Контакт

Култура

Отворена трибина во библиотеката „Григор Прличев“: „Мирисот на оловото во Охрид“

Објавено пред

Утре, 20 јули, во рамките на годишната програма за работа во НУ Библиотека „Григор Прличев“, ќе се одржи отворена трибина на тема: „Мирисот на оловото“.

dobivaj vesti na viber

До почетокот на деведесеттите години од сега минатиот век во речиси секој град во земјата имаше – опстојуваше по еден градски весник, најчесто во рамките на локалните радио- и ТВ-станици.
Во Охрид во рамките на Радио Охрид – Центар за печат и радио излегуваше месечникот „Езерски глас“, но весници излегуваа или печатеа и редакции во рамките на големите претпријатија и фабрики: „Отекс“, ЕМО, „Застава ХТД“, ГП „Трудбеник“ и други. Нивното златно време беше од почетокот на седумдесеттите до крајот на осумдесеттите. И гледано од денешен аспект тие беа и се огледало на времето, вистинска историска хроника на еден град, на еден живот, на едни генерации.

„Овој проект преку утрешната трибина само ја отвора вратата за поопсежно и далеку посериозно занимавање со дведеценискиот прериод, кој во многу нешта беше ренесанса за жителите на Охрид. Овие траги во времето зачувани во нашето Одделение за периодика, кои допрва треба да се истражат и дигиталзираат, ќе сведочат за животот на Охрид, за неговиот општествено-економски растеж. Преку изложбата на весници на трибината ќе се зборува за тој период. Сѐ со цел да се извлече поука да се зачува некогаш печатеното со надеж дека ќе биде проучено и нема да остане само мртво слово на хартија“, вели директорот на охридската библиотека, м-р Милчо Јованоски, новинар и публицист.

Отворена трибина „Мирисот на оловото во Охрид“ ќе почне во 10 часот наутро, а како панелисити се поканети поранешни и сегашни новинари и публицисти, уредници: Веле Митаноски, Владо Жура, Елида Битрак, како и Горан Момироски од Регионалната канцеларија на Здружението на новинарите на Македонија.

Библиотеката упатува отворена покана до сите поранешни новинари и соработници, кои имаат допирна точка со „Езерски глас“ и другите поранешни фабрички весници или, едноставно, биле нивни читатели да дојдат да учествуваат со своја дискусија или само да го проследат настанот – влезот е слободен.

Култура

Физиогномски белешки/потиснати соништа – ликовна изложба во Галеријата Метаоја во Скопје

Објавено пред

Вечерва со почеток во 19 часот, во Галеријата Метаоја во Скопје ќе биде прикажана ликовната изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата се состои од тресеттина ликовни дела изработени во Психијатриската болница во Демир Хисар и на истата учество ќе земат единаесет лица: уметникот Тони Попов, историчарката на уметност Јасмина Котевска и девет лица штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар.

„Физиогномски белешки / потиснати соништа“ се ликовни дела создадени од девет лица – штитеници од Психијатриската болница во Демир Хисар, за време на сликарските работилници во 2024 и во 2025 година, предводени од ликовниот уметник Тони Попов. Сликарските работилници немаа за цел само да создадат ликовни дела кои ќе го збогатат творештвото на арт брут уметноста во земјата, туку имаа и терапевтска функција. Станува збор за групни работилници во кои учесниците имаа можност да се запознаат, да ги разменат и искажат своите мисли и емотивни состојби, главно преку сликарството како примарна форма на комуникација. Резултатите се слики – визуелни дијалози со себе, интимни исповеди на потиснатите желби.

На изложбата ќе бидат прикажани слики кои ликовно го обработуваат портретот како предмет на сликарско истражување и слики со архитектноски приказни.

Портретната уметност покрај функцијата на претставување на физиономскиот лик на личноста која се портретира, во себе носи многу подлабоко значење и во суштина претставува визуелна претстава (физиогномска белешка) на карактерот и психолошко-емоционалните состојби на личноста, ликовно обликувајќи го невидливото во човекот.

Изложбата ќе биде отворена се до 10 септември.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на музичари од поранешна Југославија во Филхармонијата

Објавено пред

Од

Во петок, 5 септември, во Камерната сала на Македонската филхармонија, публиката ќе има можност за прв пат во Скопје да го слушне No Borders Orchestra, ансамбл во кој свират најдобрите професионални музичари од поранешна Југославија.

dobivaj vesti na viber

Програмата ќе вклучува некои од најубавите дела некогаш напишани за гудачки оркестар: Adagietto од Малер, Verklärte Nacht од Шенберг и Metamorphosis од Штраус. Ова се дела кои, според уметничкиот директор Премил Петровиќ, претставуваат експлозија на страст собрана околу темите Љубов и Смрт.

Делата на овие тројца композитори се среќаваат и се одразуваат во делата на најважните помлади регионални композитори, меѓу кои е и една композиторка од Северна Македонија, кои го тематизираат нашето време на криза и неопходната потреба за трансформација на сите нас и на сите нивоа. Композиции од Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винце (Хрватска), Дарија Андовска (Северна Македонија) и Марко Никодијевиќ (Србија) беа напишани специјално за овој проект.

Социјалната мисија на овој ансамбл, во кој свират музичари од Западен Балкан, секогаш укажува и охрабрува позитивни општествени промени, соработка и толеранција, но исто така допира до луѓето и комуницира со публиката на иновативен и емотивен начин.

Прикажи повеќе...

Култура

Кинотеката на Македонија ја почнува новата Филмска училница

Објавено пред

Кинотеката на Македонија од 13 септември 2025 ја почнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години), кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето сопствени кратки филмови.

dobivaj vesti na viber

Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање филм – од идеја и сценарио, преку снимање и монтажа, до финална проекција пред публика.

Сите училници ќе ги предводи режисерот Саша Станишиќ, долгогодишен едукатор и филмски професионалец, а во улога на гости предавачи ќе се вклучат и монтажери, кинематографери, сценаристи и продуценти, кои ќе им ги откријат на младите филмаџии тајните на професијата.

Филмската училница 2025 се реализира во рамките на меѓународниот проект FilmED, финансиран од Европската Унија преку програмата Creative Europe – MEDIA, со цел развој на филмска писменост, промоција на европската кинематографија и збогатување на едукативните ресурси за млади. Проектот ги обединува институциите и организациите од Македонија (Кинотека на РС Македонија), Полска (Центар за филмска култура „Анджеј Вајда“), Унгарија (Национален филмски центар на Унгарија), Чешка („Крутон“) и Словачка (кино „Усмев“), со координација на Гете-институтот од Прага.

Со оваа иницијатива Кинотеката продолжува со својата посветеност на младата публика и развивање нови генерации што критички ќе го разбираат и креираат филмот како медиум што ги поврзува креативноста, културата и современото образование.

Повеќе информации за проектот можете да пронајдете на веб-страницата https://film-ed.eu/.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на веб-страницата https://kinoteka.mk/https://filmskauchilnica.mk/како и на телефонскиот број +389 78 398 085 и на е-поштата [email protected]

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа2 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет2 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа2 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа2 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија12 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија15 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија16 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија18 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија20 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија21 час

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија21 час

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија21 час

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ21 час

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија21 час

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија22 часа

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија23 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија24 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет1 ден

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...