Контакт

Македонија

АВМУ: Пандемијата на Ковид-19 негативно се одразува врз економското работење на медиумите

Објавено пред

Под покровителство на Обединетите нации, денеска се одбележува Светскиот ден на слобода на печатот, чија тема „Информацијата како јавно добро“ има за цел да ја афирмира важноста на ова прашање и да укаже на неопходноста од зајакнување на новинарството.

Годинава, како клучни се издвоени три поттеми: обезбедување економска одржливост на медиумите, креирање механизми за обезбедување транспарентност на интернет-компаниите и унапредување на капацитетите за медиумска и информативна писменост кои им овозможуваат на граѓаните да го препознаат, вреднуваат и заштитат новинарството како витален дел од информацијата како јавно добро.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги наведуваат дека актуелната пандемија на Ковид-19 негативно се одразува врз економското работење на медиумите и медиумскиот плурализам и придонесува за глобална појава на „инфодемија, поради што сега повеќе од било кога е потребно да се одржи и заштити независноста на медиумите и да се промовира известување базирано на факти кое е клучно за јавното добро на глобално ниво.

Истовремено, велат од АВМУ, денешниот ден, 3 мај, е потсетник за владите дека мора да се придржуваат кон преземените обврски за заштита на независноста на медиумите од напади, почитување на фундаменталните принципи на слобода на медиумите и на правото на слободата на изразување, содржано во Европската конвенција за човекови права, на чие почитување е обврзана и нашата држава.

Македонија

Актерката Силвија Стојановска доби 3 и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Објавено пред

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот партнер, Воислав Будисавјевиќ, доби седум години затвор.

Пресудата ќе ја обжалат пред Апелациониот суд во Скопје, бидејќи двајцата сметаат дека не се виновни и дека не го сториле делото за кое беа гонети од Обвинителството против организиран криминал и корупција. До правосилноста на пресудата, актерката Стојановска ќе биде на слобода, но со одземен пасош и повремено јавување во суд. Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот екссопруг, Воислав Будисављевиќ на првото рочиште пред судот кажаа дека не се чувствуваат и виновни за делата за кои се гонат од Обвинителството.

Двајцата во воведните зборови се произнесоа дека не зеле учество во шверц на дрога – кокаин, како и нејзино купување и продавање во количина од близу 700 килограми, како што стои во обвинението.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Актерката, нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ и неговиот брат, кој има исти иницијали В.Б., се дел од организирана криминална мрежа која договорила набавка на кокаин во Колумбија, го пренеле преку Атлантскиот Океан во Шпанија, го сокриле во магацин во Мадрид и договориле негова продажба.

„Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули до 18 декември 2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа“, информираше Обвинителството.

Обвинетите меѓусебно комуницирале со користење „енкрочат“ телефонски мобилни уреди, како и „енкрочат“ мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

Двајцата беа приведени на крајот на декември 2019 година.

Стојановска беше неколку месеци во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор. На акцијата, координирано работеле полициски единици од Македонија, Шпанија и Колумбија во координација со службата за борба против дрога на САД – ДЕА.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фондацијата „д-р Михаил Левенски“ им подари 500 примероци од книгата „Како да станам свој“ на основни училишта со име „Блаже Конески“

Објавено пред

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на македонскиот литературен јазик, Фондација „Д-р Михаил Левенски“, заклучно со вчера, 14 јуни, реализираше неколкудневен проект во кој беа опфатени основните училиштата со име „Блаже Конески“, ширум нашата татковина.

„ Д-р Левенски, низ збор и дела настојуваше да се поддржат и поттикнат младите, со цел да се придонесе да го бараат и најдат своето место и да го препознаат, вреднуваат и надградуваат своето „сè“. Овие книги се негов аманет и со голема радост и гордост ги даруваме. Со овој дар изразуваме почит и кон наставниот кадар и вработените во училиштата, за нивните заложби за едукација и градење здрава младина којашто понатаму ќе инспирира, мотивира и создава, негувајќи го литературниот македонски јазик и продолжувајќи го името и делото на својот патрон, Блаже Конески.“ – изјави претседателот на Фондацијата, Никола Левенски Миљаниќ, којшто заедно со актерката Драгана Левенска и други членови на семејната Фондација, го осмисли и реализираше проектот.

Фондацијата изразува благодарност, за препознавање на вредноста на проектот и сесердната поддршка, до директорите на основните училишта: Ангелка Баракоска – О.У. „Блаже Конески“ во Прилеп; Сузана Настовска – О.У. „Блаже Конески“ во Скопје; Јованче Манасков – О.У. „Блаже Конески“ во Велес и Зурат Куртовски – О.У. „Блаже Конески“ во с.Скудриње, Општина Маврово-Ростуше. Посебна благодарност упатува до психолозите, педагозите, македонистите и библиотекарите, со чијашто помош беше реализиран овој проект со којшто одбележуваме ново пријателство меѓу Фондацијата и училиштата.

Училишните библиотеки и сите полуматурантите од основните училишта „Блаже Конески“ во Велес, Скудриње, Прилеп и Скопје, добија на дар, вкупно 500 примероци од книгата „Како да станам свој“ од областа на психопедагогија, којашто д-р Михаил Левенски ја посвети токму на младите. Проектот се одвиваше со директна посета на училиштата од страна на тимот на Фондацијата, низ срдечни средби и разговори со раководниот и наставниот кадар, како и со учениците, секаде согласно протоколите, концептот и можностите: во училишни дворови, на игралишта или во големи училници, сали и поливалентни простори. Со оваа донациија, сите полуматуранти заедно со сведителството добија по една книга, со надеж дека таа ќе стане еден од нивните најдобри пријатели со којшто полесно, посигурно и погордо ќе се пробиваат по патот на себеосознавањето и себеизградувањето.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 вакцини од „Астразенека“

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција.

„Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини ‘Астразенека’. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐпоздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел“, наведува Филипче во објавата.

Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата, истакнува министерот, покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Актерката Силвија Стојановска доби 3 и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 час

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 вакцини од „Астразенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција....

Свет1 час

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 час

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија2 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет4 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија4 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет4 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет5 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет5 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија19 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет20 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет23 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија23 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа23 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Досие