Македонија
Албанското знаме повеќе не е на јарболот во дворот на „Св. Наум Охридски“, рече Ангелов
Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг, напиша на социјалните мрежи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Како што извести Ангелов, лицето што го симнало знамето на МПЦ е приведено.
„Брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок, може да ги намали провокациите што ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат, туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.
Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена, без разлика на етничка, верска, политичка или каква било друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено, не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба“, напиша Ангелов.
Тој го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

