Македонија
Активни се 17 пожари на отворен простор, изгаснати 13, а под контрола 5

Од вкупно 35 пожари денес до 19 часот, активни се 17, изгаснати 13, а под контрола 5, објави Центарот за управување со кризи во последниот извештај за состојбата.
1. МАКЕДОНСКИ БРОД 1: Јасен – Белица (1Х – МВР Ми171) (60 АРМ) (3 ТППЕ, НШ, 4 НП) (борова шума);
2. РЕСЕН и ОХРИД: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (1 ЕТ –ДЗС на ресенска страна) (120 лица вкупно-ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица) (нискостеблеста вегетација и букова шума);
3. ДОЛНЕНИ: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе (8 ТППЕ, НШ, мес.нас), како и крак кон с.Крапа (5 НШ), Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
4. НОВАЦИ: с.Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (6 ТППЕ, мес.нас) (ниска вегетација, деградирана шума);
5. КИЧЕВО 1: с.Цер, планина Љубин (1Х МВР) (25 МВР, 20 АРМ, 5 ДЗС) проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (7 ТППЕ) (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
6. КИЧЕВО 2: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (5 НШ) (борова и букова шума);
7. ВАЛАНДОВО: с.Казандол, м.в. Чештово (6 ТППЕ, 4 НШ, 1 лов.дру.) (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);
8. ПЛАСНИЦА: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
9. МАКЕДОНСКИ БРОД 2: с.Девич, м.в.Вртешка (НШ) (мешана шума)
10. ДЕБАР: с.Гари на планина Стогово (10 НШ) (мешана шума);
11. ЧАШКА: с.Мокрени (10 НШ, 4 ТППЕ, 7 мес.нас) (нискостеблеста дабова шума);
12. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: с.Цера (4 ТППЕ, 1 НШ) (мешана шума) – повторно се разгорел на еден крак;
13. ВАСИЛЕВО: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (20 ТППЕ) (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);
14. САРАЈ: с.Кондово (5 ТППЕ) (ѓубре и сува трева);
15. СТРУГА 1: с.Велешта – с.Долна Белица (2 ТППЕ) (стрништа и сува трева);
16. СТРУГА 2: с.Мороишта – с.Мислешево (4 ТППЕ) (стрништа и сува трева):
17. ГЕВГЕЛИЈА: с.Давидово (4ТППЕ) (грмушки и сува трева).
ПОД КОНТРОЛА: 5
1. МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Грешница (мешана шума);
2. ДЕМИР ХИСАР: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (8 НШ, 4 мес.нас) (ниска вегетација);
3. ДЕЛЧЕВО: Депонија Делчево (1 ЈКП) (депонија);
4. ЧАШКА 1: с.Папрадиште и с.Ореше (1 НШ) (мешана шума)
5. ЧАШКА 2: Планина Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);
ИЗГАСНАТИ: 13
1. БИТОЛА: с.Острец (2 ТППЕ, 4 НШ,2 НП, 3 РЕК Битола мес.нас) (сува трева, мешана шума);
2. ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО: с.Уларци (2 ТППЕ) (стрниште);
3. ПРОБИШТИП 1: с.Ратковица (2 ТППЕ) (мешана шума);
4. ПРОБИШТИП 2: с.Лезово (2 ТППЕ) (нискостеблеста вегетација);
5. ПЕХЧЕВО: с.Негрево (10 НШ, 6 ДЗС, 2 ЕЛС) (мешана шума);
6. РЕСЕН : с.Болно – с.Илино (16 НШ) (букова шума);
7. КАВАДАРЦИ: с.Ваташа, м.в.Фуштани (5 ТППЕ) (ниска вегетација и сува трева);
8. КУМАНОВО: локалитет Менкова Колиба (3 ТППЕ) (стрниште и сува трева);
9. СТАРО НАГОРИЧАНЕ: с.Младо Нагоричане (2 ТППЕ) (стрниште и сува трева);
10. ЖЕЛИНО: с.Чифлик (4 ТППЕ) (сува трева);
11. ГОСТИВАР 1: с.Балиндол (3 ТППЕ) ( сува трева);
12. ГОСТИВАР 2: с.Неготино (3 ТППЕ) (сува трева);
13. РАДОВИШ: с.Подареш (2 ТППЕ) (депонија).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше.
Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ.
„Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се живее со 400 евра, а Славевски дури смета дека и тоа е многу. Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра, а ние, наместо да одиме напред, тапкаме во место“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека СДСМ има конкретен план за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, но дека оваа влада нема слух за реалните потреби на граѓаните.
„Ние не зборуваме за бројки, туку за луѓе, за семејства што едвај врзуваат крај со крај. Затоа е важно на 19 октомври сите да се обединиме и да ја поддржиме бројката 5, за политика која носи раст, правда и достоинствен живот за сите,“ порача Филипче.
Македонија
Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, на X по средбите со државниот врв во земјава.
We remain fully behind North Macedonia on its EU path.
You can count on us.
The next and only step before the opening of the negotiations is clear.
You need to make the agreed constitutional change.
The ball is in your court. The EU is ready. pic.twitter.com/s890meaZLP
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ ја приближува нашата земја кон нив.
„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“.
In the meantime, we’re moving your country closer to us.
That’s what the Growth Plan is all about!
We’re opening an AI Factory antenna in Skopje.
We’re including you in Europe’s Single Payment Area.
And we’re disbursing 16 million euros thanks to the reforms you have made. pic.twitter.com/YhpaV89vtZ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025