Контакт

Култура

Комеморативен собир во спомен на Далибор Ѓошиќ, прерано починатиот солист на „Танец“

Објавено пред

Денеска во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во присуство на бројни колеги, пријатели и најблиското семејството, се одржа комеморацијата по повод смртта на Далибор Ѓошиќ, истакнатиот вокален уметник и солист во овој ансамбл. На комеморацијата говореа уметничкиот раководител на сценско-уметничката дејност во НУ Танец, истакнатиот етномузиколог м-р Бранка Костиќ – Марковиќ, потоа познатиот музички педагог, инструменталист, композитор и аранжер Сашо Ливрински и вокалната уметница и колешка на починатиот Ѓошиќ од хорот на Танец, Габриела Новевска.

dobivaj vesti na viber

„За музичар, уметник како нашиот колега Далибор Ѓошиќ испраќањето во вечното почивалиште треба да е свеченост. Музичарите не се испраќаат во тишина, туку со музика и затоа предлагам оваа комеморација наместо со едноминутен молк да ја започнеме со еден музички колаж кој ќе не потсети на нашиот непрежален колега, неговиот раскошниот талент и неговата ненадоместлива улога во нашиот ансамбл“ – кажа Костиќ-Марковиќ и го сподели со присутните видео омажот за Далибор Ѓошиќ, после кој следеше повеќе минутен аплауз, чин кој верно го следеше Ѓошиќ после сите негови концертни настапи и кој беше единствено соодветен и за ова негово последно испраќање од колегите. Таа потоа потсети на неговиот животен и плоден професионален пат од кој издвои еден детал од почетоците на неговата кариера како професионален пејач во „Танец“. Во кусата биографија која пред 16 години ја приложил Далибор Ѓошиќ на конкурсот за вработување во Танец, покрај основните податоци за неговото образование и дотогашно искуство го напишал и следното: „Музиката е мојот живот, затоа имам желба професионално да се занимавам со неа.“ Ова говори од какво значење за него претставувала музиката – живот.

После воведниот дел проследен со многу фотографии од концертниот и приватниот живот на Ѓошиќ, следеше обраќањето на познатиот македонски инструменталист, композитор и музички педагог, Сашо Ливрински, кој се осврна на долгогодишната соработка со прерано починатиот уметник, зборувајќи за нивната прва средба и најважните моменти на валоризација на неговиот раскошен талент, во Танец, но и на фестивалските сцени.

„Истакнат пејач од прв ред – солист“ во Танец, таква позиција не се добива случајно, туку со многу работа и надоградување на она со што сме дарувани како предиспозиција. Беше еден од ретките млади пејачи што го негуваше македонскиот начин на интерпретирање, со мека боја на гласот, која по потреба стануваше и нешто друго, заради доловување на емоцијата во песната. Заедно со вкусно умереното орнаментирање на мелодиите, го правеше исклучителен пејач од врвен карактер. Можам да кажам како надворешен соработник на ансамблот, дека тој како член на хорот, секогаш стоел на врвот од исполнителноста, со стопроцентна присутност при креирањето на моите хорски обработки, и се разбира, со максимална професионалност при изведбата на истите, за што сум неизмерно благодарен. Тоа ја покажува неговата голема посветеност и одговорност, како личност, кон музичката професија и трудот на композиторот. Даки освен што беше врвен пејач, беше и одличен автор, кој што беше присутен на сите музички фестивали во Македонија и со тоа активен фактор за оформување на музичкиот вкус на публиката“.

На овие врвни квалификации за професионалните капацитети на починатиот колега се надоврзаа и високите оценки на неговите човечките особини. За Далибор како другар и колега говореше неговата колешка од хорот на „Танец“, воедно и позната вокална солистка на етно групата „Монистра“, Габриела Новевска.

