Култура
Единствената македонска монодрама вечерва на Фестивалот во Битола

На претпоследниот фестивалски ден на интернационалниот Фестивал на монодрама Битола 2018, во официјална конкуренција ќе бидат изведени уште две монодрамски остварувања. Вечерва во 20 часот пред битолската публика ќе биде одиграна единствената македонска монодрама „Јас, Селма“ од авторот Милош Андоновски, кој воедно е и режисер на претставата, со актерката Симона Спировска. Во 22 часот ќе биде одиграна претставата „Мадам Мишима“ од Елена Алексиева, со актерот Михаил Милчев, кои доаѓаат од „Артсенсориум“, Софија, Бугарија.
Во изминатите два фестивалски дена беа одриграни 5 монодрами: „Големо е моето срце“ со актерот Среќко Марчета од БиХ, „Контрабас“ со Шовги Гусеинов од Азербејџан, „Дивото дете во градот“ од САД, во изведба на актерката Тјаша Ферме, „Однапред и одназад“ со актерот Матеуш Новак од Полска и „Сните на Хамлет“ со Александер Аладишев од Русија.
Жири-комисијата, предводена од претседателот Коле Ангеловски и членовите Нина Мазур и Весна Петрушевска, ќе има тешка задача со оглед на тоа што досега беа прикажани многу квалитетни претстави, кои наидоа на одличен прием кај битолската публика, која и годинава во голем број и со голем интерес ги следи сите монодрамски изведби.
До крајот на фестивалот останува уште утрешната последна монодрама „Ќиро Блажевиќ“ во изведба на Тарик Филиповиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.