Контакт

Македонија

Агенцијата за медиуми донира еден милион денари за заштитна опрема за полициските службеници

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера потпиша договор за донација во висина од еден милион денари со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.

Со договорот Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари, кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за превенција, спречување и ширење на коронавирусот.

Oвој чин на донација од еден милион денари што министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на министерството, е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество.

За Министерството за внатрешни работи е значаен овој потег на агенцијата, не толку поради фактот што добиваме одредена финансиска поддршка, туку многу повеќе поради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата.

Министерот Наќе Чулев во свое и во име на Министерството за внатрешни работи уште еднаш изразува благодарност до пријателите од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за несебичната и значајна помош, којашто, се разбира, е повеќе од добредојдена.

Македонија

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус

Објавено пред

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти којшто се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција.

Министерството за здравство има на располагање повеќе од 1.000 болнички кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус во: Клиниката за инфективни болести со дополнителните капацитети, болницата „8 Септември“, Инфективните одделенија во Штип, Гостивар и Велес, Институт за белодробни заболувања во Козле, депандансот на Министерството за труд и социјална политика во Демир Капија, како и понудените капацитети од приватните болници.

Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти со коронавирус располага со 250 болнички кревети, а со близу 400 кревети, болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

„Во моментов на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 59 пациенти што претставува една четвртина од расположивите капацитети само на оваа локација, што значи дека овие институции располагаат со доволно капацитети, но и со инфектолози специјалисти по инфективна медицина и обучен медицински персонал“, велат од МЗ.

Од таму велат дека моделот на третман и лечење на тешките и средно тешките пациенти во институции каде што има специјалисти по инфективна медицина, во комбинација со домашното лекување, е модел на пристап кон пациентите со коронавирус којшто се применува во Германија и се покажува како солиден и може да се аплицира во нашата земја.

Воспоставенa e координација помеѓу повеќе нивоа на институциите во рамки на здравствениот систем – примарните лекари, здравствените домови со пунктовите каде што се земаат материјали, секундарните болници и клиниката како врвна институција од терциерното здравство.

Здравствениот систем е спремен да прими и поголем број на пациенти од бројката на пациенти кои сега се третираат во болниците и е подготвен за пикот којшто според проценките се очекува на крајот на месец април“, велат од Министерството.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на ковид-19

Објавено пред

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на коронавирус. Од болницата велат дека сите тројца се чувствуваат добро.

Директорот на болницата, Таше Трпчевски, вели дека побарал од Институтот за јавно здравје да им се направат тестови на сите вработени. Трпчевски смета дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да се откријат асимптоматските носители на вирусот.

„Така ќе се створи малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот“, вели тој.

Во продолжение објавата на докторот на „Фејсбук“:

„Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми. Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница ‘Плодност’. Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица. Јас побарав да им се земат брисеви. Побарав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале. Сакам да се земат брисеви од сите вработени. Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата). Тој е асимптоматски носител. Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител.

Од таму апелирам до министерот да ги остави препорките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивн епидемиолошка анамнеза.

Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациентки и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза.

Можеби така ќе се создаде паника (паниката е состојба на исклучителен страв од вистинска или претпоставена опасност по живот), но ќе се добие друг ефект….. изолација, а тоа е многу битно бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација.

Тие се големи држави многумилионски Ние сме само 2 милиони народ (помала популација ќе се испаничи). На тој начин ќе се намали бројот на асимптоматски носители на вирусот кои сега слободно шетаат низ градот и се потенцијални вирусоносители.

Тие се најопасните за околината. Многу полесно е кога ќе го откриете заразениот. Има многу повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање. Не знам зошто немаме масовно тестирање. Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува.

Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме право да заминеме да се повлечеме од фронтот. На иста опасност се изложени во продавниците и супермаркетите, но тие може да си одат дома. Ние сме први што се заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат, ние не, бидејки наша етика е и морал да им помагаме на луѓето.

Вината е и во пациентите, не дека се носители и ќе ни го донесат вирусот, туку се неискрени.

Ние имавме направено прашалник епидемиолошки според СЗО критериуми. Интенција ни беше уште пред месец дена да влегува секој пациент во тријажно одделение, за да му направиме епидемиолошка анкета (после 13.04.2020 задолжително ќе поминат низ тој тријажен дел сите оние кои што ќе дојдат во болницата, ќе потпишат формулар за веродостојноста и ќе одговраат кривично ако излажале).

