Македонија
Андоновски: Оставка за оние што гарантираа датум за преговори, а донесоа национален срам
Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест пред Министерство за надворешни работи со мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ рече дека никогаш не ни помислувал дека некогаш ќе се протестира за заштита на изграден идентитет, кој е пренесуван со децении.
„Дали постои друга земја за Македонецот, освен Македонија? Дали постои друг народ понесреќен, потажен, пообесправен од македонскиот народ. Никогаш не помислував дека ќе треба да протестираме за еднаш даден и изграден идентитет пренесуван со децении, со генерации. За некои работи не се преговара, за јазикот не се преговара, за идентитетот не се преговара, за македонските јунаци не се преговара, за промена на учебниците не се преговара. Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големобугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македонија. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме“, истакна Андоновски.
Во своето обраќање претставникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.
„Владата на Зоран Заев влезе во една неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише сè што сме, да нè прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работи за кои не смеат да преговараат и затоа – доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите што ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зашто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота. Оставка затоа што му донесоа национален срам на македонскиот народ, а не ја донесоа ЕУ“, порача Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