„Чест ми е што можев да работам со пејач како Далибор. Во текот на годините го запознав и како човек. Далибор беше искрен и ненаметлив пред сѐ. Не сакаше ни да пречи некому, ниту да му пречат. Најмногу од сѐ сакаше да пее, а немаше некој од нас од колегите кој не сакаше да го слуша. Далибор можеше сѐ да отпее. И лирска и викоечка песна. Гласот на Далибор можеше да биде мек како памук, но можеше да сруши и планина.“

Со заминувањето на Далибор Ѓошиќ, Танец и македонската народна музика изгубија многу. Тој почина на 10 октомври во Скопје, на возраст од 41 година, после кусо и тешко боледување. Својот професионален стаж го помина во НУ Танец, каде оствари бројни настапи, дома и надвор. Покрај изведбите на традиционални македонски песни, тој реализираше и бројни фестивалски настапи, со квалитетни новосоздадени фолклорни напеви, од кои голем дел беа негови авторски композиции. За само 16 години поминати во „Танец“, Ѓошиќ оствари 363 концертни настапи, во вкупно 23 држави во светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Единаесет романи останаа во конкуренција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

dobivaj vesti na viber

Жири комисијата во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција ги одбраа 11-те романи што остануваат во трката за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа 46 романи. Во првата селекција беа одбрани 22 наслова.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Прикажи повеќе...

Книги

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Објавено пред

Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, издавачката куќа „Матица македонска“ денеска ќе ја заокружи иницијативата „Подари книга, подари свет“ по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги и во рамките на чествувањето на 35-годишнината од нејзиното основање.

dobivaj vesti na viber

-Клучни книги за македонската историја, студии за македонскиот јазик, избрани дела од дел од најзначајните македонски поети и прозаисти, дела од и за македонската книжевна историја, монографски изданија за македонската култура и антологии се само дел од донацијата на „Матица македонска“ за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Друштвото е формирано во 2009 година со цел да се заштити македонското национално малцинство во Република Албанија и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава што е рамноправен член со право на глас во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија, соопшти „Матица“.

Издавачката куќа информира дека Македонско друштво „Илинден“ – Тирана упатува искрена благодарност за вредната донација со македонска литература.

-Оваа значајна иницијатива претставува силна поддршка и дополнителен поттик за зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу Македонците во Република Албанија. Со вакви дела на солидарност и соработка се зацврстуваат културните врски и се создаваат нови можности за понатамошна поддршка и заеднички активности. Гестот и заложбата на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, Македонците од Албанија, вклучително и младите генерации да имаат можност да читаат и да се едуцираат на македонски јазик од вредни дела, притоа осознавајќи многу за македонскиот идентитет, е од суштинско значење за нас и за остварување на нашата цел, истакнува претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Во соопштението е наведено дека донацијата од „Матица македонска“ содржи изданија што ќе можат да ги опфатат сите предели каде што живее македонското национално малцинство во Албанија и каде што Македонкото друштво „Илинден“ има активности, вклучително и преку органокот во Голо Брдо.

-Оваа акција на првата издавачка куќа во самостојна Македонија се случува во клучен период на предизвици за македонското национално малцинство во Албанија, а непосредно откако Македонското друштво „Илинден“, на 6 февруари, одбележа 17 години постоење, соопшти издавачката куќа.

Во текот на изминатите недели, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, „Матица македонска“ донираше книги и за Друштвото на иселениците од Македонија „Егемакгоч“ во Измир, Турција,  за училиште во Света Недела, Хрватска, каде што се изучува македонскиот јазик, како и за Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

-Во ова Друштво, покрај иселеници Турци, кои иако отселени во 1957 година сѐ уште со гордост го зборуваат македонскиот јазик, членуваат и нивните потомци – до најмладите генерации родени таму во 21 век, коишто имаат желба да го научат и да зборуваат, читаат и пишуваат на јазикот на земјата од којашто потекнуваат – македонскиот, и љубовта кон него и кон Македонија да се пренесува од генерација на генерација. Само еден ден откако беше објавено дека во уште едно училиште во Хрватска, во градот Света Недела во близина на Самобор, ќе се изучуваат македонскиот јазик и култура, веќе се случи првата донација од Македонија за училиштето. „Матица македонска“ испрати голема донација од книги во Хрватска, за учениците што ќе го учат предметот Македонски јазик и култура во Света Недела. На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, заедно со „Алкалоид“, „Матица македонска’ донираше капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана – првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, оваа донација е и првата поддршка во ваков формат упатена од Македонија до љубљанската македонистичка катедра по овој повод, соопшти „Матица македонска“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Пинокио“ премиерно во Битола

