Контакт

Култура

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Објавено пред

Единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма се селектирани на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. „Ново читање“ е именувана програмата на уметничкиот директор Ана Стојаноска, која денеска на прес-конференција ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Иницијалната позиција од која почна селекцијата е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинешниот Автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес, вели Стојаноска.

dobivaj vesti na viber

Собранието на фестивалот одлучи наградите за животно дело да ги добијат актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов.

Мотото на фестивалот годинава е „Промени се, промени сè“.

– Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови. Она што доминира во програмата е потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот. Доминантно во продукцијата беа повеќе камерните или „мали“ сцени наспроти големата сцена. Имаше неколку впечатливи камерни претстави работени според домашни автори, но не одговараа на концептот на ова издание на фестивалот. Тоа не значи дека беше естетички ограничена, туку создаде ново гледање и на драмите и на просторот. На македонската театарска продукција како и да ù фали сериозно истражување и на современите театарски тенденции, но и на сопствените театарски капацитети. На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава, рече Стојаноска и додаде дека „промената е најблиската потрага по сопствениот креативен потенцијал. Таа е првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации“.

Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1.„Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2.„Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3.„Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4.„Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

Во оваа програма се претставите:

1.„Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2.„Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3.„Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4.„Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5.„На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6.„Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7.„Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1.„Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2.„Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3.„Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4.„Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5.„Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 6.„Арт“ од Јасмина Реза, дипломска претстава на студентите по актерска игра од класата на проф. Дејан Пројковски, Универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје.

Фестивалот ќе биде отворен со настан во чест на добитниците на наградата за животно дело, што ќе се одржи во Центарот за култура, а потоа ќе следува изведбата на претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар.

„И годинава сакаме Прилеп да биде град-театар, ќе има уште фестивалски зони што ќе ги откриваме постепено. Им се заблагодарувам на сите што го помагаат фестивалот“, рече Стојаноска.

За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, Работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Повиците за учество на овие работилници ќе ги објавиме наскоро.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

За наградите на фестивалот и годинава ќе одлучува тричлено меѓународно жири, во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Култура

Кратките филмови и спотови на Милчо Манчевски в четврток во Кинотека

Објавено пред

На 6 јуни, четврток, со почеток во 20.15 часот во Кинотека, македонската публика ќе има можност да види селекција од кратките филмски дела на Милчо Манчевски.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за разновидна селекција составена од дваесетина аудиовизуелни дела. Покрај наградуваните кратки филмови ЧЕТВРТОК /Thursday (2013) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО/The End of Time (2017), ќе имаме можност да ги погледнеме музичките спотови кои се работени за најголемите издавачки куќи: Атлантик, Ворнер брадерс, Сони, Еми, РЦА, Крисалис, Валјд Пич… Би го споменале спотот Тенеси/Tennesse на легендарниот хип хоп состав Arested development од 1992 година, за кој Манчевски ја има добиено наградата на МТВ за најдобар музички рап спот и е прогласен за најдобар спот за 1992 година, според магазинот Билборд. Спотот исто така е влезен во листата на стоте најдобри спотови на сите времиња на магазинот Ролинг Стоун. Во селекцијата ќе можеме да ги видиме и рекламите од рекламните кампањи за Скопско и Macedonia Timeless…

„Милчо Манчевски ја користи својата режисерска вештина и во музичките спотови, создавајќи визуелно и емоционално богати минијатури кои оставија длабок впечаток на македонската и светската музичка сцена. Неговите спотови се карактеризираат со иновативни визуелни решенија, длабока симболика и умешно раскажување приказни, правејќи го секој спот уникатно аудиовизуелно искуство. Манчевски е познат по својата визуелна естетика, што се пренесува и во неговите музички спотови. Неговата употреба на светлина, сенки и кадрирање создава специфична атмосфера која го подобрува искуството на слушање музика. Секој спот е внимателно конструиран со цел да го пренесе чувството и пораката на песната, користејќи богат спектар на визуелни техники. Манчевски честопати користи природни пејзажи и урбани сцени како позадина, што му придава дополнителна димензија на наративот“, велат од Кинотеката.

