Македонија
Анкета на „Макфакс“: ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт за една година со Христијан Мицкоски
Во онлајн анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето: „Кога и како ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт?“, најголем дел од учесниците – 42,4 отсто одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт за една година со Христијан Мицкоски.
24,3 отсто одговориле „никогаш“, 18, 3 отсто одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт кога ќе се откажат од Никола Груевски и неговата екипа, 11 отсто одговориле кога Христијан Мицкоски нема да е претседател на партијата, а 4 отсто од учесниците во анкетата одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт за пет години.
На анкетата одговор дале 6. 490 читатели, од кои 82,3% од Македонија, од Германија 3,6%, од Швајцарија 1,6% и од Грција 1,3%.
Анкетата беше спроведена на 13 веб-страници. Стартуваше на 11 јули и траеше 24 часа.
Од анкетираните, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 25 до 34 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа вели дека со вчерашната изјава премиерот потврдил дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен.
„СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење? Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби? Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари? Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата? Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?“, праша Кузеска.
Ако Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи, додаде таа, го повикуваме директорот на АНБ, Бојан Христовски да го стори истото и да го стави државниот интерес пред интересот на партијата.
Македонија
Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, се огласи на социјалните мрежи откога ноќеска му беше запалено возилото.
„Да, моето возилото е целосно изгорено. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, ниту ми наштетил. Сум помагал и ќе помагам кому можам секогаш. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути и пламенот не ги зафати куќите.
Апелирам до министерот, како и до Министерство за внатрешни работи и до надлежните, најбргу што може да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје и во цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери наоколу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша тој.
Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.