Македонија
Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта
Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното население.
Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението на Центарот за управување со кризи со состојбата со пожарите до 19 часот:
Штипски Регион
Пожарот кој започна на 2.8.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сè уште и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија. Пожарот го зафати маалото Балабанци с.Нов Истевник, каде што зафати и 3 куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка Маала каде досега изгореа 3 плевни.
Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево е затворен за сообраќај. Екипите за гасење пожар се на терен од раните утрински часови од 4:00 часот. Интервенираат 200 припадника на АРСМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадника на Гранична полиција со 5 теренски возила; 3 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од ПП екипата од Р.Бугарија. Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили. Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.
На територијата на општина Пехчево, кај м.в.Бајаз Тепе сè уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово – Делчево и се движи накај селото Црник. Патниот правец е забранет за движење. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, дел од екипата од Р Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население; Како и ПП екипите од Словенија кои се распоредени во атарите на селата Црник и Негрево.
Во 15:10 часот пожар на отворен простор помеѓу с.Тработивиште – с.Вирче. м.в.Дштица, каде што гори бор и бука. Интервенира ТППЕ Делчево со 1 теренско возило и 2 пожарникари.
Во 15:15 часот пожар во атарот на с.Дулица е пријавен пожар на отворен простор каде што горело сува трева и каде интервенираат ТППЕ Македонска Каменица со 1 ПП возило и 2 пожарникари.
Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (опш.Кочани и опш.Македонска Каменица) е под контрола.
Интервенирале ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; Водостопанство – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица. На терен останала екипа од ШС Осогово.
Струмички Регион
Пожарот кај м.в.Погана, кој започна на 1.8.2021 година е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.300 ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). Денес до околу 12:00 часот беше спласнат, но со појавата на посилен ветер се прошири према Богданци, непосредно пред ветерниците е активен и посилен и критично за еден дел од зимзелена шума, како ветерниците.
На останатиот терен према населените места Балинци и Брајковци е локализиран. На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадника; АРСМ со 30 припадника; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружение од Битола со 9 припадника. Има и 2 трактора за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот.
Поради новонастанатата ситуација и активирање на пожарот во непосредна близина кај ветерниците ќе има потреба и за утрeшниот ден помош од армијата и други сили.
Битолски Регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се две неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп.
Во с.Ракле останати се уште 5 лица од месно население, а интервенираат 7 од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население.
Пожар на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде што гори нискостеблеста дабова шума.
Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.
На пожарите повлечени се припадниците на АРСМ.
За во 18:30 часот свикан е кризниот штаб на ЕЛС Прилеп, а од страна на градоначалникот на ЕЛС Прилеп добиено е и барање за воздушна и армиска подршка.
ТППЕ Прилеп известува дека во 15:50 часот интервенираат на запалена сува трева кај с.Тополчани.
Од 16:25 часот ТППЕ Прилеп интервенира за пожар во пазарот во Прилеп каде што се продава текстил.
ТППЕ Битола, од 12:30 до 14:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена сува трева кај с.Жабени.
Во пожарот бил зафатен и еден помошен објект.
Од 11:35 до 13:30 часот, имало пожар на запалена сува трева и отпад од ѓубре на излезот од с.Светомитрани спрема с.Пресил. Интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Крушево, 2 вработени со 1 возило од ЈП „Липа“ Крушево и 2 полицајци со 1 возило. Зафатена површина од 0,02 ха.
Во атарот на с.Лешани (опш.Дебарца) појавен е шумски пожар, на кој се упатени екипи на ШС „Галичица“ Охрид,
ТППЕ Охрид и ЕЛС Дебарца.
Пожарот во атарот на с.Девич (опш.Македонски Брод), во 18:00 часот на ден 4.8.2021 година е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.
Тетовски Регион
Пожар на сува трева на локација од с.Реовиќ (опш.Сарај) во правец кон с.Мерово (опш.Желино). За пожарот се известени ШС Лешница –Тетово и ПС Групчин.
ТППЕ Тетово привршуваат со интервенцијата кај фабриката Леар, а дополнително имаат екипа на интервенција кај с.Пирок (опш.Боговиње) за запалена сува трева.
Исто така има и падната електрична бандера во село Боговиње за што се известени ЕВН Македонија и ПС
Боговиње, а на неколку наврати интервенираат и за паднати дрва како последица од силниот ветер.
