Македонија
Ангелов: За жал пожарот на Серта повторно гори, гасењето го помагаа 103 војници, 30 полицајци, хеликоптери и ер-трактори, ќе се гаси и утре
Пожарот на планината Серта кој има три крака, сè уште е активен. Гасењето ќе продолжи сè додека е видливо, а утре повторно ќе се гаси со хеликоптери и ер-трактори. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека ветрот и високите температури го отежнуваат гасењето.
„Пожарот кој што веќе неколку дена беснее на планината Серта продолжува и понатаму да гори. За жал не успеваме да воспоставиме контрола врз истиот бидејќи теренот е исклучително лош. Има многу трње, грмушки, теренот е многу густ, пресечен со долови. Високата температура и ветрот кој што го менува правецот дополнително го отежнуваат гаснењето“, рече попладнево директорот Ангелов.
Денес пожарот на планината Серта од раните утрински часови се гасеше со еден полициски хеликоптер, два армиски, а подоцна и со два ет-трактори од Дирекцијата за спасување.
„За жал, огнот повторно гори. Војската е активна на терен. 103 војника активно учествуваат во гаснењето на пожарот како и 30 припадници на МВР кои што даваат голем придонес и помагаат на локалните територијални противпожарни сили од Неготино и Кавадарци на кои, исто така, и помагаат доброволци од локалното население. Контролата врз овој пожар нема да биде воспоставена денес. Гаснењето ќе продолжи и до крајот на денов, се додека има видливост, а рано наутро ќе гасиме со хеликоптери и со ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување“, вели директорот Ангелов.
Попладнево тој потсети дека на сила се мерките за кризна состојба за пожарите на целата територија на државата, прогласена на негова иницијатива.
СДСМ,пак, попладнево критикуваше дека кризната состојба е прогласена доцна, а поради слабата координација и немарноста изгореле 1000 хектари зеленило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

