Култура
PMG JAZZ / SETH STAT на Тиранскиот џез фестивал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/jazz-tirana-A.jpg)
Извонреден настап во Тирана на еден од етикетата PMG JAZZ, составот SETH STAT. Сето она што изминативе четириесет години го посеа во македонската култура, Оливер Белопета со неговата огромна и извонредна работа на Скопскиот џез фестивал, денес почнува да раѓа сериозни плодови.
Еден од нив е продукцијата PMG JAZZ и нејзините артисти. Вчеравечер на тиранската „Академија за уметност“ се одржа првата вечер од Тиранскиот џез фестивал, каде на прекрасен начин се претстави македонскиот состав SETH STAT.
„Во доцните вечерни часови овде во Тирана, нивната музика правеше хипнотични слики со мирис на скопските ноќи. На моменти потсетува како да е излезена од некој филм на Џармуш или Алмодовар. Нашите музичари настапија со една голема сигурност, модерност и светски начин. Ова беше големо изненадување за тиранската публика, која ги награди со аплаузи и внимание“, информираат од Македонскиот КИЦ во Тирана.
Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, најавува за недела, 12 мај 2024 на истиот фестивал, настап на нашиот новоформиран ,,Национален џез оркестар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Култура
„Нови хоризонти“: изложба на Зоран Арсовски-Бабата во Крива Паланка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbnail_FB_IMG_1718970816094.jpg)
На 20 јуни од 19.30 часот во НУЦК Крива Паланака беше отворена самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов „Нови хоризонти“ којашто е во рамките на манифестацијата Крива Паланка град на културата за 2024 година, а проектот е поддржан од Министерството за култура.
На отвореното на изложбата беа присутни многу љубители на уметноста а се обрати и авторот на Арсовски кој беше поздравен со долг громогласен аплауз.
Изложбата за посетителите ќе биде поставена до 1 јули а влезот е слободен.
Култура
Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbnail_Plakat-creart-UMETNIK-VO-PRESTOJ.jpg)
Културно-информативниот центар – Скопје најавува отворање на изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија).
Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници.
На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје.
ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.
Култура
Изложба „Врзино“ на Стефан Анчевски во Куманово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbnail_СТЕФАН-ПЛАКАТ-2024.jpg)
На 27 јуни, четврток, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски. Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.
Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.
За неговото творештво професорот Звонко Павличиќ ќе запише:
“…Вродената дарба на младиот сликар и графичар Стефан Анчевски ги прерасна неговите творечки стремежи за сопствено воздигнување и афирмација. По стекнатото ликовно образование, Анчевски систематски и внимателно ја одредува појдовната точка за своето творештво, каде што формира графички претстави, облици и симболи, вклучително и неговата духовна, мисловна и емоционална перцепција.
Карактеристично за неговиот начин на размислување како автор е тоа што тој настојува најважните уметнички елементи да ги спои во една хармонична целина со својот уметнички облик на комуникација и остварен визуелен и наративен израз, а со тоа постигнувајќи свој ликовен интегритет. Анчевски има тенденција да ги перципира елементите како подвижни линии, кои укажуваат на патеката по која се создаваат исклучителни оптички трикови – илузии.
Преку многу експерименти ги создал своите оригинални уметнички вредности и дошол до сознание дека главниот феномен на една слика е неговата визуелно – графичка комуникација. Сликарскиот простор не го гради според принципот на разбирање на нештата и гледиштата, туку со нанесување на повеќе слоеви боја, испрекинати потези, стремејќи да ја нагласи транспарентноста и еластичноста на бојата, каде што продира светлината што доаѓа од позадината на сликата.
Цртежот на неговите платна се појавува доследно, но не толку очигледно, понекогаш служи за истакнување на просторните димензии, а неколку пати линијата се претвора во навидум имагинарна слика. За да ги оствари и реализира своите креативни идеи, покрај класичната примена на боите, на основата на сликата уметникот користи непосредни решенија при изразување на површината, но со различни технолошки процедури (употреба на разни природни смоли и лепила, импрегнација на песок, битумен, силиконски и акрилни маси…), каде што се постигнува одредена обоеност, структура/текстура и каде што формите се повеќе или помалку зависни од материјалот што уметникот го користи во своето дело.
Сликарството како медиум му значи многу повеќе од само доследно пренесување на видлив феномен на сликовита основа, бидејќи се смета дека свесно ги исклучува оние детали кои не се клучни носители на неговата уметничка порака и дека, пред се, тој се потпира на суштината и есенцијата на виденото и доживеаното.
Изложбата ќе биде поставена до 10. 07. 2024 г.