Македонија
Алијанса за Албанците/Алтернатива: Погребалните служби ја злоупотребуваат пандемијата

„Покрај загубата на нивните најблиски, голем број на граѓани се принудени да платат огромни суми на пари за погреб на починатите како последица на Kовид-19.Граѓаните се оставени во немилост и без соодветна здравствена грижа,без работа,сиромаштија која секој ден тропа во нивните врати“, соопшти Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Според сите релевантни статистики, Северна Македонија има најголем процент на смртност како последица од пандемијата,додека граѓаните покрај сите други потешкотии со кој се соочуваат нашите се принудени да платат огромни суми на пари за погребот,поточно,за да се подигне починатиот од болница (мртовечница) мора да платат големи суми на пари кој според нашите информации се движат од 25.000 илјади до 120.000 илјади денари,средствата треба да им се платат на погребалните служби, а тие се правдат со еден непостоечки протокол на Министерството за здравство,според кој, треба да се користи специјални ПВЦ материјали и лимен-ковчег. Очигледно е дека голем број на граѓани се практично ограбени од страна на погребалните служби а тоа го дозволува Министерството за здравство. бидејки нема превземено никаква мерки.Бараме одговорност и објаснување од Министерството за здравство како се уплатени тие средства,на која сметка,за каква цел и каде завршиле тие пари,бидејќи има случаи кога парите се платени при подигање на починатите од болница“, соопштија од коалицијата.
Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива предлага ова категорија на граѓани,односно сите семејства кој имат изгубено нивен член како последица од Ковид-19, да бидат опфатени со петата мерка на Владата и да им биде доделена одредена сума на средства како на надомест за погребални трошоци, додека Министерството за здравство да преземе конкретни законски дејствија за да се расчисти случајот со погребалните служби кој ја злоупотребуваат кризната состојба со пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.