Македонија
Адеми – Стојберг: Данска е силен и искрен пријател
Во рамките на официјалната посета на Кралството Данска, министерот задолжен за дијаспората во Владата, Едмонд Адеми, денеска оствари средба со данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг.
На средбата Адеми ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешнополитичките приоритети, потенцирајќи ја историската година на РСМ со затворање на најчуствителното билатерално прашање со Грција, и ги остранивме сите пречки за членство во двата големи сојузи, НАТО и ЕУ.
Министерот Адеми изрази благодарност кон Кралството Данска за континуиранта поддршка во ЕУ и НАТО интеграците на и очекување дека набргу ќе следи ратификација на пристапниот протоколот за членството во НАТО во данското Собрание. Министерот во врска со ЕУ интеграциите на Македонија ја пренесе подготвеноста на Владата за исполнување на сите неопходни критериуми за почнување на процесот за преговори со ЕУ и истакна дека поддршката од страна на Данска за европската иднина на Македонија е од исклучително значање.
Министерот Стојберг упати честитки до Владата за потпишуваниот пристапен протокол за членство во НАТО и ја реафирмираше поддршката на Данска во реализација на стратешките цели и реформските процеси, при што ја охрабри Владата да продолжи со преземените клучни реформи со цел добивање датум за отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни.
Меѓудругото, министерот Стојберг ја потврди добра соработка меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Данска за натамошно пренесување искуства и помош во фокус на стабилноста и реализација на приоритетните реформи за членство на земјата во ЕУ и истакна дека Данска во скоро време ќе го ратификува и протоколот за челнство во НАТО.
На средбата беше разговарано и за предизвиците и интегрирањето на македонската дијаспора во Данска, при што министерот Адеми информираше дека како министер задолжен за дијаспората очекува во соработка со министерот Стојберг и други соодветни институции на Данска преку идни заеднички контакти и активности да се зголеми ангажирањето и инволвирање на нашата дијаспора во политичките ,економските, културните и образовните процеси во Данска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

