Контакт

Култура

Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024

Објавено пред

МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.

dobivaj vesti na viber

Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.

Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

МНТ ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со популарната претстава „12“

Објавено пред

Македонскиот народен театар ќе го одбележи 27 март – Светскиот ден на театарот со изведбата на популарната претстава „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов.

dobivaj vesti na viber

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Автор на меѓународната порака е Теодорос Терзопулос, театарски режисер, едукaтор, автор, од Грција, основач и уметнички директор на Аттис – Театарска компанија, инспиратор на Театарската олимпијада и раководител на Меѓународниот комитет на Театарската олимпијада.

Авторот на македонската порака за 2025 година е актерот Емил Рубен, пензиониран актер од ансамблот на МНТ, филмски и ТВ-актер.

Двете пораки ќе бидат прочитани непосредно пред почетокот на претставата, а честа да ѝ се обратат на публиката е на прекрасните актерки Арна Шијак и Софиа Насевска-Трифуновска.

Претставата е работена по мотивите на драмата „12 гневни луѓе“ (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз – еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Игра познатата машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

Претставата забележа рекордна распродажба по премиерата и карти не можеа да се најдат и неколку месеци однапред.

Прикажи повеќе...

Култура

Програма на 15. филозофски филмски фестивал: проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори

Објавено пред

Филозофскиот филмски фестивал – Скопје најавува проекција на четири филмови од Меријам Тафакори, наградувана иранско-британска уметница и филмска авторка, чии дела се одликуваат со длабока филозофска релевантност и иновативен пристап кон филмскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

Проекцијата ќе се одржи на 28. март (петок), во 20:00 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје. Ќе се проектираат следниве филмови: „Irani Bag“ (2021, 8’), „Nazarbazi“ (2022, 20’), „Code Names“ (2022, 21’) и „Mast-del“ (2023, 18’). По проекцијата ќе следи онлајн разговор со Меријам Тафакори, а модератори на разговорот ќе бидат Ивана Мирчевска и Ѓорги Пулевски.

Во врска со проекцијата, на 27. март (четврток) од 18:00 часот во КСП Центар-Јадро ќе биде одржана работилница, на која учесниците, преку користење на колажни техники, реорганизирање на постоечки визуелни архиви, текст и звук, ќе имаат можност да истражат нови релации, значења и наративи, инспирирани од нејзиниот уникатен пристап.

Меријам Тафакори е визуелна уметница и филмска режисерка родена во Иран, чии дела комбинираат поезија, архивски материјали и рефлексивна документаристика. Таа користи филмски колаж, поезија и архивски звук и слики, создавајќи динамичен дијалог околу теми како што се меморијата, идентитетот, моќта, интимноста и отпорот. Нејзините филмови поттикнуваат критичка рефлексија и дијалог, истовремено промовирајќи го филмот како медиум за филозофско размислување.

Тафакори нуди повеќеслојна леќа кон иранското кино и раскажувањето на приказни, без да се потпира на воспоставените погледи и пракси. Деконструирајќи го постреволуционерниот ирански филм таа ни го открива невидливото и интимните форми кои оперираат во овие слики во движење, а кои успеваат да ја заобиколат постоечката цензура. Со својата идиосинкретична филмска естетика и поетичен визуелен јазик, Меријам создава феминистички контра-архиви кои го предизвикуваат и Источниот и Западниот кинематографски поглед.

Нејзиниот филм Mast-del премиерно беше прикажан на Directors’ Fortnight во Кан и беше вклучен меѓу најдобрите кратки филмови и видео есеи на 2023 година. Нејзините дела се прикажувани во водечки институции како MoMA, Tate Modern, LUX London, како и на престижни фестивали, меѓу кои Locarno, Toronto и New York Film Festival.

Тафакори е добитничка на бројни награди, вклучувајќи ја Film London Jarman Award (2024), Gold Hugo (Chicago IFF), Tiger Short Award (Rotterdam IFF) и Barbara Hammer Feminist Film Award (Ann Arbor FF).

Проекцијата е поддржана од Британскиот совет.

Прикажи повеќе...

Култура

„Балканско патување“ и гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска со настап во Софија

Објавено пред

Регионалното претставување на музичкиот проект „Балканско патување“ на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска започнува вечерва, со концерт што со почеток во 18.30 часот ќе биде одржан во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, Република Бугарија.

dobivaj vesti na viber

На концертот настапуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска-Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите се на Пламенка Трајковска. Концертот е со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија.

„Балканско патување“ е музичко-истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот, а за кои одделните народи сметаат дека се автентично нивни. Токму заедничките елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Според Пламенка Трајковска, авторка на овој, по многу нешта, единствен музички проект, во новите композиции струјат неколку доминанти елементи како: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, како и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика, кои имаат само еден наслов: Балканска композиција“.

Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во музичката ризница наречена Балканска музика за и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија9 часа

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија9 часа

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија11 часа

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија12 часа

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија13 часа

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија14 часа

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија15 часа

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет17 часа

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа17 часа

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...

Македонија1 ден

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на...

Македонија1 ден

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано...

Македонија1 ден

Советот остана без кворум и не се произнесе за разрешувањето на Коцевски, Владата ја стопира постапката

Советот на јавни обвинители остана без кворум и без да изнесе мислење за државниот обивнител, Љупчо Коцевски. Седницата беше одложена...

Култура1 ден

Сара беше жена карпа, таа беше музика – комеморација за Пројковска која го загуби животот во пожарот

На Факултетот за музика уметност денес се одржа комеморацијата за професорката по пијано и пратечки вокал на речиси цела музичка...

Македонија1 ден

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по...

Македонија1 ден

Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска...

Македонија1 ден

Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири, контролите продолжуваат, најави Митева

За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап –...

Македонија2 дена

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата „Влен“ е релативно стабилна

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, тврди дека состојбата и во коалицијата, но и...

Македонија2 дена

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информира дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од...

Македонија2 дена

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...