Македонија
Адеми: Секој обид за укинување на Бадентер е обид државата да се врати назад

Од балансерот до Бадентер, она што се случува претставува повторен атентат врз Охридскиот договор, обвини потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
Тој рече дека повторените изјави на претставниците на Владата за преиспитување на Бадентеровото мнозинство не се политички лапсус, туку тие се дел од намерно осмислено сценарио за повторен атентат врз Охридскиот договор и врз уставните темели, кои гарантираат еднаквост и стабилност во државата.
„Од првиот ден на овој мандат оваа Влада и нејзините партнери следат опасна агенда: го укинаа балансерот, со што го нарушија правичното застапување на Албанците и другите заедници, не го почитуваат Законот за јазиците, ги ослабнаа Инспекторатот и Агенцијата и дозволија повеќе од 100 институции да го игнорираат албанскиот јазик, неправедно го намалија бројот на советници во општините, спротивно на Уставот, законот и одлуката на Уставниот суд, ја избришаа албанската дијаспора од политичкото претставување и ја доверија имплементацијата на Охридскиот договор на личности со отворени антиалбански и антиевропски ставови, како Иван Стоилковиќ“, рече Адеми.
Тој додаде дека владата сака да го укине и гласањето со Бадентер.
„Денес, истиот план напредува кон преиспитување на Бадентеровото мнозинство – уставниот столб кој штити од мајоризација и го обезбедува мултиетничкото функционирање на државата. Секој обид за укинување на Бадентер по изборите, како што беше најавено, е обид државата да се врати назад – кон неправдата и исклучувањето. Наместо да го исполни јавното ветување дека’нема влада без уставни измени’, ‘Вреди’ опстојува со празни оправдувања, со релативизирање на штетните политики и со покривање на етноцентричните политики. Фотелјата и политичкиот опстанок се ставени над Охридскиот договор и над европската интеграција на државата“, рече Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Јаневска ги остави без превоз средношколците од Ресен – државата штеди на младите“, велат од партијата Левица

„Целосната неспособност и игнорантски однос на министерката за образование Весна Јаневска ги остави без превоз средношколците од Ресен на самиот почеток од учебната година! Средношколците се извисени поради негрижа на МОН и за нив нема организиран ученички превоз до Битола и Охрид, а единствената „алтернатива“ што државата ја нуди е сместување во интернат со нехумани услови, кои се под секое достоинство“, велат од партијата Левица.
„Учениците биле принудени да аплицираат за прием во интернатот, според строги критериуми за оценки и месечни приходи. Според небулозните правила на МОН, само доколку се одбиени, имаат право на надоместок за превоз, иако автобуски линии нема. Средношколците се присилно обврзани да живеат во интернат, дел од нив одбиле поради ужасните и несоодветни услови, како што е недостиг на вода.
Со оваа политика, власта на ДПМНЕ практично ги казнува учениците што сакаат да се образуваат, ги става родителите под финансиски притисок и испраќа јасна порака дека образованието е привилегија за малкумина, а не право за сите. Наместо безбедни и достапни услови за образование, и оние млади кои се’ уште не се иселиле – се принудени да патуваат со свој трошок или да живеат во средина опасна по нивното здравје и достоинство.
Градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски наместо да молчи пред срамот на неговата партија, должен е во најбрз рок да обезбеди превоз. Со оваа политика, каде владејачката елита штеди на образованието на младите, додека расипнички троши за нејзини привилегии – власта на ДПМНЕ им праќа порака на младите што побрзо да се иселат од држава која не се грижи за нивната иднина“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Без вода денеска корисниците од улиците на потегот од Владата до градскиот Стадион

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 90, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците на потегот од Влада на РСМ до градскиот Стадион.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија, општина Чучер Сандево;
· од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улицата Студеничанска, општина Кисела Вода;
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата Малешевска, општина Кисела Вода.