Култура
Комеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип

В петок, на 28 март, со почеток од 12:00 часот во Народниот театар – Штип во, заедничка организација на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот, Филип Стевановски.
Стевановски кој свиреше клавијатури како дел од бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март.
Стевановски потекнува од Куманово, а на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, каде што живееше и работеше.
Тој беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Стевановски и неговиот колега Александар Коларов кој беше гитрист во групата, беа оженети за две сестри. Ирена Крстевска Стевановска, сопругата на Филип, беше вокалистка во неговиот ФИС Бенд.
Стевановски беше погребан на Градските гробишта во Штип.
(Видео) Последната снимка на членовите од бендот „ДНК“ Ѓорги Ѓорѓиев и Филип Стевановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Прилепскиот театар времено затворен по инспекцискиот надзор, објектот не е безбеден

Забрана за користење на објектот доби Народниот театар „Војдан Черодрински“ во Прилеп откако инспекцискиот надзор констатирал фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција.
Од Театарот соопштија дека сите премиери, театарски поставки и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика се одложуваат.
„Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман“, велат од Театарот.
Се додава дека театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини.
Култура
Изложба на Јана Иванова по повод 2. април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот

По повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во Младинскиот центар „Матично“, ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка во IV oдделение при ООУ. „Димитар Миладинов” oд Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 30 април, а може де биде посетена секој работен ден од 10 до 16 часот. Нејзиното отварање ќе биде на 2 април во 12 часот.
„Се разбира, најповеќе како нејзин родител, сметам дека таков настан ги истакнува воошшто уметничките тежнеења на децата во нашата земја а конкретно, ја подигнува свеста за важноста на инклузијата и поддршка на лицата со спектар на аутизам. Со помош на поддршката на семејството, мојата Јана сака преку цртачката дарба да докаже дека, и таа припаѓа на сите што ја опкружуваат и, на свој начин, сака да пренесе порака за емпатија и прифаќање на таквите деца во нашето општество. На нејзинате цртежи таа засега ги прикажува лико- вите на нејзините херои, фигурите кои ги гледа во цртаните филмови, во долгометражните филмови или книгите и кои, ги чувствува како нејзини пријатели. Затоа, се оддлучивме ова нејзино прво ликовно претставување пред широката публика да ја наречеме токму „Моите херои” – изјави нејзината мајка Теа Иванова- Теохаревска, воедно и кураторот на изложбата.
„Taлентот на мојата внука го уочив поодамна. Иако е млад репродуктивен уметник во вистинската смисла на зборот, во одредени нејзини цртежи се забележува вметнување на формата на срцето. Јана знае очигледно што значи љубов и, радосен сум што го прави тоа, наспроти мислењето дека децата со аутизам не знаат за одредени чувства… Нејзините ликови се популарните ликови на децата на нејзината возраст и не само тие, јас сум цврсто убеден дека, со текот на времето, нејзиното интересирање ќе го надмине тој свет и дека можеби на пример, пленеризмот ќе биде нејзина преокупација. Потегот на раката и` e извонреден, фигурите се нацртани непрекинато, во еден здив, без корекции…Затоа можеби во таа брзина го занемарува боењето но, со време, откривањето на нови техники ќе го надополни и тоа”, вели Јане Теохаревски, комесарот на изложбата.
Помагатели на овој настан се Општина Центар, Комерцијална банка АД Скопје, Еурофарм -Битола, Стокомак и Авицена – дијагностика.
Култура
Претставата „Народен пратеник“ на МНТ селектирана на 70. „Стериино позорје“ во Нови Сад

Македонскиот народен театар е селектиран за учество на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад.
На денешната прес-конференција беа соопштени селектираните театарски куќи и претстави.
Во селекцијата е и претставата на МНТ „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин.
Овогодишното 70. „Стериино позорје“ ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни 2025 година, под мотото „Создавање историја/менување на иднината“.
Покрај МНТ во натпреварувачката програма учествуваат и: Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, Атеље 212, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште, Нови Сад и други.
Последното учество на МНТ беше пред 22 години на 29 мај 2003 година со претставата „Павиљони“ од Милена Марковиќ, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
Последните награди кои ги добива МНТ се на тогашните 30. Југословенски театарски игри „Стериино позорје“, Нови Сад, што се одржа од 26 мај до 3 јуни 1985 година: Награда за претстава во целина за „Среќна нова ’49“; награда за режија за Слободан Унковски за „Среќна нова ’49“; награда за актерско остварување на Ненад Стојановски за улогата на Пиги во „Среќна нова ’49“ и награда за сценографија за Динка Јеричевиќ за „Среќна нова ’49“. Следната 1986 година, наградата за особени заслуги ја добива и режисерот Димитар Ќостаров.