Контакт

Култура

Познатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на Охридско лето

Објавено пред

Љубителите на добрата музика вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето ќе може да уживаат во концертот на познатиот пијанист Роберт Биша од Албанија.

dobivaj vesti na viber

Баша на Охридско лето ќе настапи заедно со вокалната група „Исо-полифон хор“, а концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“.

„Роберт Биша е неверојатно талентиран пијанист и композитор, генијален импровизатор и еден од најталентираните мултиинструменталисти денес. Неговата музика е современа, со елементи на авангардниот џез. Свири на електрично пијано правејќи ремиксови на оригинална музика, имплементирајќи ги техниките на класичната музика со современи хармонии и елементи на богатиот албански фолклор“, велат огранизаторите во своето соопштение.

Полифоната вокална музика е сè уште актуелна во Албанија, а во 2005 година е прогласена за ремек-дело на нематеријалното културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО, додаваат организаторите.

„Албанскиот „Исо-полифон хор“, пак, е најголемиот претставник на разни музички стилови од јужна Албанија. Зборот „исо“ го претставува т.н. дрон (придружба, каде што еден тон или акорд постојано звучи во целата композиција), кој може да се пее континуирано или ритмички спротивно од другите мелодии“, стои во соопштението.

Култура

Промоција на нов хумористичен роман од Кацаров во „Матица македонска“

Објавено пред

Во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, утре, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“, со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на новиот хумористичен роман на Трајче Кацаров „Романот за Чарли Офтика – Туркачот“.

dobivaj vesti na viber

Роман во кој комичните ситуации, градени преку ликовите предадени на емпатијата, љубовта, љубомората, зависта, се нижат како на филмска лента, веродостојно и нужно, притоа правејќи ја содржината лесно читлива, односно, лесно видлива.

Новото дело на Кацаров, всушност е роман за киното. За киното како празник што го следи современиот човек. Киното како инкубатор на емотивни стерсови и реакции најчесто изрзени низ извици: „Аууу! Уааа! Ејјјј! Бреее! Тууу! Пу јазк!“ Но, и антологија на случките во киното и надвор од него приредена од протагонистите во „Романот за Чарли Офтика – Туркачот’ на туѓи терети и сопствени заблуди и адвокатот, докторот по правни науки Алексеј Миро. Роман што ви овозможува читајќи да гледате, а гледаното да го видите.

„Поради големата застапеност на хумор во него, романот е забранет за оние што не знаат да се смеат, но и за оние што се смеаат до зајдување. Ако го набавите денес, смеењето ќе ви почне од вчера!“ – стои во најавата на промоцијата, на која читателите ќе можат и да поразговараат со Кацаров.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложбата по повод 45 години од основањето на ФЛУ – Скопје ќе биде отворена до 16 мај

Објавено пред

Факултетот за ликовни уметности – Скопје информира дека ревијалната изложба поставена во Музејот на современата уметност, по повод 45-годишнината од основањето на факултетот, останува отворена за посетителите до 16 мај (четврток), 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Изложбата, која беше отворена на 3 април, во рамките на централниот настан за одбележување на 45-годишниот јубилеј на ФЛУ, претставува резултат на долгогодишната заедничка соработка меѓу Факултетот за ликовни уметности и Музејот на современата уметност, со цел да се одбележи богатото наследство и креативниот придонес на факултетот во развојот на македонската и регионалната уметничка сцена. Поставката симболично го прикажува континуитетот и еволуцијата на уметничките изрази што се развиваа во текот на четири и половина децении.

Изложбата прикажува избор на 45 дела од 45 автори, од колекцијата на МСУ, како и дела во сопственост на уметниците – наставен кадар на ФЛУ, почнувајќи од неговото основање до денес. Преку внимателно селектирани дела и архивски материјали, изложбата нуди ретроспективен поглед врз речиси половина век дејствување на ФЛУ како носител на ликовното образование и уметничка мисла во земјата.

Овој избор има за цел да ја отслика разновидноста на уметничките практики и правците што се развивале низ годините, нагласувајќи го нивниот континуиран дијалог со современите текови во уметноста. Преку оваа изложба, посетителите имаат можност да ги согледаат промените во визуелниот јазик и концептуалните пристапи што ги обликувале уметниците поврзани со ФЛУ, но и поширокиот уметнички контекст во кој тие твореле. Таа е и можност за новите генерации да се запознаат со историјата на институцијата, но и со нејзината улога во обликување на иднината на уметноста кај нас.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавени наградите за меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг”

Објавено пред

Од

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје денес ги соопшти наградите и признанијата за Меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг”.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот е традиционален и годинава ќе се одржи на 15 мај, со почеток во 12 часот, во Културниот центар „Феникс” во Скопје.

Како и минатата година, и годинава ќе бидат доделени вкупно седум награди и признанија и тоа: „Балкански книжевни видици” на писателот Селимир Радуловиќ (Нови Сад) – за меѓународни книжевни вредности и релации; „Отворен круг” на писателот Стефан Марковски – за иновации и експерименти во книжевноста; „Премостувања” на писателот Шаип Емерлаху – за презентација и афирмација на македонското литературно творештво на Фестивалот „Денови на Наим Фрашери” во Тетово; „Хаикин“ на писателката Елена Пренџова – за посебен придонес во Хаику поезијата; „Литературни координати” на писателката Роза Бојанова (Бугарија) – за соработка и доближување на литературите; „Македонски корени” на писателот Ивица Челиковиќ (Шведска) – за неговото литературно и преведувачко творештво и „Големиот Принц” на писателот Мито Спасевски – за придонесот на планот на литературата за деца и млади.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Свет2 часа

(Видео) Околу 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Свет2 часа

Њујорк Тајмс: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа3 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет3 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник е жив, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа3 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија16 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија18 часа

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија18 часа

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...

Економија20 часа

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија21 час

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија21 час

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија23 часа

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување македонски камиони што транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово,...

Македонија1 ден

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа1 ден

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет1 ден

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет1 ден

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...