Контакт

Култура

Дуото „Гелебешеви“ – перфекционисти во музичката креација

Објавено пред

За прекрасната музичка вечер на фестивалот Охридско лето вчеравечер се погрижија уметниците од пијано-дуото „Гелебешеви“. Извонредните пијанисти Катерина Костадиновска-Гелебешева и Григор Гелебешев ја воодушевија публиката со внимателно избраниот репертоар и со својот врвен пијанистички артизам.

dobivaj vesti na viber

Според музичката стручна критика, настапите на дуото „Гелебешеви“ се карактеризираат со перфекција во музичката креацијата доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект, а тоа се потврди и со нивниот вчерашен настап под акустичните сводови на катедралната црква „Света Софија“.

„Возбудата и тремата се присутни пред секој настап. Но, овој настап на Охридско лето ми претставува голема чест и задоволство. Вторпат настапуваме на Охридско лето со целовечерна програма, а задоволството е уште поголемо што свириме на убав инструмент во прекрасна акустика и пред убава публика“, вели пијанистката Катерина Костадиновска-Гелебешева.

Репертоарот на дуото „Гелебешеви“ е селекција од колоритни дела со разновидна стилска и жанровска определба, што најсликовито може да го претстави естетскиот афинитет на двајцата уметници.

„Пред четири години на овој подиум имавме програма за пијано за четири раце. Оваа година програмата во првиот дел е за четирирачно пијано, а во вториот дел за две пијана. Беше интересно додека ја подготвуваме, а се надевам дека беше исто толку интересна и за публиката“, вели пијанистот Григор Гелебешев.

Двајца истакнати македонски пијанисти, кои го делат и приватниот живот, поседуваат богати и разновидни уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина – пијано-дуо „Гелебешеви“. Тие се препознатливи на концертната сцена по уникатниот творечки перформанс, специфичен за изразито талентирани и врвно подготвени уметници и со своите инспиративни интерпретации умеат да го задржат вниманието и на најпребирливата публика.

„Заедничкиот приватен живот секако дека е голема предност за вакво музицирање. Разбирањето, почитувањето и заедничкиот живот си носат свои предности и предизвици“, додава Костадиновска-Гелебешева.

Репертоарот на дуото „Гелебешеви“ е селекција од колоритни дела со разновидна стилска и жанровска определба, што најсликовито може да го претстави естетскиот афинитет на двајцата уметници. Почнувајќи од класиката и сонатите на Моцарт, концертните програми содржат оригинални дела за пијано – четири раце и дела за две пијана, со посебен акцент на епохата на романтизмот: Шуберт, Шопен, Росини, Брамс, Дворжак, Шабрие, Лист, како и сите бои и звуци на дваесеттиот век – Дебиси, Равел, Рахмањинов, Хачатуријан, Барток, Барбер, но и низа композиции од современи композитори од 21 век. Со цел промоција на македонската музичка култура надвор од границите на својата земја дуото особено внимание посветува на изведба на пиеси од современи македонски композитори. А транскрипциите на познати оркестарски и камерни дела, подготвени од пијанистот Глигор Гелебешев, специјално за дуото, несомнено на нивните настапи им даваат дополнителна творечка и креативна димензија.

Култура

Скопје се подготвува за „Бела ноќ“: целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена

Објавено пред

Универзална сала и Град Скопје ја најавуваат 21-та изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи на 04 октомври 2025 година (сабота).

dobivaj vesti na viber

Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена преку концерти, изложби, мултимедијални изведби, литературни читања и перформанси кои ќе бидат достапни за сите граѓани и посетители.

Избрани настани од програмата:

Сули Ан | од 20:00 ч.
„Стара скопска чаршија: визии за иднината“ – мултимедијални презентации, изложби по што следуваат DJ сетови на диџеј Дарко Јорданов (Скопје), диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз)

Музеј на македонската борба | 20:00 ч.
Изложба „Од чета до армја“.

Научен музеј | 20:00 ч.
Изложба во соработка со ООУ „Вера Јоцич“ – „Преспанско езеро – бисер на природата“.

Детски културен центар | 11:00 ч.
Детска ликовна изложба.

Библиотека „Браќа Миладиновци“ | 19:00 ч.
Промоција на книга „Работилница за поправка на чувства – втора антологија на иднината“.

Културен дом „Кочо Рацин“ | 19:00–21:00 ч.
Збир на повеќе настани

Културно информативен центар | 20:00 ч.
Збир на повеќе настани

Музеј на Град Скопје | 19:00 ч.
Изложба ДЛУМ

Младински културен центар | 20:00 ч.
Претстава „Велеградски варијации“

Изложба на детски цртежи „Со очи детско срце“ – Славица Копенкова | 20:00 ч.

