Македонија
Азманов обвинува дека Боки 13 му барал рекет од 50 илјади евра, тој демантира
По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“, што ќе се емитува на „1 ТВ“, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на Надзорниот одбор на „Настел“ ДООЕЛ, тој вели дека против сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и изнесување невистини.
Азманов на средбата со новинарите објасни дека во петокот, во 13.51 часот, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50.000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“. Азманов го пријавил случајот во полиција.

Од најавената емисија „Инсајдер“
Азманов го побарал Ацо Кабранов, уредникот во „1 ТВ“, но тој не знаел ништо за емисијата „Инсајдер“ и го пренасочил кај Бојан Јовановски. Кога му се јавил на Јовановски, тој му потврдил оти ги има сите документи од финансиската полиција и дека сè е од сигурни извори. Азманов смета дека Јовановски документите ги зел по нелегален пат оти претходно, како што вели, никогаш не бил повикан во финансиска полиција за каква било истрага.
„Јас никогаш не сум бил повикан во финансиска полиција за каква било истрага, а ваму му даваат документи на Бојан Јовановски да ме рекетира. Финансиската полиција не смее да дава документи и доколку ги има, треба мене да ме повика“, вели Азманов. Тој побара од институциите да испитаат кој е тој што на нелегален начин м се јавил на Бојан Јовановски за да му ги даде документите. Никогаш не сум бил во контакт со ниту еден судија ниту обвинител, како што пишува во најавата за ‘Инсајдер’, а ако е така, би сакал да добијам име и презиме. Ниту познавам обвинители ниту сум во контакт со судии, особено не во врска со градежништвото“, вели Азманов.
Тој го повика Јовановски да се соочат во ТВ-дуел на која било телевизија. Азманов се извини за пораката што му ја испратил на Кабранов оти „ќе го реши по цена на живот“ и вели дека тоа го напишал во афект.
Сопственикот на „1 ТВ“, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрли обвинувањата на Азманов дека му побарал рекет од 50.000 евра.
„Каков рекет, какви 50.000 евра, немојте тоа да го земате сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор“, изјави Јовановски.
Емисијата „Инсајдер“ на „1 ТВ“ беше најавена минатата недела, таму, меѓу другото, се вели дека една од сториите ќе биде за градежната мафија, а во тој контекст се споменува и името на Азманов. Емисијата е најавена дека ќе се емитува дури по еден месец, а дотогаш се емитува само најавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