Паднати дрва на повеќе локации во општините Брвеница, Јегуновце ,Боговиње и Тетово.
До 17:05 часот имало пожар на сува трева во с.Теново (опш.Брвеница) каде што интервенирале просторни сили од ЕЛС Брвеница со механизација од цистерна од 6 тони, два багери и 12 лица од просторни сили од општината, како и 2 жители на село Радиовце. Пожарот е локализиран.
Во општина Гостивар, до 16:30 часот во регион засега има пријавено шумски пожари во село Куново во 15:50 часот, каде е е упатена екипа на ШС „Шар“ Гостивар, а известени се и ТППЕ Гостивар.
Исто така повторно е активиран пожарот кај Пожаране во 15:45 часот, за кој известени се ЈП Македонски шуми Шар Гостивар и ТППЕ Гостивар.
Кумановски Регион
ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило, од 7:00 часот интервенираат на запалена сува трева во атарот на с.Јачинце.
Од градоначалникот на Општина Куманово побарано е ангажирање на војската за гаснење на пожарите кои се на 8 нови локации и тоа кај селата Зубовце, Сопот, Четирце, Нагоричане, Зебрњак, Лојане, Орашац и Долно Довезенце.
ТППЕ Старо Нагоричане известува дека во атарот на с.Жељудино испратени се 6 пожарникари со 1 ПП возило и 2 теренски возила, 10 вработени во ШС Куманово со 2 теренски возила и 4 граѓани.
Во општина Ранковце – Крива Паланка, од страна на ЕЛС Ранковце, доставено е барање за употреба на хеликоптер и војска за гаснење на пожар на територијата кај с.Гулинци кое е отсечено од пат (патиштата се ураснати со нискостеблеста шума и однесени од дождови и е непристапно за противпожарни возила на ТППЕ Ранковце). Според барањето пожарот претставува опасност да се прошири во останатите села како Пклиште, Отошница, Станча во општина Ранковце и Дренок, Осиче и Дејлповце од општина Старо Нагоричане кои исто така се отсечени од пристапни патишта од кај страната на општина Ранковце.
Во 15:52 часот од ТППЕ Ранковце известиле дека екипа од ТППЕ Ранковце ќе излезе на терен во с.Гулинци поради проверка на состојбата со пријавениот пожар од Градоначалникот на Општината.
Велешки Регион
Во општина Кавадарци има пожар во шума на м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден. Гори мешана нискостеблеста шума од даб и јасен. Интервенираат ТППЕ Кавадарци со 4 пожарникари и 1 ПП возило, ШС „Бор“ Кавадарци со 5 вработени и 1 возило и Еуро Никел со 7 вработени и 2 возила. Теренот е каменит и непристапен и дува силен ветер. Изгорена површина до пристигнување на екипите е околу 10 до 15 декари.
Во општина Росоман, од 13:25 до 15:55 часот, во близина на с.Сирково имало пожар на сува трева и грмушки. Интервенирале ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 ПП возило.
Во општина Свети Николе, од 16:15 часот има пожар на Богословски Рид, каде што гори сува трева. Интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11пожарникари со 2 ПП возила и 2 ПП возила од ДППД Свети Николе.
Скопски Регион
На територијата на Град Скопје има 18 активни пожари од кои повеќето помали интервенции за запалена сува трева и ѓубриште со помал ризик.
Покрај овие регистрирани се и следните пожари:
БППЗ известува за пожар во реонот Буковиќ – Раовиќ (опш.Сарај) кој е од поголеми размери. Интервенираат БППЗ, но истите бараат помош во луѓе од АРСМ.
Помеѓу с.Добри Дол и с.Ракотинци на поголема неутврдена површина гори сува трева и нискостеблеста шума. На пожарот интервенира екипа на БППЗ.
Во 16:30 часот на бул.Борис Трајковски на главен влез на „Охис“ има пожар каде што гори сува трева и интервенира БППЗ со 3 ПП возила.
За сите пожари известена е и ШС Караџица.
Локализирани се следните пожари:
Село Кучково кон село Горно Свиларе, каде на неутврдена површина гори сува трева и нискостеблеста шума.
Село Горно Блаце каде на неутврдена површина гори сува трева и нискостеблеста шума со тенденција да се прошири кон повисоката шума.
Од 16:55 часот, пожар во с.Долно Соње – Скопје, пат кон с.Брзовец, каде што се опожарени сува трева и фолии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

