоци. Конкретно, Агенцијата не постапува според утврдената законска процедура. Не се преземаат навремени мерки за прибирање на средства за што постои законска одговорност за злоупотреба на службената должност и овластувањето во согласност со Кривичниот закон.
Агенцијата за филм, континуирано во период од повеќе години, склучува договори за договорни услуги со исти лица. Симптоматичен е податокот што кај некои од нив е утврден судир на интерес. Се наметнува прашањето – што всушност плаќа Агенцијата!?

Прашуваме, дали Владата и Министерството за култура од 2017 година, па до денес, увидуваат недостатоци во финансиското работење на Агенцијата за филм? Реторичко прашање, нели? Недостатоци има, и тоа големи. И, сега, дали некој го задолжува директорот на Агенцијата тие недостатоци да ги отстрани? Како Владата го усвојува годишниот извештај за работа на Агенцијата за филм? Со сериозна анализа или само како информација?

Очигледно, под заштитната капа на Владата и Министерството се раководниот кадар (по завршување на мандатот, без конкурс му продолжува вечно да е вршител на должност), на Агенцијата и на избраните правни и физички лица блиски до ДФРМ.
На потег се институциите на системот во однос на индициите за злоупотреба на службената должност, концентрацијата на моќ и судирот на интереси во раководењето и управувањето со Агенцијата за филм да дадат соодветна правна разрешница и одговор на дилемата – кој кого манипулира!?

Агенцијата за филм ја одигрува својата улога за некого и за нешто. Сепак, според знаењето, способноста и талентот ни „Златна малина“ не може да освојат. Ќе бидат втори“, велат од партиската комисија.

Култура

Новата книга „Егосурфер“ од Александар Русјаков ќе биде промовирана на 18 февруари

Објавено пред

Новата книга на Александар Русјаков – „Егосурфер“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на 18 февруари (среда), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“.

dobivaj vesti na viber

Промотор на оваа збирка раскази од жанровите научна фантастика, хорор и киберпанк ќе биде уредничката Бисера Бендевска.

Иако ова не е негов прв „сурф“ врз брановите на фантастичните жанрови, во својата втора збирка раскази, „Егосурфер“, Русјаков тоа го прави пососредоточено и пофокусирано од претходно. Ова е книга со чисти жанровски контури, во која авторот го меле своето поетско месо низ мелниците на научната фантастика, киберпанкот и хоророт, притоа држејќи се до своите препознатливи книжевни зачини – лиричностa и сатиричностa.

„Оваа збирка раскази го носи насловот ’Егосурфер‘, како што е и насловот на првиот расказ во неа, но егото како омаловажувачка состојба на духот, како и борбата со оваа најмрачна зандана на битието, се поврзани со грешката на единката, а со неа и на општеството, алудирајќи на минорноста на човечкото наспрема присуството и одлуките на надредените ентитети – во случајот кај Русјаков, на божественото. Речиси сите негови херои се ставени пред нивниот идентитетски амбис, а од нивната мудра и праведна игра зависи иднината на самите нив, што подразбира – иднина и на општеството“, пишува Маријана Котевска-Георгиева во освртот кон книгата.

Александар Русјаков е автор на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм и драмски текстови. Пишува поезија и проза, колумни и „дијагнози“, филмски и ТВ-сценарија. Досега ги има објавено: поемата „Недовршена љубовна приказна“, збирката песни „Голтка восхит од солзите на вечноста“, збирката раскази „Ме сакаш ли под дождот?“, романите „Тринаесеттиот месец“, „Атена со пенис“, како и книгите објавени за „Арс Ламина“: „Курвински хроники“, „Албино трип“ и романот „Хотел меѓу две војни“, добитник на наградата „Пегаз“ во 2021 година и на „Рациново признание“ во 2022 година. По повод 100 години од смртта на Франц Кафка, Русјаков минатата година ја напиша и својата прва книга за деца – „Девојчето и куклата што патува“, во издание на „Либи“.

Прикажи повеќе...

Култура

Во МНТ 100-та изведба на „Кец на десетка“

Објавено пред

Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, на 19 февруари, во 20 часот, ќе одбележи значаен јубилеј — 100-та изведба.

dobivaj vesti na viber

Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново.

Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан / Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Секоја изведба создава прецизна, искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен дел од заедничкото доживување.

Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм.

Овој јубилеј сведочи за тоа дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонското глумиште денес се простува од актерката Ленче Делова

Објавено пред

Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11:00 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот.

dobivaj vesti na viber

Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 во Скопје, а почина вчера на 77 годишна возраст. Во 1970 година, се вработила во Драмски театар Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.

Јавноста дополнително ќе биде информира за денот на комеморација што ќе се оддржи во нејзината матична куќа, Драмски театар Скопје

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија4 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија8 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија9 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија11 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија12 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ12 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија12 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура15 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа15 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет16 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа16 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа17 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет17 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија1 ден

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија1 ден

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија1 ден

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија1 ден

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...