Но заклучокот беше дека нашите пациенти не се доволно искрени, кријат, не сакаат да кажат дека имале некој од симптомите на корона вирусот ниту, дека биле со сомнително лице во контакт, а кое дошло од друга високоризична за Ковид 19 држава. Нашите граѓани поготово битолчани се плашат да кажат дек имаат температура, треска, малаксалост, болки во грлото и не бараат да се тестират за корона вирусот плашејќи се од тоа да не бидат анатемисани, жигосани и непожелни да живеат во оваа средина(Битола), а не се плашат од последиците и компликациите на ова инфективно заболување.

“Битолчани седете дома и умирајте не кажувајте никому дека имате симптоми на корона вирус затоа што ако ве дознаат, ќе ве жигосат“ -напиша една сограѓанка на својот фб статус.

Затоа почитуван г дин Министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се створи малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Сеуште не е касно, имаме уште малку време се додека не се “скрши здравствениот систем“, кога возот ќе замине низ брдо, а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаеви од новозаболени.

Со голема почит за Вас Министре д-р Венко Филипче, прифатете го мојот совет. Направете увоз на тестови. Веќе фармацевстката индустрија ги работи на големо и не е тешко да се набават, а и не се скапи (барем овие кои се на база антиген- антитело). Иако тие не покажуваат точно присуство на вирусот, ќе направат скрининг кои се за ПЦР методата. Што се однесува до точноста на тестовите за докажување на Ковид 19 и самите фармацевтски фирми, објаснуваат дека се многу сензитивни иако има и најмало пореметување на морфологијата на вирусот, дава во 50% лажно позитивни резултати (ние на наша кожа тоа најдобро го сетивме и немаме веродостојни информации дали Христијан е позитивен или негативен, а немаме клиничка слика за постоење на виросот).

Христијан со мала симптомологија бараше да се тестира на корона вирус. Ќе поминеше се како една грипозна настинка. Истото се случува со другите наши врботени. Сега немаат никакви симптоми. Можевме кај никој да не бараме да се тестираат и се ќе поминеше како да е обична настинка.

Рескирав мои драги Битолчани да докажам дека може да сме носители на таков вирус (затоа што некој ни го донесол) во името на безбедноста, сигурноста и грижата на пациентите, рескирав и ја затворив болницата, а Вие уште фрлате отровни стрели. Каде згрешивме? Вршите притисок во МВР дека Христијан пред месец дена, 15 дена итн си дошол од Копаоник ,Банско, па од Тирол Аустрија, за да станеме предмет на вештачење на секторот за криминал од МВР. Тие имаат сознание дали Христијан ја напуштил и кога ја напуштил границата и дали бил на тие места, а сите Вие кои тврдите на фб дека д-р Христијан Трпчевски беше во едно од споменатите места во последните два месеци, напишете го тоа, ама на прав, не на лажен фб. Е тоа ќе треба да го докажете и на суд, ама и ќе си ги сносите последиците од тоа судење.

Ќе ви дојди дома вирусот, седете со температура и кашлица, да не дознае некој друг, оти ќе Ве сатанизират битолчани од најградскиот град на конзулите. Епа битолчани, “Ова е мојата Битола најуба на светот““, напиша Трпчевски на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите од Охрид бараат дополнителни мерки за помош

Објавено пред

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Граѓанин од Велес апелира власта да постави пунктови со дезинфициенси и антисептици на сите поголеми раскрсници во градовите низ државата, како и на други места кај што вообичаено поминуваат повеќе луѓе.

Бесплатни заштитни маски и ракавици за сите граѓани над 55 години бара граѓанин од Битола.
Угостител од Охрид бара дополнителни мерки за угостителите, кои како што пишува не се опфатени со мерката на Владата, а тоа се неколку илјади работници кои работат во хотелите, рестораните, кафеаните и кафичите, објекти кои не работат веќе половина месец.

„Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected] .ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти којшто се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на...

Македонија24 минути

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион41 минута

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирус, со која...

Свет1 час

ЕУ: На Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирус на Западен Балкан се користи...

Македонија2 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево – 47

Снежната покривка во Битола сотигна до 55 сантиметри, додека во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет2 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава2 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет4 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија15 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија15 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија18 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија18 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија20 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија20 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија20 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија21 час

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија21 час

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет21 час

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет22 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија23 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Досие