Култура
Симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ при ФМУ со извонредни настапи во Франција

Симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ како два репрезентативни ансамбили при Факултетот за музичка уметност (ФМУ) годинава по првпат учествуваа на Интернационалниот фестивал на универзитетска музика во Белфор, Франција, кој се одржа од 17 до 21 мај.
Се работи за триесет и второто издание на најголемиот фестивал од ваков вид во Европа кој се одржува на петнаесет сцени поставени на атрактивни места низ целиот град, а публиката се брои во неколку стотини илјади. Ансамблите на ФМУ на фестивалот FIMU учествувале со 133 уметници на сцена, што е најголема група која воопшто некогаш била поканета да учествува на фестивалот.
Како што информираат од ФМУ, концертите на симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ под диригентство на маестро Сашо Татарчевски поминале со спектакуларна посетеност и интерес.
„По извонредните критики и силниот одек за првиот концерт, на кој големата сала беше исполнета над својот капацитет, за вториот концерт надвор од салата мораа да останат над осумстотини луѓе“, стои во соопштението.
За овие концерти маестро Татарчевски избрал програма со композиции од Орф, Верди, Шуберт, Моцарт, Маркез и Бородин, а хорот „Драган Шуплевски“, по специјална покана на организаторите, за потребите на телевизијата исполнил и композиции од македонски автори во замокот на Белфор.
Во соопштението на факултетот се вели дека станува збор за извонредна презентација на ФМУ, универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и воопшто на нашата култура, која на ансамблите им донела покани за учество и на многу други големи музички настани во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.