Објавено пред

По повод новата премиера „Пинокио“ од Карло Колоди, денес се одржа прес-конференцијата во Битолскиот театар. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век нè потсетува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. На прес конференцијата присутните ги поздрави и ги информираше за програмата за 2026., директорот на НТБ Битола Васко Мавровски.

dobivaj vesti na viber

„Министерот за култура и туризам за одредени национални установи кои во изминатата година покажале исклучителни ре-резултати во работењето, донесе Одлука за избор на национални установи на кои работењето во 2026 година ќе се финансира со делегиран буџет. Доделени средства за работа се вкупно шест милиони четиристотини педесет и осум илјади денари, од коишто, имаме дел за меѓународна соработка, дел за проекти за оваа година и една мала ставка за одржување на објектот. Со одлука на Управен одбор, по предлог програма на директорот, која претходно е потврдена од страна на Уметничкиот совет, се донесе одлука да се работат девет проекти, во делот на реализација на театарски претстави, три гостувања и делот за одржување на објектот.

“Пинокио” од авторот Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски – износ 1.250.000 денари, “Пламенка” од авторот Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева – износ 0 денари, бидејќи тоа е копродукција со независна сцена, финансирана од Министерството за култура.

“Не се дотерувај за вечер” од авторот Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски – износ 590.000 денари, “Госпоѓа Бовари” од авторот Густав Флобер, во режија на Дејан Пројковски — износ 100.000 денари, “Кориолан” од авторот Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел — износ 1.600.000 денари, “Господин Благородник” од авторот Молиер, во режија на Благој Мицевски – износ 368.000 денари, “Битола Шекспир Фестивал” во организација на НУ Народен театар Битола — износ 460.000 денари, “Ни треба пејачка” од авторот Кен Лудвиг, во режија на Ненад Витанов — износ 1.100.000 денари, “Новогодишен сон” од авторот Јулијана Мирчевска, во нејзина режија – 0 денари. Тоа ќе биде претстава која ќе ја финансираме од сопствени средства и се надевам дека ќе бидеме дел од Зимската приказна на Општина Битола и со тие средства ќе успееме на некој начин да ја оформиме претставата во однос на сценографија и на костими“.

Тука се и неколку меѓународни гостувања.

„Гостување со “Кориолан” од авторот Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, во Верона, Италија на “Verona Shakespeare Fringe Festival” – износ 482.000 денари. Ова дело за прв пат се поставува во ваква форма во Македонија, чија премиера ќе се случи на Охридско лето.

Гостување со “Ричард ІІІ” од авторот Вилијам Шекспир, во режија на Мартин Мирчевски, во Тарговиште, Романија на “The 14th edition of BABEL International Performing Arts Festival” – износ 304.000 денари. Гостување со “Едмонд” од авторот Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски, во Подгорица, Црна Гора на “Festival of International Alternative Theatre – FIAT” -— износ 164.00 денари“.

Износот за одржување на објектот е 150.000 денари кои ќе бидат потрошени за четириесет сијалици за рефлектори. На прес конференцијата беше истакнато и пронаоѓањето на оригиналната завеса подарок од српската кралица за тогашниот Битолски градски театар. Токму првата претстава на македонски јазик Ѓоре Магаревски се одвивала со таа црвена завеса зад актерите.