Како што додаваат, музичките спотови на Манчевски не се само визуелно импресивни, туку и симболично богати. Тој успева да раскаже сложени приказни во краток временски формат, користејќи симболи и метафори кои ги прошируваат значењата на песните. Неговите спотови често ги истражуваат темите на љубовта, загубата, надежта и човечката природа, нудејќи длабоки емоционални искуства за гледачите. Способноста на Манчевски да спои визуелна поезија со музиката го прави секој спот своевидно уметничко дело, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Култура

Избрано ново раководство на Друштвото на писателите на Македонија

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.

dobivaj vesti na viber

За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

Прикажи повеќе...

Култура

Герасимовски: Преку културни настани ги промовираме малите еко производители на храна, угостителите и претприемништвото кај младите

Објавено пред

Во Паркот на Франкофонијата, вчера попладне центарци и многу љубители на вкусната храна се забавуваа на несекојдневно „афтер ворк“ дружење.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата „Нож и виљушка на Европска чинија“ претставуваше уникатно гастрономско доживување, надополнето со музички призвук за сите генерации, кое имаше за цел да ја доближи домашната и европската кујна кај присутните. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцираше дека настанот „Нож и виљушка на европска чинија“ има за цел да ги поддржи произведувачите на храна.

„Настанот беше одличен приказ на успешниот спој на гастрономијата и културата. Си поминавме одлично. Мило ми е што граѓаните дегустираа и купуваа разновидни несекојдневни специјалитети, еко производи и крафт пијалаци од нашето поднебје, но и од европските држави Австрија, Германија, Франција, Турција, Италија итн. На продажно-изложбените штандови, свои производи имаа компаниите Мелем од вкусови, Туф.мк, Моја бавча, Натурал 2020, Смидџин, Сакам пиво, ‘Вк крафт дестилерија, Нутрико, Натс како и многу угостители кои ги промовираа и продаваа своите производи и специјалитети кои можеби ги нема во супермаркетите, а посетителите со воодушевување ги пробуваа. Дефинитивно на сите ни недостигаат вакви настани. Се надевам дека со оваа организација доближивме нови вкусови до граѓаните кои ќе помогнат во поддршката на производителите“, порача Герасимовски.

На настанот, присутни беа и Активот на жени од здружението на пензионери на Општина Центар кои ги презентираа традиционалните македонски јадења и на лице место со своите вешти раце им прикажаа на помладите генерации како се меси, плете и везе. Исто така настанот беше збогатен со музичка програма на која настапија: музичкото дуо-слободни уметници, хорот „Елегија“ при Здружението на пензионери на Центар и играорците од ансламблот „Орце Николов“ како и претставници од дипломатскиот кор. Изведувани беа и традиционалните македонски танци, а граѓаните се потсетија и на популарните македонски, англиски, француски и италијански безвременски мелодии кои имаат трајни вредности во музичката култура.

Општина Центар покажа дека не само што поттикнува забава и дружење со многу позитивна енергија, туку и дава поддршка на малите еко производители, изложувачи и угостители преку промовирање на разновидна гастрономска култура. На тој начин општината помага во стимулирање и развој на иновации и претприемништво кај помладите генерации.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 часа

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија8 часа

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ11 часа

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија11 часа

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија12 часа

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт12 часа

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет14 часа

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет15 часа

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет15 часа

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија15 часа

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...

Свет16 часа

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е...

Свет16 часа

(Видео) Кинеската сонда слета на темната страна на Месечината

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e...

Спорт22 часа

Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29...

Македонија1 ден

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија1 ден

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...

Топ2 дена

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Таксист во Скопје почина од срцев удар. Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на...

Свет2 дена

„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина,...

Македонија2 дена

Започна полагањето на државната матура

Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој...