Македонија
Американската амбасадорка: Сега е време Северна Македонија да ја покаже заложбата за владеење на правото
Сега е време Северна Македонија да ја покаже заложбата за придржување кон владеењето на правото. Ова го порача американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс, која на „Твитер“ ја сподели вчерашната објава на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“.
„Како што кажавме претходно, ова се сериозни обвиненија што налагаат сериозен одговор кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да ја покаже заложбата за придржување кон владеењето на правото“, напиша Бернс на Твитер.
As we have said previously, these are serious charges that require a serious response that is thorough, transparent & timely. Now is the time for North Macedonia to demonstrate commitment to adherence to the rule of law. https://t.co/vnlQHm8Gzn
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) August 12, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