„Бела ноќ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град.“

Настанот е во организација на Универзална сала, а финансиран од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Новата концертна сезона на Македонската филхармонија се отвора в четврток

Објавено пред

Од

Новата концертна сезона на Македонската филхармонија се отвора в четврток, во 20 часот со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери, потенцираше дека новата концертна сезона 2025-2026 е насловена „#Без филтер“ бидејќи класичната музика не подлежи на вештачки разубавувања, дека станува збор за уметност без шминка, без технолошки разубавувања, уметност во својот најавтентичен облик.

„Оркестарот на Македонската филхармонија и во сезоната 2025/2026 ќе тргне во нова звучна авантура со возбудливи солисти и диригенти кои ја испишуваат денешната историја на класичната музика и се етаблираат на светската сцена како врвни уметници. Нашата публика повторно ќе има привилегија да доживее неповторливи мигови на врвно уметничко задоволство“, вели Имери.

Директорот на Филхармонија го најави и гостувањето во „Музикеферјан“ во Виена , на 28 октомври, на матичната сцена на која познатата Виенска филхармонија ги одржува своите концерти, меѓу кои и еден од најпознатите – Новогодишниот концерт кој се одржува секој 1 јануари.

„Во Виена ќе се претставиме со спој на македонската традиција и европската класика – ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори – Глигор Смокварски, Бете Илин, Сони Петровски како и Симфонијата број 8 од Антонин Дворжак. Како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Ова е историски момент за нашиот оркестар, но и за нашата држава чија музичка култура и традиција ќе ја претставиме на најдобар начин, како најстар и единствен симфониски оркестар во државата. Македонската филхармонија уште еднаш ќе испише историја, и ќе докаже дека културата е најсилниот дипломатски инструмент и најдобар амбасадор на државата во светот“, истакна Имери.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македонска крвава свадба“ – дигитално реставрирана проекција во рамките на „Сезона на филмски класици“

Објавено пред

Oваа година, на 2 октомври, со почеток во со почеток во 20:00 часот – во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ (1967, режија:Трајче Попов), како дел од проектот „Сезона на филмски класици“.

dobivaj vesti na viber

Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот во неговата обновена, дигитално реставрирана верзија, а на младите генерации да се запознаат со еден од најрепрезентативните примери на македонската филмска традиција. Со цел да се овозможи што поширока достапност, филмот во исто време ќе биде емитуван во живо преку Јутуб каналот на Кинотеката, овозможувајќи ѝ на публиката надвор од Скопје и Македонија да го проследи ова значајно културно случување.

Овој значаен настан е дел од европскиот проект „Сезона на филмски класици“ (A Season of Classic Films) – иницијатива на Асоцијацијата на европски кинотеки (Association des Cinémathèques Européennes – ACE), поддржана од програмата „Креативна Европа“ – МЕДИА на Европската унија. Во рамки на овој проект, Кинотеката ги дигитализираше и дигитално ги реставрираше филмовите МИРНО ЛЕТО, ФРОСИНА, МЕМЕНТО и МИС СТОН, како и кратките етнолошки филмови МАРИОВСКА СВАДБА, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ и РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ.

„Сезоната на филмски класици“ претставува уникатна можност за европската и светската публика повторно да ги открие ремек-делата на филмското наследство, со акцент на културната разноличност и историјата на филмот.

Од своето основање, проектот овозможи реставрација и повторна дистрибуција на над 210 европски филмови, а оваа година низ програмата се претставуваат повеќе од 40 новореставрирани филмски дела од 27 европски филмски архиви. Во тој избор влегува и филмот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, како еден од најзначајните македонски филмови којшто го доловува историскиот и културниот контекст на нашата земја и кој претставува камен-темелник во развојот на националната кинематографија.

Со оваа проекција, Кинотеката се приклучува кон европската мрежа на институции кои го негуваат и промовираат филмското наследство, овозможувајќи старите филмови повторно да заживеат пред нови генерации гледачи.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго е повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа1 час

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет3 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа3 часа

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет3 часа

Трамп: Блиску сме до договор со Харвард, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет3 часа

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија14 часа

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...

Македонија14 часа

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС...

Македонија15 часа

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија15 часа

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...

Регион16 часа

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа...

Регион16 часа

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени...

Македонија16 часа

Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата...

Македонија21 час

Мицкоски: Нека ме наречат заостанат, но формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ...

Македонија22 часа

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните...

Топ23 часа

Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за...

Свет1 ден

(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и од Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа...

Европа1 ден

Зеленски: Ослободивме повеќе од 174 квадратни километри од Украина

Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа...

Свет1 ден

Нова ескалација – Мадуро вели дека САД подготвуваат напад, си даде поголеми овластувања

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро потпиша декрет со кој му се даваат дополнителни безбедносни овластувања во случај на воен упад на...

Свет1 ден

(Фото/Видео) Белата куќа го објави мировниот план на Трамп за Газа, Нетанјаху го прифати

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одржаа клучна средба во Белата куќа, на која Трамп го...