Македонија
„Александар Николоски е новиот Чак Норис“, велат од СДСМ
„Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборнат камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов“, велат од СДСМ.
„Кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже. Сега Николоски со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот.
Лицемерието на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ и потребата да се фалат со проекти на СДСМ наликува на сцена од комедија. Патот Градско-Дреново е целосно резултат на работата на СДСМ и Николоски може единствено да оди да се слика кога тој ќе биде пуштен во употреба“, додаваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

