Контакт

Култура

Самостојна изложба на Емил Шулајковски во Чифте амам

Објавено пред

Во Чифте амам, на 1 октомври 2024 (вторник), во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“.

dobivaj vesti na viber

Во најновата изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“ (2024), со која на извесен начин се одбележува и тридецениското творештво на овој автор, не може да се избегне импресијата според која тој својот карактеристичен ликовен ракопис го заснова и дефинира преку бојата како основен сликарски постулат. Како една од основните карактеристики на сликарството на Емил Шулaјковски за почеток може да ја издвоиме доследноста на константата која подразбира визуелизација на доживувањата преку експресионистичка изразност со боја врз платно, при што авторот ги спојува лирската апстракција и апстрактниот експресивен гест во динамични ликовни форми со пантеистичка животна и уметничка филозофија.

Изложбата насловена „Сенки во облаците“, е составена од пет одвоени циклуси, создадени во период помеѓу 2022 – 2024 година (при што доминираат слики од 2023 и 2024 година, но се претставени и неколку дела од 2019 година), со издвоени наслови „Градина на задоволствата“ (2019-2023), „Трансформација на симболите“ (2023), „Рефлексии на моментот“ (2023-2024), „Виор во мислите“ (2023-2024) и „Сенки во облаците“ (2023-2024), изведени во техниките масло и акрил на платно, како и акварел на хартија, што од своја страна претставува увид во еден опсежен творечки континуум, во кој на извесен начин се сублимирани „состојбите“ на емоциите и свеста, односно личната естетиката на создавањето.

Во обид формалнистички да се расчленат и анализираат претставените циклуси, работени во речиси ист временски период, ќе започнеме од „Градина на задоволствата„ во која разновидните бои се базираат на пастелност и светлина, во „Рефлексии на моментот“ боените партии сугерираат несвесен виор со форми во различни бои и дрипинг моменти, „Трансформацијата на симболите“ е динамичен спој на контрастни јаки бои, кои продолжуваат асоцијативни форми во „Виор во мислите“, додека комплетната сфумато смиреност ја достигнува во последниот циклус „Сенки во облаците“. Токму овој последен циклус манифестира значителна смиреност во однос на претходните циклуси, при што боите се сублимирани и доведени до степен на симплифицираност и прочистеност на ниво на сенка и светло, без оглед дали изборот на бои е со ладен или топол фон, а самото естетско доживување се движи од асоцијативна лирска апстракција до магичен реализам.

Емил Шулајковски е роден 1969 во Скопје, Македонија, дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје. Реализирал 28 самостојни изложби во Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Битола, Охрид, Белград, Ниш, Подгорица, Љубљана, Силер Сити, Лексингтон, Њујорк, а учествувал на преку седумдесет групни изложби. Неговите дела се застапени во приватни и јавни колекции во Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ, Грција, Кипар, Албанија, Бугарија, Италија, Ватикан, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Англија, Ирска, Полска, Чешка, Финска, Швајцарија, Белгија, Холандија, Луксембург, Норвешка, Русија, Турција, САД, Канада, Кина, Сингапур, Јапонија и Австралија. Добитник е на четири национални награди за сликарство.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос, и истата ќе биде поставена до 20 октомври 2024.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“ во Музеј на Македонија

Објавено пред

Од

Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“.

dobivaj vesti na viber

Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.

„Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес“, велат од Музејот.

Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос – историчар во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера во Грузија на „Јон Вардар против галаксијата“

Објавено пред

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на Striped Tale Animation Festival 2025, што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија.

dobivaj vesti na viber

Фестивалскиот тим на својата веб страница го опишува филмот со следниве зборови:

„Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. Јон Вардар против Галаксијата нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух.“

Филмот досега имаше селекции на преку десет фестивали, од кои 5 се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. Поддржан е од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

„Пеколот е мало место“ – нова стихозбирка од Тихомир Јанчовски

Објавено пред

Од

Поетот Тихомир Јанчовски, во поетската едиција на Книгоиздателството Макавеј го објави новиот поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин се надоврзува на неговиот претходен поетски опус.

dobivaj vesti na viber

Новата стихозбирка на Јанчоски донесува педесетина нови песни и е поделена на циклусите „Обиди се да сфатиш“, „Годините врват“, „Секогаш од љубов“ и „Куќа за птици.

Оваа нова поетска објава на Јанчовски е проследена со поговор на авторот Душко Крстевски, кој, меѓу другото, со своите оценки поентира:

– Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај и разочарување.

За потсетување, македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил општа и компаративна книжевност на УКИМ има објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре, доколку денешните мировни преговори за Украина...

Регион2 часа

(Видео) Инциденти пред зградата на Судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија2 часа

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025...

Европа3 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија3 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет4 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа5 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавувањето дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа5 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија22 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија23 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија23 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија24 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија24 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија1 ден

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет1 ден

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет1 ден

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија1 ден

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија1 ден

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...