Контакт

Култура

„Дон Жуан“ на Андреј Цветановски селектиран за 72. Фестивал на професионалните театри на Војводина

Објавено пред

„Дон Жуан“ од Молиер, во режија на Андреј Цветановски, во продукција на Народно позориште – Вршац, влезе во селекцијата на 72. Фестивал на професионалните театри на Војводина како една од претставите што ја обележаа театарската продукција во Војводина за оваа сезона, според селекторката на годинешното издание на фестивалот, познатата театарска критичарка Александра Гловацки.

dobivaj vesti na viber

Овој фестивал заедно со Стеријно позорје се двата најголеми и најзначајни фестивали во Србија.

„Што се крие зад тоа силно освојување и нечувствителност кон сопствените жртви е основната сфера на интерес на македонскиот режисер, кој е автор на адаптацијата. Во високоестетизираната постановка, со еднакво драмски и комичен набој во актерскиот ансамбл, ова читање отвара широк простор за преиспитување на односот на главниот лик со својот татко и со тоа му дава трагични размери. Вршачкиот Дон Жуан не донесува само ново читање на класиката, туку со минимални додатоци на текстот, а без уништување на основното ткиво, дава нова посложена драмска предлошка“, пишува во извештајот на селекторката. Во селекцијата на овој фестивал се влезени значајни режисери од театарската сцена во Србија и на Балканот, како Харис Пашовиќ, Кокан Младеновиќ, Милан Нешковиќ и други.

Најновата премиера на режисерот Андреј Цветановски беше изведена во Вршац, минатата сабота, во театарот „Стерија“. „Преку амалгамот на слики и авантури и во контраст со неговиот верен слуга Зганарел и сè што е во главата на главниот лик, добиваме трагикомедија на ликот и дејствита на Дон Жуан“, посочува Цветановски, кој беше следен во режисерската идеја од Сергеј Светозарев, сценографот, музиката е на Димитар Андоновски, Софија Лучиќ е костимограф, а дизајнот на светло е на Радомир Стаменковиќ.

В.д. директорката на театарот, Снежана Удицки, за претставата истакна дека ќе ги надмине очекувањата на театарската публика во Вршац и пошироко во сите домени нагласувајќи дека „амбициите во моментот се насочени кон тоа овој театар да стане еден од најдобрите во земјата, но и пошироко“.

„Претстава каква што театарот во Вршац можеби немал со децении. Интересно читање на режисерот кој бара од каде доаѓа потеклото на природата на вечниот заводник преку односот со својот татко. Целата техничка опрема што ја доби Вршац блесна во цел сјај за оваа претстава, сценографијата на Сергеј Светозарев беше сведена, но многу практична и функционална, за дејството и одлично вклопена музика, која е дело на Димитар Андоновски и мислам дека оваа претстава ќе биде важна не само за Вршац туку и за цела Србија за оваа година“, изјави Јелена Периќ од Радио Белград.

Култура

Промоција на „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека на Македонија

Објавено пред

Кинотеката на Македонија најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Кинотеката.

dobivaj vesti na viber

Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.

Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.

Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

Прикажи повеќе...

Култура

Крива Паланка ги отвора вратите за „Невестинско поклонение“: Празник на носиите, обичаите и заедништвото на 1 март во Конопница

Објавено пред

Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“.

dobivaj vesti na viber

Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен идентитет.

Програмата ќе биде збогатена со музички настап на Андријана Алачки и бендот на Гоце „Синтезис“.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод манифестацијата изјави:

„Со вистинска радост и како вистински домаќини, ги отвораме вратите за сите добронамерници кои сакаат да го доживеат овој празник. Ветуваме дека ќе го зачуваме духот на традицијата, убавината на обичаите и автентичните носии, и заедно ќе ги пренесеме овие вредности на идните генерации.“

Од Општината ги повикуваат граѓаните и љубителите на културата да присуствуваат и заедно да го одбележат овој културен настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Фотографска изложба на Александра Костадиновска во КИЦ Белград

Објавено пред

На 24 Февруари 2026 год. во 19 часот во Македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“.

dobivaj vesti na viber

Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, а во рамките на проектот за патувачки изложби „МузеумЛинк“ под кураторство на Јасминка Намичева-кустос советник. Претставувањето пред белградската публика е благодарение на подршката од МКИЦ Белград и Министерството за култура и туризам, а изложбата вечерва ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

Фотографиите на Костадиновска се креирани во корелација на тенката линија меѓу документарното и поетското. Во нејзините кадри се препознава смелоста да се напушти комфорната зона, но и тивката радост од прифаќањето на непознатото со осет за миговноста на моментот.

Архитектонските структури, крајбрежните перспективи, тишината на скаменетите дини или случајните сенки кои се проектраат на фасадите не се само регистрирани мотиви – тие се прераскажани во вид на лични записи, каде сонцето е водич, но и сведок. Тоа е визуелна приказна која го надминува поимот на класичен патепис. Тоа е серија фотографии што истовремено функционираат како интимен дневник, како документ на едно лично патување низ европските простори, и како универзална медитација за светлината – нејзината материјалност и нејзината нематеријална сила.

„Осончена тишина“ е и студија за времето: за утринската мекост на светлината, за попладневниот интензитет и за нежната златна нијанса на зајдисонцето кое отскокнува од мазната површина на водата. Секоја фотографија ја носи во себе идејата за минливоста но истовремено и постојаноста – моментот исчезнува, но светлината како чувство во нашата меморија останува.

Со својата суптилност и истовремено силна визуелна експресија, „ Осончена тишина“ претставува покана кон сите нас да ги забележуваме сопствените „сончево бакнати“ моменти – оние мали, минливи фрагменти што се претвораат во вечни спомени замрзнати во личната мемориска капсула.

Изложбата ќе биде поставена пред белградската публика до средината на месец март.

Во вториот дел од вечерашнава програма, предвиден е омаж за неодамна починатиот д-р Коста Балабанов (1929-2026), преку прикажување на неколку документарни филмови од некогаш исклучително популарниот телевизиски серијал „Закопана мистрија“

Д-р Коста Балабанов беше една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност, конзерватор, научник, дипломат и културен деец, кој остави длабока трага во прочувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија20 минути

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија21 минута

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија28 минути

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија31 минута

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија47 минути

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија1 час

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија2 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа3 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет4 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет4 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет4 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет4 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија18 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија20 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ22 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија23 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија23 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија1 ден

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...