Контакт

Култура

Распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по осми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

dobivaj vesti na viber

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Поезијата може да се испраќа до 10 мај 2025 година.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели летово, 2025 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Култура

Филмовите на Костурица на програмата на Кинотеката

Објавено пред

Во мај 2025 година, Кинотеката ја претвора својата проекциска сала во вистинско светилиште на сликата, мислата и сеќавањето. Богатата и внимателно курирана програма ја слави моќта на филмот да размислува, сведочи, предизвикува и возбудува.

dobivaj vesti na viber

Со акценти врз авторски поетики, политичка историја и философска рефлексија, мајскиот репертоар претставува редок пример на културна програма која истовремено е и уметничка прослава и интелектуална провокација.

Балканот и сонот: Емир Кустурица

Програмата почнува со два антологиски филма на Емир Кустурица – „Подземје“ и „Аризона дрим“, кои ја отелотворуваат неговата единствена авторска визија. „Подземје“ е епопеја за историјата на поранешна Југославија, раскажана како гротескен театар на апсурдот, каде реалноста и илузијата коегзистираат во еден подземен лавиринт на заблуди. „Аризона дрим“, пак, е своевидна бајка за американскиот сон низ погледот на балканскиот емигрант, обоена со магичен реализам, иронија и меланхолија. Филмовите на Кустурица не се само приказни – тие се блуз, балада и политичка сатира во едно.

In Memoriam: Џин Хекман

Во чест на неодамна починатиот Џин Хекман, Кинотеката приредува омаж со проекции на два негови незаборавни филма: „Разговорот“ на Френсис Форд Копола и „Непростено“ на Клинт Иствуд. Првиот го прикажува Хекман во улога на интровертен експерт за прислушување, фатен во мрежа на параноја и морална дилема, додека вториот го претставува како насилен шериф што го преиспитува митот за херојството. Хекман останува синоним за актерска прецизност, длабочина и човечка кревкост.

Пазолини: Поетот на радикалното
Мајската програма вклучува и ретроспектива на култниот италијански режисер Пиер Паоло Пазолини, чија филмографија претставува постојан судир помеѓу поезијата и политиката, телесното и божественото, порокот и светоста. Неговите филмови сведочат за бескомпромисната борба против културната хомогенизација и буржоаската хипокризија.

Солидарност на големото платно: Полската совест

Во соработка со Амбасадата на Полска, Кинотеката претставува избор на филмови под наслов „Солидарност на големото платно“, посветен на едно од највлијателните демократски движења во Источна Европа. Преку дела на Кшиштоф Кишловски, Агњешка Холанд и посовремени автори, гледачите ќе можат да ги почувствуваат драмите на политичката совест, отпорот и колективната меморија. Овој циклус не е само историска ретроспектива – тој е и потсетник на улогата на филмот како сведок и чинител на општествени промени.

Во рамките на мајскиот циклус Солидарност на големото платно, Кинотеката на Македонија со гордост ќе ги угости двeте извонредни имиња од современата полска документаристика – режисерот Куба Микурда и визуелната уметница и филмска монтажерка, Лаура Павела.

Куба Микурда е полски режисер и филмски теоретичар, чија работа се одликува со уникатна психоаналитичка перспектива и иновативен пристап кон архивските материјали. Иако нема формално филмско образование, неговата стручност произлегува од современата психоанализа – како поранешен студент на Славој Жижек, тој е автор на книга за поимот „не-се-сè“ кај Жак Лакан. Микурда е автор на високо оценетите документарци Love Express: Исчезнувањето на Валеријан Боровчик (2018), Бегство на Сребрениот Глобус (2021) и Соларис, моја љубов (2023), а предава и на престижната Филмска академија во Лоѓ.

Павела, пак, е визуелна уметница, скулпторка и монтажерка со богато искуство во областа на уметничкиот и документарниот филм. Таа е авторка на бројни изложби во Полска и светот, и предавачка на предметот found footage на филмска академија. Павела е долгогодишна соработничка на Микурда, со кого го има снимено филмот Соларис, моја љубов, а заедно со Изабела Пајонк беше номинирана за престижната награда „Орел“ за монтажата на Бегство на Сребрениот Глобус во 2022 година. Нејзината работа се одликува со префинето чувство за асоцијативна монтажа на архивски материјали – тема на нејзините неодамна завршени докторски студии.

Прикажи повеќе...

Култура

Драмскиот театар не ја додели наградата „Горан Стефановски“

Објавено пред

Драмскиот театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години.

dobivaj vesti na viber

По воспоставувањето на наградата „Горан Стефановски“, годинава првпат беше распишан конкурсот за најдобар драмски текст од македонски млад автор до 30 години возраст.

На конкурсот пристигнаа четири апликации и комисијата во состав: Викторија Рангелова-Петровска, (драматург и претседател на комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер првенец) и Димче Николовски (режисер), по анализата на доставените дела, едногласно одлучи наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години да не се додели.

