Контакт

Култура

Три македонски и три странски претстави ќе се натпреваруваат на фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Објавено пред

На прес-конференција во „Театар комедија“ беше презентирана програмата на петтиот по ред меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 18 до 24 јуни во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија директорот на „Театар комедија“, Сашо Ристовски, и селекторот на фестивалот, актерот и режисер Роберт Ристов, годинава ќе се натпреваруваат три претстави од странство и три од Македонија. Последниот ден кога ќе бидат прогласени победниците фестивалот ќе се затвори со детска претстава и стендап-комедија.

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, изјави дека ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена и ги покани граѓаните да бидат дел од оваа културна манифестација.

„Меѓународниот фестивал ‘Гола месечина’ е значајна културна манифестација за нашата општина, која се одржува под отворено небо и предизвикува голем интерес кај граѓаните. Општина Аеродром годинава издвои еден милион денари за поддршка на овој културен настан и дава логистичка и медиумска поддршка“, рече Марин.

Инаку, на фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Годинава фестивалот внесе уште една категорија на награда – награда за епизодна улога.

Култура

Со книгата „Прличев и епската традиција“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Прличев

Објавено пред

„Прличев и епската традиција“ е новата книга на потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Витомир Митевски, со чија промоција во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Григор Прличев.

dobivaj vesti na viber

 

Промоцијата на „Прличев и епската традиција“ од Митевски и чествувањето на 195-годишнината од раѓањето на вториот Хомер ќе се одржи утре, 12 мај (понеделник), со почеток во 19 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“. Промотор на делото ќе биде проф. д-р Ратко Дуев.

 

„Книгата што е објавена годинава претставува синтеза на повеќестрани, споредбени анализи на двете главни поетски дела на Прличев, „Сердарот“ и „Скендербеј“, во потрага по изворната инспирација на поетот. Запазувајќи го строгиот научен пристап во истражувањето, Витомир Митевски длабоко навлегува во тајните на творечката поетска лабораторија и открива двојно влијание во овие две значајни поетски дела. Од една страна, тука е добро познатото влијание на Хомер, а од друга страна се издвојува до сега скоро незабележаното влијание на византиската епска традиција. Пристапувајќи му на поетското дело на Прличев од овие два аспекта, авторот остварува продлабочен увид во генезата на ова клучно творештво во македонскиот XIX век“, велат од „Матица македонска“.

 

Манифестацијата „Книга во секој дом“ ќе трае до 15 мај. Покрај промоциите на ексклузивни изданија и средбите со автори, во книжарниците на „Матица македонска“, за над 300 книги од странската и домашната продукција е овозможен попуст  до 70 проценти. Меѓу изданијата што овојпат „Матица македонска“ ги овозможи со исклучителен попуст се и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Со цел книгата на македонски јазик, навистина, и натаму да е сѐ поприсутна во секој дом, попустот се однесува и на најактуелни изданија.

Прикажи повеќе...

Култура

По изложбите во Париз и Венеција, Сашо Блажес в среда со изложба „Нурни во мене“ во Скопје

Објавено пред

Во среда во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес со наслов „Нурни во мене“.

dobivaj vesti na viber

„После моите самостојни изложби во Париз и Венеција минатата година на покана и замисла на кустосите Гордана Велков и Маја Чанкуловска како и директорот на Музеј на Град Скопје г-дин Панче Велков си зададов задача да творам на една нова изложба, која го носи насловот ”Нурни во мене”. Куратор на изложбата е Гордана Велков а текстот е на Камило Ракана , ликовен критичатр од Париз“, вели Блажес.

Изложбата ќе биде отворена на 14 мај во 20 часот во големата сала на Музеј на Град Скопје.и ќе биде содржана од 8 дела изработени во комбинирани техники, и една скулптура, сите изработени во 2024 и 2025 година.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наочаат во неколку приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Автрија.

Прикажи повеќе...

Култура

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Објавено пред

Од

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум признанија од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) на традиционалното доделување награди во рамките на Саемот на книгата. На доделувањето на наградите, што се одржа денеска во Арената „Борис Трајковски“, „Арс Ламина“ ја доби првата и втората награда во категоријата за најкреативно издание. Првото место го освои за книгата „Се викам Храброст“, а второ место за „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков, со илустрации на Јордан Гавриловски.

dobivaj vesti na viber

Второ место освои и во категориите: оригинален дизајн на корица: „Книга за Петре“ (приредена од Оливера Ќорвезироска, со портрети од Сергеј Андреевски), за највпечатлив целосен дизајн (корица и внатрешност) на издание за возрасни: „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски, како и во категоријата за поттикнување општествена одговорност: за донацијата на библиотеката „Соба од бајките“ во Детската клиника во Скопје. Меѓу наградите се и две трети места за: Оригинален дизајн на корица за романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, со детaљ од слика на Славко Јаневски и доработка од Марко Трпески, и за Најдобра книга за деца за „Нови бајки од Македонија“ од група автори со илустрации од Орце Нинески.

