Македонија
Алијанса/Алтернатива: ДУИ го злоупотребува училиштето во Мала Речица за време на кампања

„ДУИ во која било форма се обидува да ги злоупотреби своите овластувања и службени позиции за политички цели. И покрај изборната кампања, ДУИ не престана да ги злоупотребува инструментите на власта, промовирајќи проекти за време на избори. Ова се случи денес, каде што машинеријата на компанијата која го доби тендерот за изградба на основното училиште во Мала Речица, оставајќи впечаток дека се започнати работите за изградба на основното училиште“, соопшти коалицијата Коалицијата Алијанса за Албанците /Алтернатива.
Според нив, иако ова училиште веќе 20 години се ветува од ДУИ, за истата никогаш не започнаа, ниту завршија изградбите.
„Најголем и нај непростлив срам е кога, само две недели пред изборите, ДУИ ги принудува договорните фирми кои го добија тендерот да дефилираат на местото на изградбата, наводно дека почнале со работа. Ја потсетуваме јавноста дека секое вакво дејствување во предизборната кампања каде што јавните ресурси се злоупотребени за изборни цели, претставува кривично дело според член 353 од Кривичниот законик, првиот член во Поглавје 13.
Изборниот законик е многу јасен кога се вели дека од денот на одлуката за одржување избори до денот на нивното завршување, парите не можат да бидат распределени од буџетот на Северна Македонија, во општините каде што се дел и јавните објекти, во овој случај училиштата. Ги покануваме надлежните тела, како што се антикорупциската комисија, но и Управниот суд кој е надлежен за изборите да реагираат доколку постои правна основа за злоупотреба на јавните ресурси за изборни цели, но и за злоупотреба на службените позиции за време на изборите. Бараме и политичка одговорност од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, но и министерот за образование Арбр Адеми (кој е носител на листата за пратеник од ДУИ) да се изјасни за предметниот случај затоа што ова прашање спаѓа во нивна надлежност“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернатива се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица.
Мицкоски посочи дека оваа нивна коалиција е гаранција за враќање назад, за стагнација и за длабока криза, партии кои речиси никогаш не дошле на власт на фер избори, туку како последица на интриги, подземни игри и трикови, какви што прават и сега.
Од Неготино, Мицкоски упати порака и до раководството на ДУИ, посочувајќи им дека не е албанофоб, како што тие кажуваат, туку дека е криминалофоб кој ги презира политичките криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и се богатеа на грбот на граѓаните и дека од прв до последен ќе одговараат за криминалот кој го правеле.
„На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ, како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци за да последно ме наречат албанофоб. Еве јас оттука од Неготино, би сакал и ним да им одговорам. Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија.
Но, да, сум криминалофоб и ги презирам оние политички криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа од политиката милионери и сега мислат дека на етничка карта ќе играат и народот ќе заборави што правеа 20 години кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, кога купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, кога купуваа мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ. Е јас сум тоа, криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте“, порача Мицкоски.
Македонија
Филипче: Сe бориме за држава што не е ничија приватна сопственост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава.
„СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна Филипче.
Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не, како што рече, приватна сопственост.
„Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.“
Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека „Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.“
„Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми,“ рече лидерот на СДСМ, Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.
Македонија
Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.
„Mорам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои големи кривични случаи. Затоа чувствувам потреба да му одговорам, нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството кои не дозволуваат вака големи кривични пријави иако истражните органи како МВР и останатите надлежни сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ“, кажа Мицкоски.
Мицкоски објасни дека сега грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази за да можат оние поранешни функционери од СДС и ДУИ кои, како што рече, ја крчмеа, распродаваа, разнебитуваа Македонија, ќе одговараат.
„Но, имам лоша вест, локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност. А сите ваши лакеи добро што се малкумина ќе бидат разрешени и ќе одговараат за попречување на правдата“, вели Мицкоски.