Во образложението што го прочита претседателката на комисијата, Викторија Рангелова-Петровска, се вели: „На конкурсот за наградата ‘Горан Стефановски’ за најдобар драмски текст од млад автор распишан на 5 февруари 2025 година доставени се четири драмски текста од четири автори. Комисијата аналитично и детаљно ги разгледа драмските дела, кои се доставени во рок и ги исполнуваат условите во согласност со објавениот конкурс. Авторите на доставените драмски текстови обработуваат разни теми, инспирирани од разни општествени состојби. По формата и структурата драмските текстови во најголем дел се обидуваат да ги следат класичната драмска структура и затворената форма, но не успеваат до крај да изградат цврста драмска целовитост. Драмските ликови/карактери не се јасно дефинирани и развиени во однос на ситуациите во кои се поставени. Дијалогот во драмските дела (во некои помалку, во некои повеќе) не е во целосна функција на отсликување на карактерите и не придонесува за развојот на драмското дејство. Комисијата заклучи дека доставените драмски материјали се развиени до ниво на драмски скици/зачетоци на кои им е потребна доработка за да прераснат во квалитетни драмски текстови. Одлуката да не се додели наградата не треба да се толкува како дестимулативен потег, напротив. Комисијата верува во потенцијалот и во квалитетот на младите автори, како и во нивната способност да испишат квалитетни драмски текстови и со нетрпение ги очекува во периодот што следува и во таа насока предлага да се објави нов конкурс со датум од 28.4.2025 година, на кој авторите ќе треба да ги достават драмските текстови најдоцна до 1. 2.2026 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 27.4.2026 година, денот на раѓањето на Горан Стефановски“.

Директорот на Театарот, Роберт Вељановски, истакна дека и покрај недоделувањето на наградата во оваа прва година од востановувањето, целосно стои зад одлуката на комисијата и изрази верба дека преку распишувањето на конкурсот и во годините пред нас ќе се популаризира наградата „Горан Стефановски“ и ќе се привлечат многу млади автори да се пријавуваат со цел да се афирмира современата македонска драма, да се поттикне македонското драмско творештво и да се одржи континуитетот на македонското драмско писмо.

Прикажи повеќе...

Култура

Свечено отворена концертната сала Ванчо Чавдарски во Владимирово

Објавено пред

Вчера во Владимирово се славеше културата и почитта кон корените, но и оставината за идните генерации.

dobivaj vesti na viber

Старата сала на Задружниот дом во срцето на Владимирово, во само 70 дена, беше возобновена со здружени сили на селаните и сите што потекнуваат од Владимирово. Во чест диригентот со светска слава којшто Македонија ја славеше низ светот, а потекнува од Владимирово – маестро Чавдарски (1930 Владимирово – 2011 Бризбејн, Австралија) салата го доби името Ванчо Чавдарски.

За нејзиното свечено отворање беше организиран концерт на камерниот оркестар Скопски солисти, под водство на виртуозот на обоа проф. Васил Атанасов, со специјален гостин баритонот Борис Трајанов, што за првпат се случува во Малешевијата. Пред бројната публиката беа изведени дела од европски и македонски композитори, под диригентската палка на Ангел Спировски.

За делото на Чавдарски говореше проф. Васил Атанасов кој си спомена за долгогодишното пријателствување со Чавдарски, меѓу што и последната средба во Сеул, Кореа, ког маестро Чавдарски пропатувал 1000 километри од Австралија до Сеул само за да присуствува на неговиот концерт. Атанасов говореше и за богатиот животопис на Чавдарски и неговите заслуги за воздигнување на македонската култура и музичката уметност, а за неговото значење за историјата и иднината на Владомирово и неговото возобновување зборуваа и Горан Алачки во име на истоимениот центар за култура кој се јави како организатор на концертот, и Камелија Левенска во име на Фондација д-р Михаил Левенска.

На настанот присуствуваа и видни личности, коишто понесоа длабок впечаток за приказната – за генезата на настанот, за почитта, гордоста и љубовта, коишто заедно со емоциите од доживеано и виденото доведоа до овации и долги аплаузи… Се вели дека аплаузите по концертите на Чавдарски во концертните сали ширум светот траеле и до 10 минути.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател,...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија1 час

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од...

Свет2 часа

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет2 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија3 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет14 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија16 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет18 часа

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија20 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија20 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет21 час

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија23 часа

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија1 ден

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Свет1 ден

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е подготвен да ѝ го препушти Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на...

Свет1 ден

(Видео) Судир меѓу брод и ферибот на Флорида: едно лице загина, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во...

Свет1 ден

(Видео) 30-годишниот маж, кој газеше луѓе на канадски фестивал, обвинет за убиство

Триесетгодишен маж е обвинет по осум точки за убиство од втор степен, откако со автомобилот се забил во толпа луѓе...

Свет1 ден

САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и...