Македонија
По скратена постапка донесен Законот за спречување на корупцијата
Со 81 глас „за“, попладнево во Собранието по скратена постапка беше донесен Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Новата Антикорупциска комисија ќе може да проверува сметки на политичари доколку претходно отворила постапка и веднаш ќе го информира дека е отворен случај.
Граѓаните имаат право, врз основа на општ член којшто е содржан во законот, да пратат иницијатива до државната комисија за спречување на корупцијата, и доколку таа иницијатива е основана, Државната комисија за спречување на корупцијата по службена должност покренува постапка за контрола на финансирање на политичките партии.
Со новото законско решение се воведуваат промени и во самата постапка за избор на претседател и членови, како и во статусот и нивните плати, a мандатот на членовите на Антикорупциската комисија ќе трае пет години, без право на реизбор.
Една од измените во новиот закон се однесува на тоа што пратениците со амандман забрануваат судот да бара од новинарот да го открие изворот на информацијата за корумпираноста на политичарите.
Од 40, беа прифатени 20 амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