Најновата премиера — претставата за деца „Пинокио“во режија на Деан Дамјановски, ќе биде изведена на 28 февруари во 18 часот. Пред точно 30 години актерката Валентина Грамосли беше Пинокио, а oваа година Пинокио е актерот Никола Стефанов. За новата претстава Мавровски истакна:

„Мислам дека имаме уште еден голем спектакл во којшто вложивме многу средства, народни пари од страна на Министерството за култура и мислам дека целосно ја оправдавме посветеноста на работата со деца и за деца, бидејки овој театар е Народен театар и овој театар треба да создава што е можно повеќе поквалитетни, поспектакуларни претстави. А Пинокио е пример за тоа како и останатите театри во државата треба да вложуваат и да создаваат театар посветен на децата“.

Режисерот истакна дека последната соработка со Битолкиот театар била пред 5 години.

„ Тоа беше претставата „Сомнително лице“, исто една претстава којашто е сè уште на репертоарот и којашто, еве, како што ми кажува директорот, е секогаш полна и има интерес кај публиката. Мене ми е многу драго дека успеавме, да се договоривме со директорот дека овој проект треба да го има овде и дека ќе биде значаен. Овој пат направивме една таква синтеза или симбиоза меѓу возрасни, професионални актери и луѓе коишто го сакаат театарот. Некои од нив веројатно и ќе бидат еден ден на овие штици, млади луѓе кои безрезервно се втурнаа во оваа наша авантура. Можам да кажам дека процесот на работа беше доста интересен, пред се интересен и мислам дека со екипата многу добро се сработивме.

Претставата носи една интересна порака за изборите кои ги правиме во животот, за тоа дека секогаш, секојдневно сме поставени пред некакви избори и дека некогаш правиме погрешни избори, но никогаш не е доцна човек да се врати на вистинскиот пат“.

„Пинокио“, актерот Никола Стефанов истакна:

„Мислам дека оваа улога е нешто што ќе ми остави длабока трага во мојот актерски живот. За мене Пинокио не е кукла која станува момче, туку е совест која станува гласна. Мислам дека преку Пинокио децата ќе добијат поракат дека со пократкиот пат во животот е искреноста, смелоста, а доколку се занимаваат со поинакви или како да речам лоши работи, патот знае да стане подолг. Направивме забавна и поучна претстава која ќе биде интересна и за млади и за стари“.

Актерка Валентина Грамосли додава:

„Пред триесет години бев Пинокио, а сега Штурецот. Пред триесет години бев една наивна кукла која што оживува и е втурната во животот, а сега Штурецот, којшто треба таа кукла да ја води. И навистина е многу тешко да се биде совест на една дрвена кукла, во смисла, тешко е да се биде совест на едно дете кое што не е расипано, туку е чисто и влегува во животот. Како што кажавме, како што веќе спомнаа, многу е важно да се избере точно. Доколку секој од нас во животот има еден штурец кој што ќе биде негова совест, мислам дека животот и светот ќе биде многу, многу подобар“.

Покрај нив во претставата се и: Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски. Тон мајстор Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, суфлер Мирјана Христовска, инспициент Оливер Петровски.

На прес конференцијата беа и децата од Театарска школа „Бабец“, кои учествуваат во претставата и несебично, со вистинска посветеност и изненадувачка професионалност ги носат своите улоги: Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски.

Тие се дел од целиот процес – од првата проба до денес – растејќи заедно со приказната и внесувајќи ѝ искрена детска енергија што не може да се одглуми, туку само да се живее.

Официјално беше најавена и соработката со добро познатиот македонски илустратор Михајло Димитриевски, кој оваа година се потпишува зад дизајнот на рекламниот материјал и визуелниот идентитет на претставата, како и зад уникатниот дизајн на билетите. Со неговиот препознатлив стил, „Пинокио“ добива дополнителна визуелна магија уште пред да се крене завесата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија2 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија3 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет3 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет4 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет5 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет6 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет7 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет10 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија12 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет13 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет15 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет19 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет23 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет23 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет24 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 ден

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет1 ден

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија1 ден

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...