Култура
Претставата „Разведи ме“ на Театар „Провокација“ прогласена за најдобра на фестивалот во Топола
Приватниот Театар „Провокација“ од Скопје на 9. интернационален фестивал на дуодрамата во Топола – Република Србија, доби награда: НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА ФЕСТИВАЛОТ!
Ова е уште една потврда за успешното работење на Театар „Провокација“.
Селектор на фестивалот беше познатиот актер Ирфан Месур, а стручното жири го сочинуваа познатите актери: Томислав (Тома) Трифуновиќ (претседател на житито), Сергеј Трифуновиќ и Весна Станоевиќ.
Театар „Провокација“ веќе на 10.9.2022 ( сабота) со истата претстава гостува на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Две награди за „Молкот на сирените“ на интернационалниот филмски фестивал во Тетово
Играниот филм „Молкот на сирените“ во режија на Газменд Нела ја имаше Македонската фестивалска премиера на 23-ти септември во рамките на 13. Интернационален филмски фестивал во Тетово ОДА, каде жирито на натпреварувачката програма Cine Balkan Panorama му ги додели наградите: најдобар режисер и најдобар актер за остварувањето на Сунај Рача.
Месецов, „Молкот на сирените“ доби уште две награди: Најдобар балкански филм и Најдобар актер, исто така на Сунај Рача, на 16 издание на Интернационалниот филмски фестивал во Приштина – ПриФест.
„Молкот на сирените“ имаше Светска премиера на 20-ти октомври минатата година, во официјалната програма на реномираниот интернационален филмски фестивал во Сао Паоло.
Приказната го следи Авни, сообраќаен полицаец во мало гратче во Косово. Тој и неговиот колега Гезим примаат ситно мито од возачите кои ги сопираат поради пребрзо возење. Една вечер, мислејќи дека ја прават вистинската работа, спроведуваат во полициска станица меѓународен обвинител, кој претходно се обидува да им побегне, возејќи под дејство на алкохол и со торба полна со готовина во автомобилот. Авни и Гезим се вплеткуваат во случај на корупција од голем размер.
Нашата истакната актерка Амернис Нокшиќи толкува една од главните улоги, а во филмот играат и: Сунај Рача, Рина Красниќи, Алмир Суходоли, Кумрије Хоџа, Нана Лимани.
Режисерот, Газменд Нела се потпишува и како автор на сценариото, а свој авторски придонес во филмот дадоа: кинематограферот Стефан Кути (Швајцарија), монтажерот Феликс Сандри (Швајцарија), компзиторот Борис Гетаз (Швајцарија), Филип Сиомпи (Швајцарија) како дизајнер на звук, сценографијата е на Влатко Чачоровски во соработка со Арбен Шала (Косово), костимографијата е на Иса Бушарла (Швајцарија) и Мрика Келменди (Косово).
„Молкот на Сирените“ е копродукција помеѓу: Фрејм, Иконе Студио (Косово), Алва Филм (Швајцарија), Скопје Филм Студио и Албаскај (Албанија), со поддршка од: Косовскиот Кинематографски центар, Швајцарска федерална канцеларија за култура, Свис Филмс, Лотери Романд, Швајцарска Радиотелевизија, Агенцијата за филм на Северна Македонија. Продуценти на филмот се Валон Бајгора, Арбен Шала, Брита Ринделауб, Томас Рајхлин, Томи Салковски, Паскал Семини, Газменд Нела.
Култура
Промовирање на менталното и физичкото здравје преку краткиот филм „Шарац“ вечерва во „Кино Карпош“
Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди човек“ и пензионерското движење (ИОПД) „Тука сме“ го одбележуваат Денот на возрасните лица – 1 Октомври, со панел-дискусии и проекции на краткиот филм „Шарац“.
„Шарац“ се осврнува на менталните и физичките здравствени предизвици со кои се соочува постарата генерација. Овој ден служи како витален потсетник за признавање на непроценливиот придонес на возрасните поединци за нашето општество и важноста да се обезбеди нивната благосостојба.
Воспоставен од Обединетите нации во 1990 година, Денот на возрасните лица ја нагласува потребата општествата да го вреднуваат и поддржуваат своето стареење на населението. Додека го славиме овој ден, мора да размислуваме за уникатните предизвици со кои се соочуваат возрасните возрасни лица, вклучувајќи изолација, проблеми со менталното здравје и ограничен пристап до здравствена заштита.
Активности на „Биди човек“ по 1 Октомври – Денот на возрасните лица, „Благосостојба низ целиот животен век“
30 октомври од 20 часот
Краткометражен филм „Шарац“ на филмскиот фестивал Култиватор, кафе бар Кино Карпош
„Шарац“ е повеќе од само филм; тоа е моќен наратив кој ја истражува реалноста на стареењето. Преку привлечно раскажување на приказната и автентични ликови, имаме за цел да поттикнеме емпатија и разбирање, охрабрувајќи ги гледачите да се вклучат во значајни разговори за менталното и физичкото здравје на возрасните лица. Нашата цел е да ги инспирираме и поединците и заедниците да преземат активни чекори кон подобрување на животот на нашите возрасни сограѓани.
Повеќе за филмот може да прочитате на следниот ЛИНК
1 октомври од 10 часот
Панел дискусија и проекција на „Шарац“ во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, ул. 11-ти октомври“ бр.42
Целите на панел дискусијата се да ја подигнеме свеста за уникатните предизвици со кои се соочуваат постарите поединци, да развиеме дискусијаза важноста на поддршката и ангажманот на заедницата за благосостојбата на постарите.
На панелот ќе идентификуваме акциони стратегии за подобрување на пристапот до здравствена заштита и ресурси за постарите возрасни лица. Ќе се обидеме да ги истакнеме придобивките од негувањето врски меѓу генерациите за борба против изолацијата и промовирање на кохезијата во заедницата и како поединците, заедниците и креаторите на политики можат да работат заедно за поддршка на постарата популација.
Покрај оваа активност ќе се одржи и предавање на д-р Лејла Манчев, специјалист по физикална медицина и рехабилитација врз квалитетот на животот кај пациентите со саркопенија на возраст на и над 65 години“.
Секој кој сака да придонесе во нашето општество со активно вклучување во заедницата може да се зачлени во Здружението Биди човек со регистрација на следниот ЛИНК
Култура
Објавени добитниците на државната награда „11 Октомври“
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.
Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.
Претседателка на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.