Македонија
Анкета на „Стратум R&D“ за изборите: Подобра иднина ќе има со СДСМ на власт
Медиумската групацијата „Клип медија“, во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“, спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните.
Целта беше да се идентификуваат клучните ставови на граѓаните за политиките, за иднината, но и за најактуелните политичари на нашата политичка сцена.
Истражувањето е спроведено преку телефонски интревјуа на 900 испитаници од целата територија на државата.
Попозитивна проекција за иднината на граѓаните е доколку СДСМ остане на власт
Во однос на сите прашања видлива е поларизација кај гласачкото тело меѓу двете најголеми политички партии, има одредена разочараност кај неопределните граѓани, највидлива во делот на правосудството.
Во согласност со резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31,4 отсто од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, а 24,9 отсто сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.
Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, 37 отсто се плашат дека состојбата ќе се влоши, а истото тоа за СДСМ го мислат 34,2 отсто.
Ако остане ДУИ на власт, дури половина од гласачите очекуваат влошување на состојбата.
Граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12 април
Ставовите кон лидерите на двете најголеми политички партии одат во прилог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најголем број, 43 отсто од испитаниците, сметаат дека тој заслужува целосно или делумно да биде премиер на РСМ.
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, 31 отсто од граѓаните сметаат дека тој заслужува целосно или делумно да биде премиер на РСМ.
Очекувањата на граѓаните, според ова истражување, е дека Зоран Заев ќе биде следниот премиер по изборите на 12 април.

На прашањето „Кој ќе биде следниот премиер“, 37 отсто од граѓаните сметаат дека тоа ќе биде Зоран Заев, а 25 отсто дека тоа ќе биде Христијан Мицкоски.

Која партија заслужува да биде владејачка е прашањето на кое граѓаните сметаат дека СДСМ е партијата што заслужува да формира влада по изборите со 44 отсто, потоа 34 отсто сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и 17 отсто дека тоа треба да биде ДУИ.
Најголеми проблеми на кои треба да се фокусира владата се економијата, борбата против криминалот и корупцијата, реформите во правосудството и покачувањето на платите.
Подобрување на економијата
Борба против криминалот и корупцијата
Реформи за правично судство
Покачување на платите
Актуелни теми:
Од актуелните теми, најголем процент од граѓаните, 47 отсто, сметаат дека носењето на законот за Јавното обвинителство е чекор напред во борбата против криминалот и корупцијата наспроти 37 отсто, кои сметаат дека не е.
Законот за ЈО се оценува како неопходен за зголемување на ефикасноста во борбата против криминалот и корупцијата и најсилен мотив за донесување на овој закон е добивањето датум за преговори со ЕУ.

Евалуација на политиките на политичките партии:

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

