Македонија
Анкета на „Макфакс“: КАМ е омилен маркет за пазарење
Маркетот „КАМ“ е омилен маркет за пазарење, покажа анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“. За него гласале 29,7% од испитаниците. На второ место е „Стокомак“ со 17,3%, а на трето место е „ВЕРО“ со 14,5%, а веднаш по него „Тинекс“ со 11,4%. За останатите маркети гласале под 10%.

На испитаниците им беа понудени осум маркети и опцијата „друго“. 74,3% гласале преку мобилен телефон, а 25,7% од компјутер. Најмногу испитаници (37,9%) се од возрасната граница меѓу 35 и 44 години. Од испитаниците 64% се мажи, а 36% жени.

Вкупно гласале 3.931 испитаник на 17 веб-страници, а анкетата беше отворена 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

