Контакт

Култура

„Едвард Втори“ – копродукциска драма помеѓу велешкиот театар и бугарските актери од театарот „Масалтинов“

Објавено пред

Театарската претстава „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на актерите од НУЦК Театар „Јордан Х. К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија, вчеравечер премиерно беше изведена во рамките на драмската програма на фестивалот Охридско лето.

dobivaj vesti na viber

Претставата имаше неколку насоки, но главната беше приказната за „Едвард Втори“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард Втори“ на Вилијам Шекспир. Во драмата се обработуваа темите, како татко и син, отсуството на мајката, мотивите на моќта и луксузот, а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност, бракот на Едвард, создавањето семејство, некомпатибилноста, како и промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите.

Директорот на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и драматург на претставата, Сашо Димоски, вели дека на овој проект се работело макотрпно цели два месеца, како што појасни – во услови и на начини што ги надминуваат рамките на она што досега било поимање на создавањето театарски претстави. Според него, преку интензивен и многу жесток процес завршниот резултат се разликува од сето она што велешкиот театар го продуцирал досега.

„Театарот на Андриј Жолдак почива на ирационалното, на манифестација на потсвеста преку создавање автентичен говор на телото во криза. Но, само од една страна. Од другата маркер на неговиот ракопис е длабокото промислување на psihis-от на ликот и неговата реализација во концептот за актерската игра. А од трета страна тој создава партитури преку поврзување отсечки во секвенциите што ја градат мизансцената и нивно монтирање во целина на изведбата поимајќи ја притоа мизансцената како доминантен тип на текст. ‘Едвард Втори’ е синтеза на овие постапки, а особеноста на прочитот на пиесата на Марлоу стои во вртењето на оптиката од насловниот лик кон ликот на Изабела де Валоа, сопругата на Едвард Втори, како и во интерпретацијата на ликот на Едвард преку двајца актери“, вели Димоски.

Во претставата играа Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата ја изработија Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите беа на Симон Мачабели и Раде Василев.

Ова е трета соработка на режисерот Андриј Жолдак со македонски актери по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ.

Култура

Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024

Објавено пред

МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.

dobivaj vesti na viber

Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.

Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“

Објавено пред

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“

Објавено пред

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“

dobivaj vesti na viber

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија4 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија5 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија7 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион8 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија8 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет9 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа9 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет9 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија21 час

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија1 ден

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија1 ден

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...