Македонија
„Амбасадори на бугарските интереси и пари во Македонија се СДС и Венко Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Структури на СДС поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има за цел негирање се што е македонско. Или едноставно, амбасадорот на бугарските интереси и пари во Македонија е СДС, и Венко Филипче. Јасно е дека на официјална Софија и смета се што застанува во заштита на македонските вредности и државните интереси во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Јасно е зошто се нападите врз ВМРО-ДПМНЕ, и пред се, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, бидејќи тој е предводник на политиката за заштита на интересите на Македонија и секој еден граѓанин.
Но, тешко е да се поверува што структури од опозициската СДС поддржуваат ваква антимакедонска пропаганда од Бугарија.
Воедно срамно е однесувањето на овие структури од СДС кои ги поддржуваат ваквите активности од Бугарија, а притоа имаат една и единствена цел заштита на лични бизнис интереси.
Бугарите со пропагандата имаат јасна цел и за истата во игра се многу пари, но срамно е однесувањето на структурите во СДС предводени од Венко Филипче што се вклучуваат во ова.
Јасно укажуваме, секој еден граѓанин ги има прочитано внатрешните структури кои се вклучуваат во ваква антимакедонска пропаганда. Секој еден граѓанин знае кој се грижи за нивниот интерес и интересите на Македонија. СДС очигледно нема намера да се вклучи во заштита на интересите на Македонија, туку ги распродава истите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