За наградените проекти на „Арс Ламина“:

„Се викам Храброст“ е книга посветена на 50 исклучителни жени од нашето минато и од нашата сегашност. Од Сирма Војвода до Вера Ацева и Илина Арсова, ова дело зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои ќе го посветат животот или, пак, ќе го дадат својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа. Ова уникатно издание се издвојува и со впечатливиот графички дизајн и умешно осмислен визуелен идентитет. Во основата на дизајнот е поп-арт стилот, со динамичен колорит – како контраст за црно-белите фотографии и архивски документи. Оваа книга е своевиден споменар со колажи, доцртувани елементи и исписи. Ова издание поттикна развивање на дизајнерска линија на подароци (чаши, торби, обетки, беџови, налепници и др.), на кои се застапени ликовите од книгата, со цел популаризација и актуализација на овие значајни жени и на нивните дела. Во рамките на промоцијата на книгата се одржа и изложба со дизајнерските решенија од книгата.

„Девојчето и куклата што патува“ е креативно издание по повеќе параметри: како надоврзување на трендот за авторство врз база на анегдотата за средбата на Кафка со едно девојче во паркот, како и вклучување на Македонија во светското одбележување на 100-годишнината од смртта на Кафка. Форматот и формата (како писмо) дополнително ја подвлекуваат креативноста на ова издание.

Креативноста на „Книга за Петре (сите лица на расказот)“ – несекојдневна чествувачка антологија во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, се состои во напорот да се создадат и објават 19 нови раскази од исто толку современи македонски раскажувачи, во чест на Петре М. Андреевски. Во македонскиот книжевен контекст, ова е прва антологија од ваков тип: наменска, чествувачка, тематска и мошне креативна како идеја воопшто, но и како реализација.

Книгата „Околу три по полноќ“ е печатена со две корици: празничен примерок и делничен примерок. На неа е употребена сличната постапка како на корицата на „Три Марии“ – со тоа што е искористена слика од Димитрие Дурацовски и на неа е интервенирано со фотографија на Дурацовски. Колажната постапка на Марко Трпески дава несекојдневен афект, авторот и на книгата и на сликата којашто се користи за корицата е „присутен“ како реален лик: еднаш во костум (празничен примерок); другпат во обична кошула (делничен примерок). „Околу три по полноќ“ е речиси графички роман, каде што ликовното е доработено според раскажувачкиот ритам на Дурацовски. Употребени се повеќе од 120 фотографии, плакати, омоти од книги, плочи… уметнички слики со доработка и со целосно спроведување на хибридниот текстуален концепт на Дурацовски и на визуелно ниво.

Корицата на романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска е несекојдневен спој на ликовна предлошка од еден автор/дело/слика (детаљ од сликата „Бош“ на Славко Јаневски) и постмодернистичка доработка од дизајнер (Марко Трпески). Употребата на лакот на корицата е во функција и на дистинкција на авторството: тоа што е од Славко Јаневски е со лак, другото е на Марко Трпески.

„Нови бајки од Македонија“, која е во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, е збирка од 24 современи, авторски бајки, кои го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и со препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели. „Нови бајки од Македонија“ го вдомуваат светот на бајките со коишто сме пораснати во македонскиот јазик. Тие истовремено и го развиваат авторскиот глас произлезен од најубавата традиција на раскажувањето. Во книгата се застапени бајки од 23 автори, кои беа селектирани за најдобри или влегоа во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои беа објавени изминатите години како посебни сликовници или беа дел од книгата „Детелинки-белинки“. Новото издание е збогатено со нови, раскошни илустрации, кои ги нацрта Орце Нинески.

Со цел да им го олеснат периодот на лекување на најмладите во Детската клиника – Скопје и да им влеат надеж и радост, издавачката куќа „Арс Ламина“ и авторот Зоран Спасов Ѕоф ù донираа библиотека. Ова книжевно катче наречено „Соба на бајките“ е сместено на вториот кат на Детската клиника. Визуелно е збогатено со илустрациите од книгата со најубавите бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ (издание на „Арс Ламина“) која е со илустрации на Наталија Лукомска. Оваа книга, заедно со уште 100 други книги за деца, сликовници, читанки и лектири на македонски и на албански јазик се најдоа на полиците на библиотеката наменети за сите дечиња што престојуваат во клиниката. Библиотеката е направена и опремена со средства од продажбата на хит-книгата на Ѕоф – „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“, која беше објавена претходната година.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија40 минути

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија2 часа

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...

Регион2 часа

Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116. Лидерот на Социјалистичката...

Европа14 часа

Зеленски: Идејата за демилитаризирана зона е мртва

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата за воспоставување демилитаризирана зона во војната со Русија....

Европа14 часа

Путин: Ќе размислам

Владимир Путин ќе го „разгледа“ западниот предлог за целосно и безусловно примирје во Украина, откако Велика Британија, САД и европските...

Македонија18 часа

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје: со метален капак од шахта повеќе пати го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил...

Европа18 часа

Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа...

Европа18 часа

Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа...

Европа18 часа

Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој...

Европа19 часа

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник; Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора...

Македонија21 час

(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел...

Топ22 часа

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија23 часа

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет1 ден

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа1 ден

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија1 ден

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ2 дена

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет2 дена

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....