Македонија
АВМУ: Осуда за попречувањето на работата на новинари и сниматели во Брвеница
Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ „Коха“, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од Полошкиот Регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа.
„Медиумите имаат круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност поради што неопходно е на новинарите и на другите медиумски работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани. Секое попречување на извршувањето на нивните работни задачи е директно загрозување на слободата и правото на информирање“, велат од АВМУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

