Македонија
Алијанса за Албанците ја поддржува идејата за прогласување вонредна состојба
Алијансата за Албанците внимателно го следи развојот во врска со прогласената пандемија со коронавирусот. Исто така, внимателно ги анализиравме сите чекори што требаа да ги преземат институциите на земјата. Постојат дилеми помеѓу прогласување вонредна состојба и кризна состојба. Првата е предвидена со устав, а втората со закон. Првата ќе му даде апсолутна моќ на претседателот, а втората на владата, соопшти партијата.
„Она што е поважно од двете е дисциплината, одговорноста и грижата на секој од вас што мора да ја покажете за себе, за своите роднини, за својот народ! Затоа, ве молиме ограничете ги вашите движења во максимум, изолирајте се, тоа е единствениот начин за борба против ширењето на вирусот и болеста што ја предизвикува кај луѓето.Непочитувањето на препораките дадени досега од СЗО и владата доведоа до ситуација за прогласување вонредна состојба.
Граѓаните на Северна Македонија со право ја сфатија вонредната состојба како нешто против нивната слобода, но ситуацијата креирана од пандемијата не остава друга опција.
Алијанса за Албанците ја поддржува идејата за прогласување вонредна состојба, но во исто време апелираме до претседателот на државата во рамките на кризниот штаб да обезбеди механизам за контрола од страна на опозицијата, а особено од албанската опозиција. Сега кога Собранието на Северна Македонија е распуштено се појавува потреба од тој механизам за контрола од страна на опозицијата во кризниот штаб, сето ова, со цел за да не се злоупотреби вонредната состојба како и да се зголеми кредибилитетот на овој штаб за сите граѓани без оглед на етничката припадност“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

